Лекари едно прашање за вас. Колку е сериозно млад човек да има повремено крвен притисок 130/80. Упатен сум доволно во медицината но ме интересира вешто мислење.
Имав доста стресен период пред неколку месеци и по кратко време тоа се одрази на крвниот притисок. Секојдневно знаеше да ми биде 130,140 со 80 и бев внатрешно вознемирен. Избегнувам медикаменти исклучиво пиев и пијам повремено чај од валеријана и Персен апчина што се на основа на корен од валеријана и се билни лекови.
Повремено сум под стрес пак и изгледа дека веднаш ми се одразува врз притисокот, колку е сериозно да се има повремено горен притисок од 130?
Инаку крвната слика ми е добра, немам покачувања на масти, ХДЛ и слично.
Мислам дека ништо сериозно не е ова...Значи 130 за систолен притисок нема потреба од паника...Гледај над 140 да не ти се качува..Ако си толку загрижен па - пробај неколку пати дневно да го мериш притисокот и запишувај ги вредностите на ливче и така неколку дена (ова интернист го има барано од пациенти) и потоа ако гледаш дека варираат вредностите оди на интернист најубаво...
