Janev
____________
- Член од
- 27 март 2007
- Мислења
- 2.856
- Поени од реакции
- 58
Дете од Индонезија со помош на „магичен“ камен лечи болни луѓе кои секојдневно го посетуваат неговиот дом.
Мохамед Понари (9) го доби прекарот „месија“, откако подолго време на необјаснив и чуден начин лечи болни луѓе. Деветгодишниот Понари секој ден го посетуваат околу 5000 луѓе, кои се надеваат дека детето ќе ги излечи со својата посебна моќ.
Селаните тврдат дека малиот месија излечил разни болести, но популарноста ја стекнал откако помогнал на немо дете да проговори.
- Мохамед го протресе и го допре со каменот, детето проговори, изјави шефот на полицијата, Ситикно.
Пионари својот посебен дар го открил откако бил погоден од гром. - Не можеме да опишеме што се случи со Мохамед. Се започна откако беше погоден од гром. Се освести по ударот и го пронајде магичниот камен кој сега го користи за лечење, изјавија селаните.
Муслиманските водачи во Индонезија сакаат да ја затворат „болницата на Мухамед“ (неговиот дом), откако четворица луѓе загинаа во стампедо сакајќи да го видат индонезискиот месија.