Девојки што пцујат, се дерат и пушат

  • Креатор на темата Креатор на темата Антоние
  • Време на започнување Време на започнување
Jaс колку што сватив не се мисли на пцовки кога ти дошло да пцуеш кога си нервозен туку кога секој втор збор е пцовка, и да имаше во средно такви девојки кои се обраќаат и на машко и на женско со пеер, пеерче и кои баш секој збор им е пцуење зш мислеа и се фураа дека е фраерски да пцуеш, е тоа нафурано пцуење и издеравање ме нервираше, а пиењето пиво, пушење цигари и такви ствари мене ми се секси :D

PS: Во филмот Blow Johnny Depp ќе каже дека идеална жена е таа која знае да се забавува како машко а да љуби како жена, се согласувам со него :vozbud:
 
најодвратни ми се девојки кои се расправаат (се дерат и пцујат и колнат) со вратарите да ги пуштат внатре. Ми се иде ја ќотек да и удрам и за уво до дома да ја одвлечкам и на нејзините родители да им кажам да ја васпитаат.
И ме нервират девојки кои се препуцаваат за фудбал. Многу. Како прво ме нервираат машките што се препуцаваат за фудбал у мое присуство, а камоли па женски. Колку мислат дека се откачени и кул, а да можат да видат преко мои очи колку се само мижави.
 
Ах колку само се изнасмеав, девојќи што пцујат, се дерат и ПУШАТ на што се мислеше ова со пушењево тутун или ? :icon_lol:

Има и такви поише што се однесуваат како машки него ко женски немора да е у крајност, но преовладува најчесто кај девојчиња кои претежно се израснати во машко друштво или со доста строг „тренинг“ татко, имав ја у основно другарка Кате се викаше, никој не смееше да ме пипне покрај неа сите бегаа од неа, несамо што пцуеше туку каков ќутек даваше, па и мушките се оддалечуваа, тоа ти е у задњи момент фетус коа место да биде машко искача женско :), е сега какви се во врска тоа незнам ваљда ако се најде некој по маж па да ги скроти може и да биде нешто, инаку нема да се прави разлика кој е машкото у врската :)

ПС Леандра ти слободно пуши си остај они што зборат :)
 
се капет само в недела , мирисет на мишка , мрсна коса , нокти како цел ден в бавча да копала , под мишка се црни ..... скарани се со депилатор појќе бркој од мене имет некој .... ги има бајги ама никој не ги дружи
 
Ооооо госпоџици префинети - леле салатчево има 1,000003 масленост, не можам да јадам јас тоа, треба да има 1.000002. Или: леле не можам јас да трпам ова овде, таписериите не се слагаат со боите на моите чевлички.
Значи префинетост а поготово лажна ме вади од кожа.
Цура според мене треба ок, да има бонтон, да не изиграва ко испотен навијач на Манчестер усред 40 степени у некој енглески паб. Ама ни под разно не поднесувам лажна префинетост и „припаѓање“ во несвест поради банални ствари.
На крај краева ако пцуе и пуши (цигари нели) е далеку подобра цура.
 
Изгледа и ние форумски мажи не заостануваме многу зад форумскиве жени, и ние слично како и жениве на форумов кој кажуваат дека сакаат мажи кој слушаат џез, пишуваат поезија, внимателни се, духовити, имаат бон тон како батлерот од Принцот на Велс, плус два златни ретривери додека во реалност ќе се закачат со некој сељак кој слуша Цеца, секој ден е во кладилница, пцуе, му зема пари на заем итн, итн.

Така и ние мажиштава на форумов викаме дека сакаме нежна, фина, педантна, а реално има некоја ровја да ни ја вади душата.

Поштедете ме од коментари како зборувај си за себе оти само генерализирам. :D
 
Лично немам нешто против женски да пцујат,пушат,пијат и да играат игрици.Нормално секој со своето кога некој сака да се "издува".


Оф топик:Обавезно за гледање.
 
Пак ли жалопојки за дел од женскиот род :icon_lol:?

Секоја женска знае да си опцуе и да се напие а пушат скоро сите и што е тоа толку за жалење :icon_lol: ?

Ама фино е да се мрчка за поубавиот пол така станува животот полесен :icon_lol:.
 
Ах колку само се изнасмеав, девојќи што пцујат, се дерат и ПУШАТ на што се мислеше ова со пушењево тутун или ? :icon_lol:
На тутун се мисли ,да беше критериум друго пушење е тогаш сите коментари ќе беа.Па таа е срцка,сонце,сонценце најдобра риба во маало,поим за жена која го разбира мажот.Абе ајде претерувате со постовиве ова ќе искочи кај нас жената дека и улична банда води.Едно прашање кога последен пат ги видовите таквите "лоши" девојки ???? Да не беше можеби во средно.Пак ќе си кажам како и претходниот пост кога некој ќе го премине прагот на толеранција и се пцуе и се дере сосема нормално е тоа.
 
Женски што пцујат и се дерат... Во мое време го немаше тоа. Ах, што им направи стаклар на новиве генерации...

А ова со пушењево нема никаква врска. Секој, без разлика дали е машко или женско, има право на избор, дали да пуши или да не пуши цигари. Муабетов испаѓа дека сите мажи мораат да пушат, а жените не смеат. Значи сега јас сум педерче пошто не пушам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom