Bodhidharma
Avatara
- Член од
- 17 септември 2011
- Мислења
- 10.783
- Поени од реакции
- 15.399
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Откако пред извесен период изгледав извесен број клипови, прочитав х страници што ги има напишано човеков, имам изградено некаков став околу неговиве теории.
Нема да навлегувам многу во оние работи кои помалку или повеќе се очигледни - околу тоа дека светот го вртат парите, дека големите и финансиски моќни корпорации во најразлични видови и форми имаат огромно влијание врз состојбите во кои се наоѓа светот. Повеќето би се согласиле со тоа. Логично е, прифатливо е. Зад секоја војна, независно од поводот (верски, ослободителен, увозно-демократски и сл.) постои некој кој многу ќе спечали. Слично е и за повеќе други нешта - јасно е дека постојат фармацевтски мафии, могули кои манипулираат со енергетските ресурси и сакаат да воспостават монопол итн. Има борба за наметнување доминација - политичка, економска, културолошка, и секаква друга.
Типов не е ни прв ни последен што укажал на тоа, и што на тоа заработил некоја добра пара. И до тука е О.К.
А сега за неговите помалку луцидни забелешки и теории. Ако го тргнам настрана впечатокот (инаку сосема издржан) дека на тој начин Ајк намерно си ја зголемува популарноста, се работи за најобично шарлатанство.
Династии, лози, марсовци, црна магија, сатанизам, рептили, Евреи, Му, Лемурија, Атлантида, димензии, матрикс, масони... За секого по нешто. Измешани повеќе приказни на негови помалку познати претходници и се` тоа е спакувано и понудено за гладните конспиративци. Потврда на „теорииве“ нуди преку извори кои (нај)често не ги цитира, преку фактографски грешки и непрецизности, преку повикување на слични дела посветени на теориите на заговор, па создава впечаток дека пишува некакви си добро издржани и научно поткрепени студии. Склон е, како и сите (колку-толку) вешти конспиративци, во целата каша-попара да вметне и по некоја вистина, за да биде прикаската поубедлива.
Oва најверојатно ти е вовед, фали после ова и да наведеш по некој пример.
Почни со било која теорија....ај за почеток наведи две три, да има за што да се лафи. Инаку и ова твоево ќе испадне шарлатанство.
За мене најсимпатични теории ми се шупливата месечина од чија внатрешност рептилите го контролираат човештвото, нешто како "Death star", и таа дека Британското кралско семејство се исто така рептили кои си ја менуваат формата - "шејпшифтери".Oва најверојатно ти е вовед, фали после ова и да наведеш по некој пример.
Почни со било која теорија....ај за почеток наведи две три, да има за што да се лафи. Инаку и ова твоево ќе испадне шарлатанство.
Aха, и тоа што викаш. Вреди ли лафење за рептилите и за нивниот таен и долгорочен план да го подјармат човештвото!? Не знам баш. За некого можеби и вреди да се дикутира за тоа дека месечината не е природен сателит, ами џиновски вселенски брод? Или ете, да ја спомнеме шизофреничната размисла за тоа дека Меровинзите верувале во латинската божица Дијана (значи лага е дека биле христијани, а изгледа не верувале ни како повеќето нормални Германи пред да го прифатат христијансвото, во Вотан, Туистан, Ман итн.) дека истата династија го изградила Париз (wtf? келтска, т.е. галска населба е, векови постоела пред да дојдат Франките во Галија), дека воопшто не е случајно што баш таму милениум и кусур подоцна умрела бившата принцеза Дијана, која името го добила од својот татко сатанист.
--- надополнето: 30 август 2013 во 00:27 ---
Добро...ај од почеток, за месечината. Каде тврди дека е тоа така, цитирај му нешто од некоја книга да речеме. Пошто си прочитал се од него, и си ги изгледал сите документарци нема да ти биде тешко. Баш ме интересира што вика за погонот на џиновскиот вселенски брод, уствари месечината.