веќе може десетина дена ме боли главата константно, не ме боли како силна јака болка во одреден дел туку како тапа болка, како притисок, од страната кај ушите, како нон стоп да сум под голем притисок. Многу иритирачко чувство. Некогаш престанува, некогаш е поблага некогаш ептен не се трпи. И да се напијам кафетин или аналгин пак не го отстранува целосно чувството.
Прво мислев дека почна со ушите како да ме болат отидов на ушно ми рекоа дека во ред ми се, не биле воспалени, после тоа докторката ми рече синуси дали сум имал, да имам проверив денес крв се е океј. Измерив притисок и тоа е океј..
И сеуште главата ме боли.. дека бев кај друга докторка мојата беше на одмор утре ќе одам кај мојата да видам што ќе рече за понатаму.
Ако некој имал сличен проблем или знае што е нека сподели.
Инаку периодов имав нонстоп учење (сесија, колоквиумска) ама веќе 2 дена завршив а сеуште ми трае напнатоста у главата/ болкава .. значи ако е од тоа мислам дека не е ..