Мистичен
Човек
Европа бара одговори од Владата за "Рамстор", непосредните спогодби, даночната пирамида, како се дели дивидендата од Телекомот, дискреционите права и за измените на Законот за експропијација.
Деветте нови прашања до вицепремиерката Радмила Шеќеринска се испратени од канцеларијата на директорот за проширување на Европската комисија Фабрицио Барбасо.
Европската комисија бара објаснување од владата под кои услови врши директни продажби на земјиште или средства и дали таа процедура се врши само во исклучителни случаи.
Комисијата, исто така, побарала од кабинетот на Бучковски да ги посочи примерите во последните 12 месеци кога го користела ова право и да ја објасни оправданоста.
ЕК бара објаснување и за тоа кои процедури се користени при продажбата на државно земјиште на "Рамстор" и на "Лукоил" за изградба на бензински станици.
Во дополнителните објаснувања од владата се бара потврда за измените за законот за енергија, односно за давањето концесии преку директни преговори. Комисијата ја интересира и условите под кои му се дадени концесиите на словенечкиот Турбоинститут.
Македонската влада треба да одговори и зошто не почекала да заврши процедурата за доставување жалби, пред да ја поништи лицитацијата за локација спроти Народната банка, во центарот на Скопје.
ЕУ ја интересираат и измените во законот за експропријација, потоа како се пресметува дивидендата на Македонски телекомуникации и резултатите од групата што ја назначи премиерот за оценка на дискреционите права на министрите и останатите функционери.
Овие девет прашања ќе бидат одговорени до 5 септември, велат во Владата, a jaс нетрпеливо чекам баш да видам што ќе одговорат. Вие да не имате некој можен одговр?