А добро ме интересира дали вие навистина мислите дека тие што ги земаа штекерите од касарните во Македонија и тие што правеа пустош по Босна и Херцеговина дека се всушност припадници на вистинската Југословенска народна армија?Или пак беа едноставно пијандури српски и четници кои беа регрутирани од страна на тогашниот режим на Милошевиќ?Не сте ги гледале документарните на Б92 изгледа.Постојат сведоштва, за време на граѓанската војна во српската војска секој можел да служи, секој имал право на оружје од причина што го бранел „српството и Србије“.Ги примале без медицински прегледи и ред други процедури, од веќе наведената причина.Јас сум бил премногу мал тие времиња, но има луѓе кои биле во таа војна и сведочат за тоа какви луѓе се учествувале на српската страна.
Би требало малку да се подзапрашате и да видите дали навистина тоа била вистинската ЈНА или било нешто сосем друго, како на пр. дувло на пијандури и психопати?!