Јас изгледа сум дежурен доктор вечерва...
Значи вака сега..Имам за почеток три прашања за тебе;
1. Докторот ли ти кажа дека ти е вирус тоа?
2.Имаш ли гној на грлото?
3. Ако одговорот на првото прашање е ДА, тогаш кажи го тој феноменален доктор што препишува антибиотици за вирусни инфекции?
Со антибиотици се лечи искучиво бактериска инфекција (пример гнојна ангина, уринарни инфекции, вагинални итн...) , а вирусната инфекција ќе чекаш сама да си помине, но при тоа можеш да го убрзаш тоа на два начина: прво со јакнење на имунитетот (земај витамини што повеќе, пиј цедени сокови насабајле, земај Ц витамин со продолжено ослободување...) Имуностимулатори е исто така добро да се земаат, но тие даваат ефект малку подоцна (новите на база на чист бета глукан ти се добри) и второ гледај да си ги олесниш симптомите што моментално ги имаш- Кафетин Колд ти е доста добар, за грлото земи Трахисан или Септолете Плус спреј, нос ако ти тече - Оперил за возрасни или Септоаква спрејот ти е добар со морска вода...И повеќе течности гледај и тоа е тоа...