Девојки со тетоважи

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Важе бе мац.. Јас не пијам кафе, ама ајде чајче/ракија или млекце ако имаш од козичките...:)
Не е проблем бе. Ама ако го цицаш директива, нема кај мене искористување на животни за било што ;)
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 02:32 ---
Тоа што е 21-ви век не значи дека не постои лош вкус и помодарство во негативна смисла на зборот.
Лош вкус е индивидуална работа.
Како и се друго :)
 
Лош вкус е индивидуална работа.
Како и се друго :)
Да, да, за вкусови не се расправа, го научив тоа од дискусијата за Скопје 2014.
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 02:35 ---
БТВ, единствена тетоважа која донекаде изгледа респектабилно на женско (ако е добро направена) е т.н. “ракав“.
 
Тоа што е 21-ви век не значи дека не постои лош вкус и помодарство во негативна смисла на зборот.
Toa што е 21-ви век не значи дека треба да имаш стереотипи за тетовираните и да бидеш малку по либерален,а не затуцан со конзервативното,ти никаде не спомна лош вкус што е сасвим трета работа .
 
Не е проблем бе. Ама ако го цицаш директива, нема кај мене искористување на животни за било што ;)
Мац, јас сам сестран човек со ногу квалитети, та за едно цицајне ли е проблем.. Ама ако не ја музеш козичката може да добие гангрена на вимето.. ;)
 
Toa што е 21-ви век не значи дека треба да имаш стереотипи за тетовираните и да бидеш малку по либерален,а не затуцан со конзервативното,ти никаде не спомна лош вкус што е сасвим трета работа .
Какви стереотипи, јас кажувам на кого се тетоважите му личат - со оглед на начинот на живот и низ што се поминува човек од одредена вокација... барем во нашата култура. Се друго е фејкерај. Илити, со други зборови, тетоважата се заслужува на некој начин, за да биде “кул“ - инаку е “фејк“. На страна што во некои други (попримитивни) култури секој човек добива тетоважи (за чување од магии или што ти ја знам што).
 
Како бе тоа можеш да го кажеш бе жифти се,на кого му личеле,од кога начинот на живот стана предуслов тетовиран да бидеш,тоа едноставно е украс на телото ко менѓуши и ѓердани итн. нема тука фејк,кул...Срамота да му ебам мајката гарант постар си,образован да кажуваш вакви работи овде.
 
Мац, јас сам сестран човек со ногу квалитети, та за едно цицајне ли е проблем.. Ама ако не ја музеш козичката може да добие гангрена на вимето.. ;)
Ќе го средиме тоа со ветеринарот, ич гајле да немаш :) Здрава, права, среќна и неексплоатирана ќе биде! :)
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 03:03 ---
Какви стереотипи, јас кажувам на кого се тетоважите му личат - со оглед на начинот на живот и низ што се поминува човек од одредена вокација... барем во нашата култура. Се друго е фејкерај. Илити, со други зборови, тетоважата се заслужува на некој начин, за да биде “кул“ - инаку е “фејк“. На страна што во некои други (попримитивни) култури секој човек добива тетоважи (за чување од магии или што ти ја знам што).

Е со што на пример се заслужува тетоважа?
Искрено те прашувам.
 
Е ајде де со што,ова од него го имам само прочитано,тетоважа се заслужувала ко да е титула што ја доделува кралицата на Англија и пази уште вика ако не си кондураџија и аутомеханичар фејк си ако имаш тетоважа o_O,ај да кажеше на Фифти Цент да си му ја ископирал ама што има везе занимањето со тетоважите?
 
Све додека е оргинална и ти значи нешто(па додуша и не мора да ти значи нешто) е ОК !
Да не треба да го освојам монт еверест за да можам да се истетовирам.
 
Ќе го средиме тоа со ветеринарот, ич гајле да немаш :) Здрава, права, среќна и неексплоатирана ќе биде! :)
Значи ќе ја кастрираш а? Да не раѓа? Иначе на секои 3 месеца има да те оглуше од врекајне за прч... Плус вимето се активира после првата рожба.... па оди запри го после...

пс. Зашо момите стават трамп стамп?
 
Све додека е оргинална и ти значи нешто(па додуша и не мора да ти значи нешто) е ОК !
Да не треба да го освојам монт еверест за да можам да се истетовирам.
И да си стриктно нижа класа на народ.

Само за информација на темава, се знам со еден од овие Македонциве што работат во Гугл , што ги имаше по весници, човекот е B.Sc и има латинска изрека на грбот. Дека нели само пропалитети имаат тетоважи.

Оставете ги луѓето нека прават што си сакаат со телото.

П.С. немам тетоважа и не планирам да ставам но немам предрасуди.
 
Значи ќе ја кастрираш а? Да не раѓа? Иначе на секои 3 месеца има да те оглуше од врекајне за прч... Плус вимето се активира после првата рожба.... па оди запри го после...

пс. Зашо момите стават трамп стамп?

Да.

пс. не знам, веројатно им е убаво.
Јас по раце се шарам, сега за сега :)
 
Е со што на пример се заслужува тетоважа?
Искрено те прашувам.
Хм, комплицирано да се дефинира... но, да речеме вака - луѓе кои преживеале (или поминале низ) тешки ситуации - не нужно животозагрозувачки, но доживувања кои допринеле да имаат поглед на животот поинаков од оној кој го имаат мнозинството луѓе - во секој случај трауматични доживувања. На такви луѓе им “стои“ тетоважа. Се друго е фејкерај.
 
Јас на пример имам истетовирано кучешка шепа, а внатре е првата буква од името на моето куче.
Ја направив зашто тоа куче ми го подобри животот многу, во тешки времиња ме натера да се смеам, и научив многу работи покрај него (на пример што е тоа грижа, што е тоа одговорност, што е тоа посветеност).
Ја направив зашто ако оди се по природен редослед, тој ќе умре пред мене. А јас не знам поинаку да живеам. Можеби сакав да се оддолжам само на услугата која без да знае ми ја направи.

Дали е тетоважата фејк?
 
Само за информација на темава, се знам со еден од овие Македонциве што работат во Гугл , што ги имаше по весници, човекот е B.Sc и има латинска изрека на грбот. Дека нели само пропалитети имаат тетоважи.
Кој кажа дека само пропалитети имаат тетоважи? А, за Гуглерот... циникот во мене не ми дава да му дадам “респект“ за тетоважата - сепак, не е тоа тоа. Но, ете, не го познавам човекот, па ќе оставам мала резерва.

И кој им брани на луѓето да прават што сакаат со своето тело? И кој мене ќе ми забрани да кажам дали е тоа со добар или лош вкус? Се е подложно на критика.
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 03:24 ---
Јас на пример имам истетовирано кучешка шепа, а внатре е првата буква од името на моето куче.
Ја направив зашто тоа куче ми го подобри животот многу, во тешки времиња ме натера да се смеам, и научив многу работи покрај него (на пример што е тоа грижа, што е тоа одговорност, што е тоа посветеност).
Ја направив зашто ако оди се по природен редослед, тој ќе умре пред мене. А јас не знам поинаку да живеам. Можеби сакав да се оддолжам само на услугата која без да знае ми ја направи.

Дали е тетоважата фејк?
Не, во ред е, мада на граница.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom