Не ми е јасно како за ваква сериозна работа можете да се заебавате, кога се работи за невероватно редок медицински феномен, невероватно ретка ембрионална аномалија за која до сега се познати севкупно 90 случаи и токму ради тоа интервенциите се многу комплицирани и ризични. Аномалијата се нарекува истотака Inclusio fetalis, на почеток се развиваат два фетуси(близнаци) меѓутоа едниот се влепува на еден начин во другиот и атрофира, така да по многу години од икс причини во родениот близнак од преостанатите плурипотентни матични клетки почнуваат на нетипични места(абдомен, череп) да се развиваат на пример коса, заби и друго добро диференцирано ткиво или дури целосен фетус.