(Демек) бесплатните хартиени кеси - никаде ги нема

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
само кај нас има проблем, ќе видат трговците иде инспекција, и одма на протест пред влада.
Јас прв пат слушам за ваков проблем. Незнам кој протестира ради инспекција...
 
Мислам дека новиве кеси се од разградлив материјал и затоа наводно ги наплаќаат (:tapp:), но како и да е, треба хартиени да се пуштат во оптег.
 
Мислам дека новиве кеси се од разградлив материјал и затоа наводно ги наплаќаат (:tapp:), но како и да е, треба хартиени да се пуштат во оптег.

Да бе затоа пишува на нив дека ќе скапат од 24 до 48 месеци....
 
Да бе затоа пишува на нив дека ќе скапат од 24 до 48 месеци....

Не сфаќам... па тоа е биоразградлив материјал, да се распадне, на обичните кеси мислам дека подолго време им требаше. Ама кажав, не беше финтата такви кеси да се пуштат во промет и да ги плаќаме, хартиени требаше.
 
Даваа кај нас во една продавница пред некое време ама наплаќаа по денар и за нив.Не ми се дава пари за најлоснки кеси ама искрено кога имам потреба зимам.Сега во последно време со торбичка идам до продавница зашто ни се изнапаѓаа торби по кафињава :pos: и неможам да ги избројам дома колку ги имаме.Иначе убаво би било кога би имало и кога би биле хартиените кеси бесплатни...
 
Јас прв пат слушам за ваков проблем. Незнам кој протестира ради инспекција...
абе кога се протестира против судска одлука, зошто не и против инспекција. нека протестира народот кога нема веќе работа.....
 
Ја у мојата продавница давам картонски (не хартиени) кеси. Нормално дека не ги наплатувам.
А да ви кажам колку ме коштаат нема да ми верувате, па ќе мора да скенирам проформа.
Само што јас не продавам минимаркетска стока, односно специјализирана продавница е.
 
Во СП (барем кај мене) има само еден вид леб кој е во хартиена кеса.Мада и тој е само до пола во кеса и истиот треба да го ставиш на седиште во кола кај што други газот го ставаат.:

Што бара лебот кај газот, ќе го ставиш горе над волан до шофершајбна лево во ќошот.
 
Mислам дека слушнав една вест..дека до 2012 кесите веќе нема да се произведуваат..така да сакале нејќеле , ќе мора хартиени... а иначе законот што се донесе пред 2-3 години, не се почитува
 
абе кога се протестира против судска одлука, зошто не и против инспекција. нека протестира народот кога нема веќе работа.....
Демократија. Кој смета дека треба да протестира, ќе протестира.

ОнТопик: Не е једини закон кој што не се поштува во државава. Имаше и за пушење, ништо не се деси од тоа. Банана држава.
 
Скоро секаде се наплаќаат ќесите и во малите дуќани и во големите маркети, а башка тоа што секогаш немаат хартиени ќеси. Кога одам да пазарувам најчесто си носам торба кога така непланирано ќе купам нешто го ставам во чанта па не за џабе ги купувам големи. А тоа што не се почитува законот па не е прв а ниту последен пат.
 
мислам дека сам си одговори.
Да де, реков дека до сега никој не протестирал против инспекција, али ако му пречи на некој, нека протестира слободно, едноумие нема никаде нити пак ќе има.
 
Проблемот е што не треба да се наплаѓаат ќесите, туку тоа би требало да е некаков си данок за екологија (како во еу) и тие пати да се сливаат кај државата и да ги инвесира во проекти за екологија и слично. Но проблемот е што кај нас некој дури и премногу профитира (денар по денар се собираат:))
 
Кај мене во продавница едната продавачка ги наплаќа најлонските кеси, другата не.инаку претежно си пазарам со торба.Ретко купувам кеси, ептен кога морам.Кај мене во мега хартиена кеса 4 денари, пластична 5.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom