Мистичен
Човек
Македонски туристи, жртви на грчките фрустрации. Семејството Китановски, кое беше на одмор во Катерини во Грција, се врати со демолиран автомобил. Причината за вандализмот, според сопственикот на возилото, е тоа што на задната шофершајбната ја имал налепницата со знакот МК.
„Беше паркирана на улица како и сите други возила, а само мојата беше оштетена со македонски таблици и таму од хотелот ме прашаа дали имам пластична налепница што не може да се извади“, изјави Ратко Китановски.
Китановски вели дека со години летува во Грција и оти никогаш досега не помислил дека вакво нешто може да ги снајде. Тој и покрај овој инцидент вели, дека и понатаму ќе продолжи да летува во Грција, било најблиску.
„Ние таму зборуваме англиски, зборуваме германски, не зборуваме македонски, во сите хотели се зборува грчки и српски, во ниеден хотел нема македонски“, додаде Китановски.
Од МНР велат дека ќе побараат објаснување за инцидентот од грчкиот конзулат во Скопје, сепак сметаат дека станува збор за изолиран инцидент.
Егејското море географски е најблиску до Македонија, се смета за примамлива дестинација за десетици илјади туристи секоја година.
Речиси без исклучок се случува по некој ваков инцидент. Знакот со обележјето МК, кој на автомобилите се става при излез од државата, официјална Атина не го признава.
Грчките власти до неодамна дури даваа и налепници ФИРОМ, испишани на грчки јазик, кои служеа за да се прикријат македонските МК ознаки. Таа практика престана, но не и ваквите инциденти.
Извор: А1 Вести