Овие 2-3 дена ми се јавија проблеми со очите. Незнам дали е некоја алергија или пак преоптеретеност. Ме чешаат, ме глогаат и ми солзат многу. Посебно кога излезам надвор ептен ми солзат исто како да плачам и тоа саглам плачење. Еве пред малку пробав, ставив облога од чај од камилица, ми кажаа дека смирувало па ќе видам ако не минува ќе одам на лекар.Можеби има некој со слично искуство, нека каже некој совет.
Почитувана nelicka...
Во твојов случај доколку сета таа симптоматологија е проследена со кивавица (не кашлица!) доколку престојуваш надвор, тогаш во 99% состојбата е
алергиска...
Најдобар третман е отстранување на алергените, т.е. неизложување на истите! Пробај барем додека цветаат липите и цветовите па и се коси тревата да не бидеш во близина....
Како симптоматска терапија најчесто во твојов се користат таблетки
Лоратадин (не предизвикува сонливост), цетиризин (
Летизен - комерцијално име)...
Препаратите на база на
ефедрин како што се
РинаСтоп, не се препорачуваат да се користат, бидејќи предизвикуваат сувост на носната лигавица (слузница), состојба која може да потрае подолго време, а исто така и не се препорачува негова подолготрајна употреба заради бројните
нус-ефекти (негативни ефекти) по здравјето, пред се
кардиоваскуларни, дерматолошки, респираторни, гастроинтестинални, невролошки негативни ефекти, итн...
Поздрав!
--- надополнето: Jun 4, 2011 8:51 AM ---
Пред пола саат гтнав сапуница од шампон..и имам страшна мачнина на стомаков...чаре некое?
Ништо страшно! Претпоставувам ништо не Ви се случило од вчера до денес
Конзумирај малку повеќе вода денес (едно 2 литра, бистри сокови, вода и чаеви - брусница, увин чај) и не би требало да има никаков проблем!
Поздрав и секое добро![/quote]