Дефицитот на ПИОМ

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.587
Поени од реакции
820
Празна касата во Фондот за ПИОМ?!


Алармантен и загрижувачки ревизорски извештај за финансиската кондиција на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување изготви Државниот завод за ревизија. Неповолната финансиска состојба во Фондот за ПИОМ се неостварените проекции за зголемување на вработеноста, како и неостварените проекции за пораст на платите, констатираат ревизорите. Според податоците во извештајот, загрижувачки е податокот дека дупката во буџетската каса на Фондот секоја година се повеќе се продлабочува, а дополнително се обелоденува и дека поради недостиг на пари, Фондот за ПИОМ на крајот од минатата година не им префрлил пари на приватните пензиски фондови.

Финансиската состојба на Фондот за ПИОМ не е на завидно ниво – покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Според ревизорите неповолните економски параметри имаат влијание и врз фунционирањето на Фондот.
​
„На финансиското работење на Фондот во 2012 година влијание имаше намалување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување како и неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите на вработените кои имаат директно влијание врз остварувањето на приходите од придонесите“, стои во извештајот на ревизорите.​
​
Ревизијата забележува дека од година во година се повеќе расте дупката во буџетот на Фондот која мора да се покрива со пари од централниот Буџет. Потенцирано е дека законската обврска преку пресметување и плаќање на придонесот не обезбедува доволно средства за вршење на дејноста на Фондот, поради што дупката се покрива со средства од Буџетот на РМ. Особено е за истакнување, велат ревизорите е дека висината на дефицитот во буџетската каса на Фондот има тренд на зголемување секоја година, движејќи се од 6% во 2008 година па се до дефицит кој изнесува од 22% во 2012 година.

„Зголемувањето на бројот на корисниците на пензија како и усогласувањето на пензиите во 2012 година влијаеше на недостаток на средства за исплата на пензии поради што секоја година се зголемува зависноста на Фондот од позајмување на буџетски средства од основниот Буџет на РМ. За покривање на буетскиот дефицит исплатени се средства од Буџетот на РМ во износ од 10.219.220 .000 денари што претставува учество од 22 % ,алармираат ревизорите.​
​
Во споредбата која ја направиле во извештајот, ревизорите констатираат дека буџетскиот дефицит на Фондот минатата година е зголемен за 1.864.050.000 денари, односно за 3%, во однос на 2011 година.

Еве како изгледа континуираното продлабочување на дупката во Фондот за ПИОМ:
2008 – 6%
2009 -14%
2010 -16%
2011 –19%
2012 – 22%

Но при тоа ревизорите сигнализраат дека постои можност и од натамошно продлабочување на дупката во буџетската каса во Фондот.

„За истакнување е тоа што со измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се предвидува намалување на стапката на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување за 0,4% почнувајќи со исплатата на платите од јануари 2014 година, кој треба да изнесува 17,6%.“, констатирала ревизијата.​
​
Фондот не префрлил пари на приватните пензиски фондови
Ревизијата констатирала уште еден загрижувачки податок за финансиската состојба на Фондот за ПИОМ за минатата година. Односно, поради недостиг на средства Фондот за ПИОМ прво позајмил пари од Централниот буџет, а потоа позајмицата се враќала од сметката на која се врши уплата на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување. По што на крајот од годината пари не добиле приватните пензиски фондови, а долгови се натрупале и кон Фондот за здравствено и Солидарниот Фонд.

Ревизјата констатирала дека Фондот, лани за навремена исплата на пензиите користел позајмици од Буџетот на РМ кои тековно ги враќал. Сепак,се обелоденува дека Фондот на крајот на годината, во услови на недостиг на средства, враќањето на позајмицата од Централниот Буџет во износ од 505.000.000 денари го врши со средства од уплатната сметка – мостната сметка, сметка на која се врши уплата на придонеси од пензиско и инвалидско осигурување.

„На овој начин на крајот од годината не е извршена распределба на уплатите на придонес од пензиско и инвалидско осигурување меѓу Фондот и приватните пензиски фондови, односно дел од средствата не се дистрибуирани до приватните пензиски фондови,обелоденуваат ревизорите.​
​
За ваквите состојби, односно за долгот кон приватните пензиски фоднови, но и кон Фондот за здраветсно и кон Солидарниот фонд, Фондот за ПИОМ го алармирал и министерството за финансии.

„Фондот, со поднесено барање за исплата на пензии за месец декември 2012 година до министерството за финансии ја истакнал потребата за средстава за редовна исплата на пензии, за враќање на средствата за Вториот столб, и средствата за неисплатените обврски од месец ноември 2012 година по основ на придонес за здравствено во износ од 86.812 000 денари кон Фондот за здравствено осигурување како и кон солидарниот Фонд во износ од 17.280.000 денари“, обелоденуваат ревизорите.​
​
Инаку, вкупните приходи на Фондот, минатата година изнесувале 46.768.860.000 денари. Според структурата, најголемо учество во вкупните приходи има придонесот од пензиско и инвалидско осигуривање со 59% и од Буџетот на РМ (трансфери од Бучетот на РМ,од Министерство за одбрана, пренесен вишок на приходи од претходна година ) со учество од 38%. Додека незначително е учеството на приходи од акцизи и останати приходи.

С.Н.
 
а се прикажува како да сме најбогати ...
Тоа е една обична лага. Убаво вика Роки 1... ретко кој има пари ( не дека нема луѓе со многу парис, а тоа што не кажуваат како добро финансиски е добео испланирана лага ;):)
 
sekoja ponzi sema i piramida ima pocetok i kraj.
tragicno e toa sto pri tolku ekonomisti i diplomirani matematicari mladite se uste slepi i nikako da progledaat i da im stane jasno koj se luzerite vo penziskata ponzi sema. ne e prasanje dali ke se raspadne penziskiot sistem nego prasanjee koga. jas sum siguren deka se blizi krajot.
 
Ќе се намали бројот на пензионерите со владина уредба, во подготовка е закон дека пензионери до 65 годишна старост ќе можат да поминуваат улица на црвено и надвор од пешачки премини, а тие над 65 години ќе МОРААТ да преминуваат на црвено и надвор од пешачки премини.
 
koga e izmislena penziskata piramida imalo po 6/7 rabotnici na eden penzioner. kako absoluten minimum da moze piramidata da funkcionira mislam deka e razmer 3 zaposleni na eden penzioner. kolku e kaj nas denes? pa uste podatokot deka realno od zaposlenite ima 200.000 bugetari zalepeni na drzavna cicka koi fakticki ne prispevaat nisto a ke imaat najgolem prosek? ne be drugovi, ne go lazete cico. a i narodot posebno mladite se nadevam deka kad tad garant ke se razbudi i ke progleda.
 
Ќе се намали бројот на пензионерите со владина уредба, во подготовка е закон дека пензионери до 65 годишна старост ќе можат да поминуваат улица на црвено и надвор од пешачки премини, а тие над 65 години ќе МОРААТ да преминуваат на црвено и надвор од пешачки премини.

Tи си гение!
 
И зошто секој месец фирмите плаќаме пензиско и здравствено осигурување? За некој на друго да ги троши нашите пари или да си ги стави во џеб. Кога и да треба да одам на лекар, иако имајќи картони стално плаќам по 1000-2000 денари од посета. Последен пат беше пред 2 месеци кога имав проблеми со желудникот и мораа да ми прават тестирање за некоја бактерија, ама мислам дека ќе се онесвестев кога ми кажаа дека треба да платам 1800 денари. Картоните не важеле за такви тестови, морало приватно да се платат...!!! Тие пари за здравствено и картоните кои ги добиваме не ни вредат за ништо, само обична хартија. Исто ќе биде и со пензиските фондови, ќе плаќаме цел живот и на крај кога ќе отидеме во пензија тие фондови ќе ги нема, ќе има приказни кој и каде ги потрошел парите и така ќе си остане...Жално е ова што се случува во државата. Искрено да кажам, иако мислев дека никогаш во животот немаше да помислам на такво нешто, почнав да ја мразам државата како целина. Ми стана одбивно се, и народот, и институциите, и немаштијата, и крадењето, и молзењето, и тоа што не дупат на здрав мозок и се, буквално СЕ!
 
problemot so penziskata ponzi sema e globalen, sekade e istata prikazna. ili penziskiot sistem ke se ukine i ke go snema, ili ke ja dignat starosnata granica na preku 80 godini. znaci nie pomladite cel zivot ke gi nosime na grb segasnive penzioneri od koi ima i dosta takvi so se penzionirale na 45 godini.
NE FALA.
 
ili penziskiot sistem ke se ukine i ke go snema, ili ke ja dignat starosnata granica na preku 80 godini.

Не натераа да мислиме во крајност, дека е најарно да си подработуваш на црно, а придонесите кој во просек се 8000+ и здравственото кое е 2000 дена да си ги чуваш, бар ке ги потрошиш наместо да ти ги изедад вошки или да умреш од нервоза до 40.
 
Проблемот на запад одамна е увиден и решен!!! Само кај нас уште се радуваат на качени пензии и не ја гледаат каастрофата што ни следи. Јас бар знам дека тој проблем ке го немам, државна пензија не очекувам ама затоа си имам моја приватна, кој ја ебе државата.
 
Проблемот на запад одамна е увиден и решен!!!
Мислам дека не си во право.. Ниту на запад проблемот со пензиите не е решен.
Објасни зошто мислиш дека е решен
Инаку Римската империја пропаднала а не успеала да го реши проблемот со пензиите на легионерите
 
Мислам дека не си во право.. Ниту на запад проблемот со пензиите не е решен.
Објасни зошто мислиш дека е решен
Инаку Римската империја пропаднала а не успеала да го реши проблемот со пензиите на легионерите


На запад без оглед колкави ти се примањата 10% отпаѓа на штедење и заштита, кај нас...никој не штеди. Шведска има факинг 4 приватни фондови по човек. И најнакрај, луѓето кои упрауваат со државите активно шират пропаганда и ги упатуваат на алтернативниначини на штедење, како бекап за државна пензија. Тоа е факт!
--- надополнето: 25 октомври 2013 во 00:08 ---
Абе многу е едноставвно луѓето никако да сфатат декакомунизмот заврши и дека државата не треба да ти ги решава проблемите. Сеа е секој сам за себе.
 
Back
На врв Bottom