(Демек) бесплатните хартиени кеси - никаде ги нема

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Јас засега само во Тедико имам видено да даваат бесплатни хартиени кеси, нигде на друго место.
 
Ништо не е бесплатно.

Законов ми се чини дека беше дел од оние „европски“ закони, односно од директивите на ЕУ.

Како и да е, зашто не се даваат воопшто хартиение кеси и зашто ова не се регулира?
1. Закон кој што мораше да се донесе(поради ЕУ)
2. Доколку се контролираат продавниците за кесите:
- Казните ќе ги уништат малите бизниси
- Малите бизниси ќе даваат хартиени кеси и тоа бесплатно, но сепак трошокот за нивна набавка ќе биде вклучена во цената на другите производи.

Од она што до сега видовме од законот е дека само големите маркети видоа нешто арно, бидејќи маалскиве продавници најчесто даваат ќеси без да ти наплатат или воопшто не земаш кеса.
 
Затоа товараш количка до врв одиш на каса и му бараш хартиена кеса. Ако нема ја оставаш количката и си одиш. Со насмевка се разбира!
Тоа е добар предлог. Треба да го правиме ова во сите поголеми маркети. :)
Може и газдите ќе сфатат дека на тој начин се губат муштерии многу и ќе преземат нешто во врска со ова.


Одам на пазарче и купувам кило лимони за 50 денари.
Продавачот ми вика: "ќеса ќе треба?" Му се мислам да му речам: "Не бе, ќе ги шутирам до дома", ама излегува да речам: "Да" (ама онака културно, со насмевка). :)
И ми вика: "2 денари", го гледам онака убаво и вадам 500-ка. Ме прашува дали имам нешто поситно и му одговарам отсечно "Не", држејки ги парите накај него, а овој направи една кисела фаца и рече дека немал ситно да ми врати. Аман бре. :)
Си заминав со лимоните во пластична ќеса сепак, гратис.
 
И онака хартиенине кеси се дебилни,онакви нит рачки нит бутур.Кој *** ако иам 6000000 продукти кај ќе ги стаам такви 10 кеси коа нема како да ги потфатиш убаво.Абе најлонска кеса си е најубаво.
 
Бесплатни хартиени има во Рамстор маркетот, а пластичните се напраќаат.

А нели требаше пластични да има/да се наплаќаат само една година после 1,1 2010 кога почна законот да функционира?

Хартиените не се практични за нас пошо влечкам 500 метри, ама направени се за кратки релации, да земеш од маркет до багаж во кола, и од гаража до дома.
Во Дебар не наплаќаат за пластичните, а овде во Ск ептен ме нервираат, ретко купувам :D
 
Бесплатни хартиени има во Рамстор маркетот, а пластичните се напраќаат.
Во кој Рамстор маркет? Во Рамстор во центар и во Ново лисиче не даваат хартиени кеси. Порано даваа, сега веќе подолг период - не.

И да, секогаш им коментирам „абе, нели според закон требаше да имате бесплатни и хартиени кеси?“. Продавачките само ќутат со наведнати глави...
 
Во Велес даваат хартиени кеси ако си побараш, ама се толку мали шо не можеш да ставиш повеќе од 3 работи во нив...
 
ни по два месеци- откако ја отворивте темава- хартиени кеси НЕМА, а платичните и натаму ги наплатуваат
 
Последен пат во Веро пазарував, пластичните кеси ги даваа бесплатно, хартиени не видов..
 
Последен пат во Веро пазарував, пластичните кеси ги даваа бесплатно, хартиени не видов..

Бев денес, направиле био-разградиви кеси и се бесплатни уште од март како што видов. :)
 
Бев денес, направиле био-разградиви кеси и се бесплатни уште од март како што видов. :)

Значи сум ги помешала со пластични, можно.. :) Браво за Веро, во тој случај :)
 
neznam za vas- ama jas od ramstor, tinex i sp - koga pazaruvam -kesite gi naplatuvaat -taka da mozhda samo za vero vazhi toa
 
ма немаат корист од хартиени. вака со најлон си имаат. ако купиш 10 производи, и ако нема хартиено, сакаш нејќеш, мора со најлон и по дифолт ти полнат.
 
ма немаат корист од хартиени. вака со најлон си имаат. ако купиш 10 производи, и ако нема хартиено, сакаш нејќеш, мора со најлон и по дифолт ти полнат.

Многу нормално, нема шанси да собереш се во хартиената.Најлонските по практични се или пак до навика е ама кога купувам повеќе работи најлонска и од таму ми нудат.По помаливе продавници гледам хартиени само кај овошје и зеленчук, на каса нема хартиени никогаш.Увек нудат најлонски за 1 денар...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom