Девојка ми сака да го абортира бебето

  • Креатор на темата Креатор на темата Shizik
  • Време на започнување Време на започнување
Ова за тебе е веродостоен материјал од кој ги вадиш твоите заклучоци дека јас грешам а ти имаш право.?

Не, јас не велам дека јас имам право, јас велам дека ти грешиш, а дека јас имам право велат следниве:
  • „Речник на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Том 1-3, Детска радост, 1994
  • „Толковен речник на македонскиот јазик“, Том 1-4, издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2003-2009
  • „Граматика на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Детска радост, 1999
  • „Правописен речник на македонскиот литературен јазик“ од Кирил Конески, Просветно дело, 1999
А тоа го тврдат со слениве два наоди:

билион

мн. билиони, из. мн. билиона
Вид збор: Именка, машки род

1. Број што изразува вредност од милион милиони.

Англиски: trillion
Примери:
Билион денари.
Вид: број (м.)

билијарда

мн. билијарди
Вид збор: Именка, женски род

Број што изразува вредност од илјада билиони.

Англиски: quadrillion
Вид: број (м.)
За повеќе види тука: http://www.makedonski.info/letter/б/бие/билјарство

А ако и со тоа не се сложуваш расправај се со Блаже Конески, немој со мене.
 
Еве претпостави дека е обратно, сега се сложува а потоа се предомислува и сака да го родиш, понатака е исто како она што си го цитирала, што тогаш.???
Размисли и пиши

Ама нема што јас да размислувам на оваа тема, туку еве да ти одговорам(иако не постои случај во кој мажот доброволно се нафаќа сам да гледа дете ама ај)...мене сега да ми се случи несакана бременост јас ќе го родам тоа дете и ќе го израснам зошто сум доволно возрасна и психички спремна за гледање деца. Да ми се случеше тоа на 18,19,20 ќе абортирав без размислување.
 
Обожавам како одредени луѓе самите си одредуваат како и кога би се решиле за брак доколку својата сакана остане трудна, види види, све јаки карактери и доволно силни доминантни (посебно за машките важи) во врската за да одлучуваат, и да ја завршат истата само заради тоа што не се спремни за брак?! lol! нели до сега начувите дека тоа не е нешто што така лесно се контролира? па ако си силно заљубен (занесен) можеш и на 17 години да одгледуваш дете! да тоа љубовта го прави, (или во повеќето случаи "сексуалениот занес") ако во некои понеразвиени земји од нас т.е. со застатрени културни сфаќања се зимаат помлади, незначи дека и ние иако генерално сме ние татини и мамини мази..не сме способни за истото.

Се додека силно не се заљубиш неможеш да правиш дефиници или да си создаваш предуслови за креирање на семејство, кога тоа ќе се случи.....играат многу работи улога...сум гледал такви бракови неретко, е сега како тие бракови подоцна се развиваат и дали се соодветни тоа е друга тематика, овде не сме за анализа на истите од поглед на успех во идното развивањето на тоа семејство, и дали се правилни...него сакам да доловам дека не е така лесно да се прават такви одлуки, и да се мавате во гради дека вие одма би се откажале од таков несакан брак/оформување на семејство, get real.
 
не знам кој го измислил,ама сигурно се луѓе без чуства и без осет за животот......инаку чисто да те информирам за нашите прабаби и прадедовци дека правеле повеќе деца за да има кој да работи и да опстојува имотот и фамилијата,абортус не доаѓало во предвид

А дека доаѓал во предвид абортусот, ти кажува фактот што раѓале до 15 деца, а реално зачнувале многу повеќе.
Или пак, се случувало, кај малце позабеганите, да си ги убиваат - или едноставно оставаат на милост и немилост новороденчињата.
Не ти е познат ,,адетот,, - бебето кога ќе се роди, 3 дена не се дои, ако преживее, го чуваат, ако не - никому ништо?!
Тоа постоеше и до пред неколку децении во некои рурални места.
Не замислувај дека ние сме го измислиле абортусот, или пак, дека треба да бидеш бесчувствителен да го направиш.
Едноставно - грешиш.
Јас сакам деца, сакам еден ден да ги имам, ама денес не би родила по ниту една цена.
--- надополнето: Nov 7, 2011 3:59 PM ---
Во македонскиот јазик нема билиони и катаљони, туку милијарди, милиони, илјади, стотки итд .
Пробуваш да не убедиш дека си паметна а не го знаеш основното, ова се учи во прво одделение а не на 20+ години.

Гледам дека си го прочитал само она што те интересира и си го сватил она штосакаш да го сватиш а не она што авторот го мислел.
НЕ Димитри, нема да го чува детето и да оди на нива, не беше тоа муабетот, другпат читај ги сите постови и пробај да ги сватиш, пробај да сватиш што за што е муабетот и што сакал авторот да каже со сето тоа, она работи на нива но е бремена со некој кој нема ниви и има далеку подобар живот од нејзиниот, тој дознава дека таа носи негово дете и затоа и понудува брак, она знае дека ако прифати ќе треба да го одгледува детето и дека пред да наполни 30 ќе има сигурно две или три деца но знае дека ако прифати ќе живее подобро одколку дотогаш и ќе гледа на светот со други очи, и затоа прифаќа.

А и не мора да работ на нива, не си прошетал низ скопјево да видиш какви фамилии има, има семејства кои имаат 3 деца а мајката и таткото едвај двајцата заработуваат десет илјади месечно кое што воопшто не е доволно за прехранување, одгледување и школување, па нивните ќерки се мажат на млади години, не зашто сакаат да имаат деца на 18 год туку зашто едвај чекаат да го напуштат мизерниот живот, така да другпат согледај ја реалноста па после изјасни се а не се изјаснувај со пренесување на она кое што си го слушнал од другите .

Професоре по македонски јазик, кога веќе ги поправате моите грешки, поправете ги и вашите.... на пример, Скопје се пишува со голема буква, тоа се учи секако во прво одделение.

За болдот - тоа се најпогрешните причини за раѓање дете, и да, тие што живеат мизерно треба да најдат начин да заработат а не да се размножуваат.

Ниту еден валиден аргумент не даде до сега.
 
Жената не е машина за приплод, самиот факт дека има контрола врз сопственото тело и живот и го дава правото на абортус, but then again, јас не можам да разберам и оправдам жена која што би се одлучила на таков чекор само затоа што не е и одговара времето, не го планирала, она ете сака деца ама прво сака да си ги среди работите.
Треба да си крајно нечувствителен за да абортираш дете, не, не е зборот рационален.
 
Не, јас не велам дека јас имам право, јас велам дека ти грешиш, а дека јас имам право велат следниве:
  • „Речник на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Том 1-3, Детска радост, 1994
  • „Толковен речник на македонскиот јазик“, Том 1-4, издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2003-2009
  • „Граматика на македонскиот јазик“ од Блаже Конески, Детска радост, 1999
  • „Правописен речник на македонскиот литературен јазик“ од Кирил Конески, Просветно дело, 1999
А тоа го тврдат со слениве два наоди:

билион

мн. билиони, из. мн. билиона
Вид збор: Именка, машки род

1. Број што изразува вредност од милион милиони.

Англиски: trillion
Примери:
Билион денари.
Вид: број (м.)

билијарда

мн. билијарди
Вид збор: Именка, женски род

Број што изразува вредност од илјада билиони.

Англиски: quadrillion
Вид: број (м.)
За повеќе види тука: http://www.makedonski.info/letter/б/бие/билјарство

А ако и со тоа не се сложуваш расправај се со Блаже Конески, немој со мене.
Aиии, ти да се расправаш со блаже конески, мртов е тој бре налед да е.

Ама нема што јас да размислувам на оваа тема, туку еве да ти одговорам(иако не постои случај во кој мажот доброволно се нафаќа сам да гледа дете ама ај)...мене сега да ми се случи несакана бременост јас ќе го родам тоа дете и ќе го израснам зошто сум доволно возрасна и психички спремна за гледање деца. Да ми се случеше тоа на 18,19,20 ќе абортирав без размислување.

Од пред ден два :

Епа гледаш, секој има различна приказна и затоа секој треба да има свој избор, кој сака ќе роди, кој сака ќе абортира и така...секој со своето :)

До пред два дена беше милион посто сигурна дека сакаш да го абортираш а сега ме убедуваш дека ќе го родиш, како, кога и самата незнаеш дали сакаш деца или не.???

А дека доаѓал во предвид абортусот, ти кажува фактот што раѓале до 15 деца, а реално зачнувале многу повеќе.
Или пак, се случувало, кај малце позабеганите, да си ги убиваат - или едноставно оставаат на милост и немилост новороденчињата.
Не ти е познат ,,адетот,, - бебето кога ќе се роди, 3 дена не се дои, ако преживее, го чуваат, ако не - никому ништо?!
Тоа постоеше и до пред неколку децении во некои рурални места.
Не замислувај дека ние сме го измислиле абортусот, или пак, дека треба да бидеш бесчувствителен да го направиш.
Едноставно - грешиш.
Јас сакам деца, сакам еден ден да ги имам, ама денес не би родила по ниту една цена.
Ми се допаѓа ова, браво, барем ти знаеш што сакаш во животов.
Професоре по македонски јазик, кога веќе ги поправате моите грешки, поправете ги и вашите.... на пример, Скопје се пишува со голема буква, тоа се учи секако во прво одделение.

За болдот - тоа се најпогрешните причини за раѓање дете, и да, тие што живеат мизерно треба да најдат начин да заработат а не да се размножуваат.

Ниту еден валиден аргумент не даде до сега.
Хахха, имам попаметна идеја, ајде да ги закопаме ратните секири и да си пружиме рака.
Иначе ме изнасмеја со ова "професоре".
Не сум професор, туку сосема нешто друго, читни.
 
Aиии, ти да се расправаш со блаже конески, мртов е тој бре налед да е.

До пред два дена беше милион посто сигурна дека сакаш да го абортираш а сега ме убедуваш дека ќе го родиш, како, кога и самата незнаеш дали сакаш деца или не.???

Нормален си ти што пишуеш? Кој дел не ти е јасен да ти го разјасним? Божеее, кој ти рекол тебе дека ја не сакам деца?

Првенствено темава не ја отворив ја, ја за мене многу добро знам што треба да направам и што ќе направам, не ми треба мене тема на форум за некојси нескафе да ми кажува што треба да правам во животов мој :tapp:

Ти си против абортус ја сум за абортус. Што не ти е јасно?
 
многу добро знаеме каква младината е моментално и на што се стреми во иднина......тешко ни паѓаат обврските,детето ќе било товар,а суштински тоа е најголемото богатство што може да му се случи на секој човек......ама пари,кариера,сексање и оргии до бесвест,шетање по белиот свет,па и дрогирање доаѓа во предвид само не она што навистина треба да се случи.........

и покрај сите средства кои можат да ја спречат бременоста се наоѓаат дебили кои ќе зачнат живот па потоа експресно ќе го уништат и нема да му дадат никаква шанса......
 
Aиии, ти да се расправаш со блаже конески, мртов е тој бре налед да е.

Ми се допаѓа ова, браво, барем ти знаеш што сакаш во животов.

Хахха, имам попаметна идеја, ајде да ги закопаме ратните секири и да си пружиме рака.
Иначе ме изнасмеја со ова "професоре".
Не сум професор, туку сосема нешто друго, читни.

Па бидејќи знам што сакам, користам заштита при секс, но реално, ништо не е сигурно. Е сега, постои нели - Норлево... Ако и тоа не успее... абортус.
Ама мене не ме нервира самиот абортус како таков. Тој постои како крајно, немило решение.
А го користат како средство за контрацепција.
Мислам...... макар економски се поисплатливи кондомите од абортусот.
Ама чекај..... на маживе не им е ист feeling-от бе... за жалење.

П.С. Јас сакам да работам за армија. Штета сум ептен во минус со кондиција ;)
--- надополнето: Nov 7, 2011 10:44 PM ---
многу добро знаеме каква младината е моментално и на што се стреми во иднина......тешко ни паѓаат обврските,детето ќе било товар,а суштински тоа е најголемото богатство што може да му се случи на секој човек......ама пари,кариера,сексање и оргии до бесвест,шетање по белиот свет,па и дрогирање доаѓа во предвид само не она што навистина треба да се случи.........

Ај малце полека.
Диши.

1. Не ми паѓаат тешко обврските, ама воопшто. Моментално студирам, не можам да имам деца. Затоа и не ги правам, а не затоа што не сакам да имам деца.
2. Детето денес би ми било товар. За 7+ години од сега, би ми било најголема радост.
3. Пари, кариера, (сексање и со дете може, зар не?!), шетање по белиот свет, доаѓа и те како во предвид. Всушност, таков е планот. Не сакам оргии, и не се дрогирам, всушност, многу ретко пијам алкохол.

Не генерализирај на таков начин, грешиш.
Има луѓе кои имаат распоред во животот, што и кога би требало да им се случи.
Немам време, желба и пари денес за дете, а баба ми на моја возраст второ имала.
 
Уште ли ја растргате оваа тема она мош го е абортирала и да работат на следно или па е пред пораѓај вие се распаравате тука :D
 
Поштувам девојки што не бираат време, одговарало неодговарало, планирано непланирано,16 е само бројка нели, да не бидеме ограничени и генерализираме.
 
Поштувам девојки што не бираат време, одговарало неодговарало, планирано непланирано,16 е само бројка нели, да не бидеме ограничени и генерализираме.

Во контекст на муабетот...
Се жали еден другар на друг...
,,Абе, девојка ми ми вика дека сум педофил.... ама што знае таа, има само 6 години.....“
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom