Desperate Housewives

  • Креатор на темата Креатор на темата I am a bitch
  • Време на започнување Време на започнување

Која Очајна домакинка ви се допаѓа најмногу?


  • Вкупно гласачи
    18
  • Гласањето е завршено на .
Па не знам до кај си гледала,најубаво оди на tv.com побарај до која епизода си гледала и прочитај си,мада ако си гледала до заминувањето на Бри,значи си до половина на 3-тата сезона,така да не си пропуштила многу со оглед на тоа дека на А1 почнува 4 тата:smir:
 
Е да да прочитав нешто , ќе гледам во вторник баш :vozbud:ги обожавам
 
Габриел ми се допаѓа затоа што е кучка, Бри затоа што е права домаќинка, но сепак на прво место ми е Иди - жената не се фолира, си кажува јасно и гласно што си сака.
 
Ги изгледав првите две епизоди од 5 сезона и ќе се стрелам ако мислат низ цела сезона пак да има инкогнито фаци :)

Инаку фино е да се видат сите после неколку години живот,иако немаа избор ...мораше да биде така 5 сезона.
 
последната епизода беше супер :pos: (5x03)

Spoilers


Susan : Tell Bob and Lee that i'll pay for the dent in their lawn.
Gabby : U can dye that hair all u want but the gray's are just gonna keep comin'.
 
5х04 е уште појака. Сум се газел од смеење на сцените со Сузан и малиот нејзин :pos2::pos2:
Ај да не давам спојлери сега, гледајте, па кажете си :wink:
 
5x08 е веќе црна хроника.Ама до некаде разбирливо е дека ќе ја затупеа со новата фаца во серијата и дека ќе се вртеше околу него.Оваа епизода би сакала да биде последна од таков вид,па има многу покреативни дешавки да смислат ама сепак Линет ми е сеуште фаворит,неповторлива е :).
 
CafeDelMar, со тебе сум за Линет. Oна всушност и најреално гледа на работите, и многу цврст карактер има кој знае на добар начин да ги решава проблемите. А не се малку, тие шо ја гледаат серијава си знаат. :)

Понатаму спојлерс за тие шо не гледале, ако не сакаат да дознаат шо се случува, нека не читаат.

За новава епизода, имаше многу нелогичности, а еве три шо ми беа преглупи.
1. Клучеви однадвор? Мислам зборувам за тоа вратата шо се затвора. Зошто однадвор? Тоа ко да служи само да заклучиш некого ко во случајов шо направи Дејв. Никако не можев да разберам зошто беше така, ама ај....
2. Дејв со неговото "We gotta get everybody outta here". А кога се гледа кој има внатре, четворица шо се вика на 2 метра од влезот лежат. Ко прво не се знаеше дали се мртви, требаше и нив некој да ги извлече да видат во каква состојба се, а ко второ и да се мртви мора да се извадат ор самтинг :toe:
3. Докторон шо сакаше да разговара со личноста кон која цели Дејв. Мислам, он беше психијатар или нешто? Па не ги учат да не идат у соби сами со вакви ментални лица? Дејв му кажа дека ќе го води да разговара со личноста. Докторот беше свртен и можеше да ги види сите од групата и личноста меѓу нив. Дејв тргна на спротивната страна, а докторот по него. И кај ќе идат? Ќе го части бомбони? Бог да чува :pop:

Сезонава има смешки сеуште, ама дејствиата кај Сузан не ми се допаѓаат воопшто. Знам дека Сузан е таква личност и нормално е цело време да се занимава со целосна неодлучност, неприфаќање на обврски, трапавост, драматизација и слично, ама не може ли да и се даде на личноста нешто во друг тек? Ова со Џули беше фино, ама помина многу брзо во една епизода. Кетрин по најавувањето дека ќе остане како домаќинка и во 5та сезона испадна дека излезе Иди втор дел, така што заедно се на се имаат пола минута по епизода.
Во осталом ми се допаѓаат женските карактери на шоуто.

Машките ми се неподносливи, посебно Том за кој понекогаш се прашувам како Линет го трпи. Уште едно дете Линет си доби сезонава. (бар сега повеќе се истакнува дека личи на дете). Понатаму за Орсон....не знам дали некој го оправдува она што Орсон и го направи на Бри, ама и Бри претера, и он ми личи симпатична личност само да знае малку повеќе да наметне свој став. Мајк не го гледаме многу сезонава(фала богу), Џексон со Сузан само за секс зборат, Карлос служи како додаток за ублажување на јазикот на Габи, да ја вади од ситуации во кои таа си тоне, и таке. Значи лошо со машкиот пол.

За мистеријата општо, немам некој голем интерес. Всушност случките во 2 и 4та сезона многу поинтересни ми беа од целосната мистерија на сезоната, така да не очајувам многу зошто овој Дејв толку сака да го убие Мајк(ова не е потврдено, ама она I'm not done with you yet од Dave личеше на патоказ, или некако издавање на личноста, ама пак можда сум грешка) , туку си гледам да уживам во понормалните потешкотии и надминување на одредени проблеми, како и за комичните ситуации. Мистеријата ми додава само за тоа да целата сезона има значење ко сезона, а не само како работна година во која била снимена. И така....
 
Јас би си ги искомбинирал цврстиот принципиелен карактер на Бри, со изгледот на Габи. Добитна комбинација, нели? Ама и Тери Хачер воопшто не е лоша на изглед, само што игра улога на скромна и смотана, поочајна од сите домаќинки, ако воопшто може да се сноси со тој епитет.
 
Бри е ЗАКОН. Мислам дека таа ги има направено најголемите лудости во серијата.
Штета што оваа недела нема нова епизода...
Едвај чекам Бри да се соочи со онаа која изгледа е пооткачена и од неа :pos2:
А она со Дејв... ц ц ц ц Многу е провидно. А сега наскоро ке има уште еден погреб(мислам дека малку претеруваат со смртните случаи)

Има гласини дека и оваа сезона ке има помалку епизоди, уште 4 :tapp::tapp:
 
ЈАс последната сезона почнав да ја гледам на нет, ама сега немам доволно соо. за користење, така да....Само една епизода гледав од последната сезона..А инаку најзабегана ми е Сузан, а Линет како карактер ми е лудница :pos2:
 
Ги имам даунлоадирано Очајни домаќинки, ама немам време да ги гледам моментално, така да се задоволувам со терминот во вторник.
Да не барам низ цедињата, што пишуваше на писмото кое таа со црвената коса, на Адам жена му го изгоре?
 
Ги имам даунлоадирано Очајни домаќинки, ама немам време да ги гледам моментално, така да се задоволувам со терминот во вторник.
Да не барам низ цедињата, што пишуваше на писмото кое таа со црвената коса, на Адам жена му го изгоре?

Па вистината за Дилан ја пишува внатре, не кажувам спојлери бидејќи нема да биде интересно натака :smir:
 
Јас веќе си го уништив моментот, ама што да правам кога сум љубопитна и една епизода неделно не ме задоволува :wink: Се што ме интересираше дознав, ја изгледав и 5тата сезона и можам да кажам дека ќе биде доста интересно, ама ептеееен заплеткано.
 
epizodite se mn ineteresnii:) ja gi iam doma site ama ne gleam bas, pointeresno mi e na tv huhu Ama znam deka u 5 sezona mn ke bide zapletkanoo Pozz:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom