- Член од
- 5 март 2018
- Мислења
- 20.301
- Поени од реакции
- 24.718
Германија нас не советуваа да му зборуваме само Македонски, а Германски ќе си научи во школо и градинка.Не ги учат англиски сe додека не тргнат во школо на 3 години. Имам две внуки што до 3 години зборуваа само португалски, а сега си зборуваат и португалски и англиски.
Истото го правиме и со ќерка ми. Јас и моите и зборуваме на македонски, жена ми и нејзините и зборуваат на португалски. Англискиот го оставаме за на крај, затоа што него секако ќе го научи, а ако прво го научи англискиот, многу помалку ќе има потреба да ги користи другите два јазика. Ова беше совет од турски логопед што живее во САД. До ден-денес му е мака што своите деца прво ги научил англиски, па сега турски два збора не можат да сврзат.
Така и правевме досега така и ќе продолжиме.
Тука скоро сите деца во наше опкружување зборуваат и Германски и Македонски перфектно