Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Овие 2-3 дена ми се јавија проблеми со очите. Незнам дали е некоја алергија или пак преоптеретеност. Ме чешаат, ме глогаат и ми солзат многу. Посебно кога излезам надвор ептен ми солзат исто како да плачам и тоа саглам плачење. Еве пред малку пробав, ставив облога од чај од камилица, ми кажаа дека смирувало па ќе видам ако не минува ќе одам на лекар.Можеби има некој со слично искуство, нека каже некој совет.
 
Decki 5-6 dena od levava nozra na nosov mi tecit krv od nigde nikade, po nekogs i od drugava po nekolku pati vo den
mojt da e nesto strasno ili...od soncevo e ?

Пробај прво со витамин Ц (500 мг) по една таблета дневно, ако и понатаму тече, направи крвна слика, можно е да имаш висок хемоглобин.
 
Пред пола саат гтнав сапуница од шампон..и имам страшна мачнина на стомаков...чаре некое?
 
Оди во аптека и прашај, нешто од магнезиум ќе ти дадат не е многу скапо ќе те протера и ќе ти биде подобро. Ама побрзај.
 
Овие 2-3 дена ми се јавија проблеми со очите. Незнам дали е некоја алергија или пак преоптеретеност. Ме чешаат, ме глогаат и ми солзат многу. Посебно кога излезам надвор ептен ми солзат исто како да плачам и тоа саглам плачење. Еве пред малку пробав, ставив облога од чај од камилица, ми кажаа дека смирувало па ќе видам ако не минува ќе одам на лекар.Можеби има некој со слично искуство, нека каже некој совет.

Почитувана nelicka...

Во твојов случај доколку сета таа симптоматологија е проследена со кивавица (не кашлица!) доколку престојуваш надвор, тогаш во 99% состојбата е алергиска...

Најдобар третман е отстранување на алергените, т.е. неизложување на истите! Пробај барем додека цветаат липите и цветовите па и се коси тревата да не бидеш во близина....

Како симптоматска терапија најчесто во твојов се користат таблетки Лоратадин (не предизвикува сонливост), цетиризин (Летизен - комерцијално име)...

Препаратите на база на ефедрин како што се РинаСтоп, не се препорачуваат да се користат, бидејќи предизвикуваат сувост на носната лигавица (слузница), состојба која може да потрае подолго време, а исто така и не се препорачува негова подолготрајна употреба заради бројните нус-ефекти (негативни ефекти) по здравјето, пред се кардиоваскуларни, дерматолошки, респираторни, гастроинтестинални, невролошки негативни ефекти, итн...

Поздрав!
--- надополнето: Jun 4, 2011 8:51 AM ---
Пред пола саат гтнав сапуница од шампон..и имам страшна мачнина на стомаков...чаре некое?

Ништо страшно! Претпоставувам ништо не Ви се случило од вчера до денес :)
Конзумирај малку повеќе вода денес (едно 2 литра, бистри сокови, вода и чаеви - брусница, увин чај) и не би требало да има никаков проблем!

Поздрав и секое добро![/quote]
 
Конзумирај малку повеќе вода денес (едно 2 литра, бистри сокови, вода и чаеви - брусница, увин чај)
каква е поврзаноста на увиниот чај и сапуницата/детергентот?
 
Што значи секундарна цироза на црн дроб (не знам точно % на оштетување) и дали и колку е опасна? Дали може да се доживее старост (прогнозата можда е индивидуална, но од некој од сопствени искуства) со неа при соодветна терапија, диета и да кажеме со уште одредени проблеми (повремени затнувања ради фиброза или ради затнување на едната артерија која доаѓа до црниот дроб, никој не е сигурен за причината) со жолчните канали?
И ме интересира дали може да се регенерира тоа ткиво на црниот дроб (% колку нормално да функционира телото) и дали може фиброзата на жолчните канали со тек на време да попушти односно да се створи повторно нормален тек на жолчката?
 
Каде пишуе во книшкава да видам која крвна група сум?
 
Каде пишуе во книшкава да видам која крвна група сум?

Не пишува на книшките, треба на трансфузиологија да одиш да ти испитаат или од некоја од приватниве лаборатории.
 
веќе може десетина дена ме боли главата константно, не ме боли како силна јака болка во одреден дел туку како тапа болка, како притисок, од страната кај ушите, како нон стоп да сум под голем притисок. Многу иритирачко чувство. Некогаш престанува, некогаш е поблага некогаш ептен не се трпи. И да се напијам кафетин или аналгин пак не го отстранува целосно чувството.

Прво мислев дека почна со ушите како да ме болат отидов на ушно ми рекоа дека во ред ми се, не биле воспалени, после тоа докторката ми рече синуси дали сум имал, да имам проверив денес крв се е океј. Измерив притисок и тоа е океј..
И сеуште главата ме боли.. дека бев кај друга докторка мојата беше на одмор утре ќе одам кај мојата да видам што ќе рече за понатаму.

Ако некој имал сличен проблем или знае што е нека сподели.
Инаку периодов имав нонстоп учење (сесија, колоквиумска) ама веќе 2 дена завршив а сеуште ми трае напнатоста у главата/ болкава .. значи ако е од тоа мислам дека не е ..
 
Ej luge mi treba itna sovet ... devojkami e mn uplasena vcera pri odnos na nogata osetiv nesto kako mi kapna ... koa pipnav vidov deka toa e vo vid na menstruacija taka ko slajm vo krv no ne i e periodot poso i e 22ri den... posle bese cela vo paniki i neznaevme sto da praime i neznaeme sto i e. imal li nekoj vakvo iskustvo ili da mi kaze sto treba da prevzemam ?fala
 
Вака...Имам големи болки во грлото и малку покачена температура.Земам септолете и витамини,ама болкиве никако да се намалат,не ми се оди на доктор зошто знам дека ќе ми лупнат тешки антибиотици.Ај совет некој ако може како да ги намалам болкиве во грлово.
 
Земи од аптека раствор за гаргара Хексорал, стави голема супена лажица сода бикарбона во шишенцето, промучкај го добро и прави гаргара со тоа на секои два саата. Би требало брзо да ја смири инфекцијата. Сепак, ако ти се загноени крајниците (убаво погледни си го грлото во огледало под добро светло) најдобро е да одиш на доктор.
 
Ej luge mi treba itna sovet ... devojkami e mn uplasena vcera pri odnos na nogata osetiv nesto kako mi kapna ... koa pipnav vidov deka toa e vo vid na menstruacija taka ko slajm vo krv no ne i e periodot poso i e 22ri den... posle bese cela vo paniki i neznaevme sto da praime i neznaeme sto i e. imal li nekoj vakvo iskustvo ili da mi kaze sto treba da prevzemam ?fala

Извини но која поза сте правеле па да ти капне на нога?
Си помислил дека можеби си ја повредил со пенетрирањето?
Али ај нека каже некоја девојка одговор на ова.
 
веќе може десетина дена ме боли главата константно, не ме боли како силна јака болка во одреден дел туку како тапа болка, како притисок, од страната кај ушите, како нон стоп да сум под голем притисок. Многу иритирачко чувство. Некогаш престанува, некогаш е поблага некогаш ептен не се трпи. И да се напијам кафетин или аналгин пак не го отстранува целосно чувството.

Прво мислев дека почна со ушите како да ме болат отидов на ушно ми рекоа дека во ред ми се, не биле воспалени, после тоа докторката ми рече синуси дали сум имал, да имам проверив денес крв се е океј. Измерив притисок и тоа е океј..
И сеуште главата ме боли.. дека бев кај друга докторка мојата беше на одмор утре ќе одам кај мојата да видам што ќе рече за понатаму.

Ако некој имал сличен проблем или знае што е нека сподели.
Инаку периодов имав нонстоп учење (сесија, колоквиумска) ама веќе 2 дена завршив а сеуште ми трае напнатоста у главата/ болкава .. значи ако е од тоа мислам дека не е ..
неможе со сигурност вака да се каже почекај ден два не кревај паника, паниката дополнително ќе ти ја искомплицира работата доколку симптомите не поминуваат тогаш побарај упат за на специјалист, доколку тој оцени дека има потреба ќе ти предложи компјутерска томографија...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom