Денов звучи како...

  • Креатор на темата Креатор на темата Cymbaline
  • Време на започнување Време на започнување
Онака, мирисот на 90тите. Мислам дека денес на каналите за деца не преовладуваат традиционалните анимирани филмови. Сега преовладува компјутерската анимација на која не сум голем фан. Ние кои пораснавме низ 90тите имавме среќа да го осетиме вкусот на вистинскиот цртан филм. Од Каренџ, Декстер, Џони Браво, Самурајот Џек, КНД...а откако ќе завршеше програмата следуваше црно-бел филм...:love:

Аниманијаци имаа фантастичен хумор, на моменти дури и вулгарен. Им превеа и дупачка на ѕвездите од Холивуд, но и на политичката фела, медиумите и одредени филмови... нешто што не е вообичаено за цртаните. Имаа инкорпорирано и доста историја, психологија, но извадија и неколку интересни песни. Уште еден фантастичен проект на Спилберг. А тука е и легендарниот Роб Полсен кој го најави враќањето на шоуто на телевизиските екрани уште пред неколку години. :love:

Барем мојата генерација имаше фантастично детство кое не го поминуваше само пред компјутер. :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom