Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Што значи секундарна цироза на црн дроб (не знам точно % на оштетување) и дали и колку е опасна? Дали може да се доживее старост (прогнозата можда е индивидуална, но од некој од сопствени искуства) со неа при соодветна терапија, диета и да кажеме со уште одредени проблеми (повремени затнувања ради фиброза или ради затнување на едната артерија која доаѓа до црниот дроб, никој не е сигурен за причината) со жолчните канали?
И ме интересира дали може да се регенерира тоа ткиво на црниот дроб (% колку нормално да функционира телото) и дали може фиброзата на жолчните канали со тек на време да попушти односно да се створи повторно нормален тек на жолчката?
зависи од што настанала таа цироза, инаку да, се регенерира црниот дроб, т.е хепатоцитите но во овој случај пи цироза , настанува иревезибилно оштетување на црниот дроб како краен стадиум после одредено оштетување било тоа да е од инфективна или неинфективна природа
--- надополнето: Sep 24, 2011 9:26 PM ---
Како и зошто мускулите на нозете ги фаќа грч? Поточно листовите... ?
видов ти пишале веќе за патогенезата на грчевите на мускилуте , само да дополнам дека со магнезиум би требало да исчезнат, во било која форма, ако сеуште имаш проблеми не би било лошо да направиш конторлно емг
 
Мора матичен млеч и олиговитамини и силимаринот кој е добар за црниот дроб и поттикнува регенерација заедно со матичниот млеч..
 
Бев на лекар сега за грлото и ми даде упат за во државна бриз да ми земат бидејки ова со грлото премногу често ми се случува.Иначе рече откако ке ми земат тоа да почнам да пијам лидаприм...
лидаприм за инфекција на грло, што бактерија ќе беше ова ?
 
Преку .!. ми е од синусиве ... секој 3 месец се воспалуваат , главава на 100ка рипа , дај ако некој знае дали aqua maris e добар за употреба ?
 
Преку .!. ми е од синусиве ... секој 3 месец се воспалуваат , главава на 100ка рипа , дај ако некој знае дали aqua maris e добар за употреба ?
само со аква марис не бркаш работа,потребен е веројатно и антибиотик, аналгетик и деконгестив, најдобро пости орл специјалист
 
само со аква марис не бркаш работа,потребен е веројатно и антибиотик, аналгетик и деконгестив, најдобро пости орл специјалист
Сеа користам цефалексин антибиотик оти предходно имав проблеми со крајниците нормално по препорака ... ама незнам дали би реагирал на синусите ?
 
Сеа користам цефалексин антибиотик оти предходно имав проблеми со крајниците нормално по препорака ... ама незнам дали би реагирал на синусите ?
да најчесто и тој анибиотик го даваат, кај тебе веќе се работи за хроничен синузитис, затоа посети специјалист
 
лидаприм за инфекција на грло, што бактерија ќе беше ова ?

Излезе дека немало никаква бактерија.Појма неам зошто ми го даде тоа да го пијам.Е сега незнам дали од тоа или од чаеви што си пиев ми помина ама битно помина :)
 
Долнава усна ми е ептен сува, пред една недела имав херпес и го мачкав со паста, од ко ми помина уснава долна ептен сува е....Никогаш не ми се десило вакво нешто, на некои места и ме боцка по малце кога зборувам.:(
 
Главоболка веке 5-6 дена по ред, кај десната слепоочница. Апчиња делумно помагаат, ,, да се консултирам со лекар или ке кажете некое чаре. :)
 
навлажни ја со нешто, било да е лабело или крема, зошто вака само рагади ќе ти с еправат и нема да можеш да ја отвориш убаво
--- надополнето: Sep 25, 2011 9:42 PM ---
Главоболка веке 5-6 дена по ред, кај десната слепоочница. Апчиња делумно помагаат, ,, да се консултирам со лекар или ке кажете некое чаре. :)
се сомневам дека ќе ти помогнат освен да ти дадат некој аналгетик
 
Што е нефротски синдром и дали може да се потекува од него, и што е причинител на тоа?
 
Што е нефротски синдром и дали може да се потекува од него, и што е причинител на тоа?
може всушност отоците се еден од главните клинишки знаци за нефротски синдром, се нарекува така зошто се состои од едеми, хиперлипидемија, хипоптотеинемија и протеинурија, сето ова настанува заради оштетување на бубрешната функција се губат протеини и водата излегува од крвните садови и прави отоци, најпросто кажано
 
ццц осум години има внукот... :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom