Апаратот е гласен, ама не е ништо страшно, звучи како dubstep музика.
Си има апаратот светло, тоа е како една голема цевка и ти легнуваш на „креветчето“ кое се вовлекува во цевката. Снимањето трае околу петнаесетина минути и мора да седиш многу мирна за снимката да биде чиста. Не сфаќам што би побарала да гледаш внатре? Мора да лежиш целосно мирна, со рацете до телото, еве на
сликава види во која позиција.
За контрастот што го спомна во претходното мислење, секако дека ќе ти кажат ако треба - тој се става преку венска инекција.
Мене лично не ми беше воопшто страшно, само ми беше досадно бидејќи два пати ме снимаа (првиот пат нешто не им искочи како што треба), па си ја искористив таа прилика за длабоки мисли околу тоа зошто е Skrillex толку популарен кога една машина за магнетна има подобар ритам од неговите песни