David Icke

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Откако пред извесен период изгледав извесен број клипови, прочитав х страници што ги има напишано човеков, имам изградено некаков став околу неговиве теории.
Нема да навлегувам многу во оние работи кои помалку или повеќе се очигледни - околу тоа дека светот го вртат парите, дека големите и финансиски моќни корпорации во најразлични видови и форми имаат огромно влијание врз состојбите во кои се наоѓа светот. Повеќето би се согласиле со тоа. Логично е, прифатливо е. Зад секоја војна, независно од поводот (верски, ослободителен, увозно-демократски и сл.) постои некој кој многу ќе спечали. Слично е и за повеќе други нешта - јасно е дека постојат фармацевтски мафии, могули кои манипулираат со енергетските ресурси и сакаат да воспостават монопол итн. Има борба за наметнување доминација - политичка, економска, културолошка, и секаква друга.
Типов не е ни прв ни последен што укажал на тоа, и што на тоа заработил некоја добра пара. И до тука е О.К.
А сега за неговите помалку луцидни забелешки и теории. Ако го тргнам настрана впечатокот (инаку сосема издржан) дека на тој начин Ајк намерно си ја зголемува популарноста, се работи за најобично шарлатанство.
Династии, лози, марсовци, црна магија, сатанизам, рептили, Евреи, Му, Лемурија, Атлантида, димензии, матрикс, масони... За секого по нешто. Измешани повеќе приказни на негови помалку познати претходници и се` тоа е спакувано и понудено за гладните конспиративци. Потврда на „теорииве“ нуди преку извори кои (нај)често не ги цитира, преку фактографски грешки и непрецизности, преку повикување на слични дела посветени на теориите на заговор, па создава впечаток дека пишува некакви си добро издржани и научно поткрепени студии. Склон е, како и сите (колку-толку) вешти конспиративци, во целата каша-попара да вметне и по некоја вистина, за да биде прикаската поубедлива.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Oва најверојатно ти е вовед, фали после ова и да наведеш по некој пример.
Почни со било која теорија....ај за почеток наведи две три, да има за што да се лафи. Инаку и ова твоево ќе испадне шарлатанство.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Aха, и тоа што викаш. Вреди ли лафење за рептилите и за нивниот таен и долгорочен план да го подјармат човештвото!? Не знам баш. За некого можеби и вреди да се дикутира за тоа дека месечината не е природен сателит, ами џиновски вселенски брод? Или ете, да ја спомнеме шизофреничната размисла за тоа дека Меровинзите верувале во латинската божица Дијана (значи лага е дека биле христијани, а изгледа не верувале ни како повеќето нормални Германи пред да го прифатат христијансвото, во Вотан, Туистан, Ман итн.) дека истата династија го изградила Париз (wtf? келтска, т.е. галска населба е, векови постоела пред да дојдат Франките во Галија), дека воопшто не е случајно што баш таму милениум и кусур подоцна умрела бившата принцеза Дијана, која името го добила од својот татко сатанист.
--- надополнето: 30 август 2013 во 00:27 ---

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Oва најверојатно ти е вовед, фали после ова и да наведеш по некој пример.
Почни со било која теорија....ај за почеток наведи две три, да има за што да се лафи. Инаку и ова твоево ќе испадне шарлатанство.
За мене најсимпатични теории ми се шупливата месечина од чија внатрешност рептилите го контролираат човештвото, нешто како "Death star", и таа дека Британското кралско семејство се исто така рептили кои си ја менуваат формата - "шејпшифтери".
 
WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Го боли кур овој, нашол прост народ и си прави пари :) Инаку мене ми доаѓа некогаш да гризам луѓе, може сум рептил, а да не знам :eek:
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Aха, и тоа што викаш. Вреди ли лафење за рептилите и за нивниот таен и долгорочен план да го подјармат човештвото!? Не знам баш. За некого можеби и вреди да се дикутира за тоа дека месечината не е природен сателит, ами џиновски вселенски брод? Или ете, да ја спомнеме шизофреничната размисла за тоа дека Меровинзите верувале во латинската божица Дијана (значи лага е дека биле христијани, а изгледа не верувале ни како повеќето нормални Германи пред да го прифатат христијансвото, во Вотан, Туистан, Ман итн.) дека истата династија го изградила Париз (wtf? келтска, т.е. галска населба е, векови постоела пред да дојдат Франките во Галија), дека воопшто не е случајно што баш таму милениум и кусур подоцна умрела бившата принцеза Дијана, која името го добила од својот татко сатанист.
--- надополнето: 30 август 2013 во 00:27 ---
Добро...ај од почеток, за месечината. Каде тврди дека е тоа така, цитирај му нешто од некоја книга да речеме. Пошто си прочитал се од него, и си ги изгледал сите документарци нема да ти биде тешко. Баш ме интересира што вика за погонот на џиновскиот вселенски брод, уствари месечината.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Добро...ај од почеток, за месечината. Каде тврди дека е тоа така, цитирај му нешто од некоја книга да речеме. Пошто си прочитал се од него, и си ги изгледал сите документарци нема да ти биде тешко. Баш ме интересира што вика за погонот на џиновскиот вселенски брод, уствари месечината.

Не знам од каде заклучи дека јас сум прочитал се` од него, односно сум ги изгледал сите документарци? Тешко дека тоа ќе се лучи :)
Ете, како што напиша Ipsissimus, човекот е сосем расположен да ја искористи приказната на Лукас, односно му се свиѓа Ѕвездата на смртта (а кому не му се допаѓа?)
Ајде и цитат да наведеме:
Zanimljivo je da zaplet iz Zvjezdanih ratova uključuje priču o mjesecolikoj Zvijezdi smrti koja koristi naprednu tehnologiju za razaranje planeta, a razoreni
planet je česta tema, kako u drevnim predajama tako i u novijim istraživanjima ljudi poput Immanuela Velikovskog i mnogih drugih. Unutrašnjost Zvijezde smrti u Zvjezdanim ratovima imala je, da tako kažemo, „dva usmjerenja”. Područja najbliža površini bila su izgrađena ,,s koncentričnim palubama uz gravitaciju usmjerenu prema jezgri Zvijezde smrti”, a unutrašnjost je bila „ispunjena naslaganim palubama
s gravitacijom usmjerenom prema južnom polu postaje”. Veliki ekvatorski jarak dugačak 376 kilometara razdijelio je Zvijezdu smrti na dvije jednake polutke, a svaka je bila podijeljena u dvanaest ‘zona. Ondje je bilo i parkova, trgovačkih centara i
rekreacijskih područja. Opis se nastavlja:
... u središtu Zvijezde smrti je divovski hipermaterijski reaktor. Unutar te komore gorjela je fuzijska reakcija čudesnih razmjera, opskrbljivana stelarnim bocama goriva poredanim uz njen obod ...
... Propulziju stvarnog prostora Zvijezde smrti omogućavale su mreže moćnih ionskih motora koji su snagu reaktora pretvarali u potrebnu potisnu silu. Da bi Zvijezda smrti predstavljala stvarnu prijetnju morala je biti pokretna. Koristeći povezane nizove od 123 generatora hiperpogonskog polja spojenih u jednu navigacijsku matricu, Zvijezda smrti putovala je kroz galaksiju nadsvjetlosnim brzinama....
...Nevjerojatne energije koje je upregnula ta postaja, u kombinaciji s njenom velikom masom, davale su Zvijezdi smrti magnetska i gravitacijska polja jednaka onima na mnogo većim orbitalnim tijelima...
Znam da će ljudi odmahnuti rukom i reći da to postoji samo na filmu, ali teme Zvjezdanih ratova i Zvijezde smrti, koje se baziraju na insajderskom znanju Georgea Lucasa, zasnovane su na daleko više činjenica negoli se misli. Uvodni prizori filmova iz te trilogije govore o „jako davnim [zbivanjima], u jednoj dalekoj, dalekoj galaksiji”.A ja tvrdim da se to zasniva na događajima mnogo bližima ‘kući’.
(преземено од HUMAN RACE GET OFF YOUR KNEES, на хрватски „Ljudski rode, ustani... ovaj lav više ne spava“(Teledisk, 2011). Страница? 353-354.
Лукас е гуштерче, или барем рептилска кучка :)
А би сакал, за промена, да образложиш што тебе толку ти се свиѓа во теорииве на Дејвид и зошто мислиш дека се реални, веродостојни?
П.С. Жално е што текстот е на хрватски, едноставно немав време да го барам оригиналот. Се надевам дека нема да претставува проблем.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Девет саати во една ден говор држи, ако најдете друг човек ееееее...

golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
vo nesto se slozuvam so icketa , no problemot e vo toa sto se e zavera i samo perene mozok i otrgnuvanje na covekot od vistinskata priroda
svetot go vodat monstrumi , da , monstrumi koi go kontroliraat celo covestvo pocnuvajki od religijata
od mitologijata, naivniot covek im veruval na svestenicite , sto na pocetokot crkvata i drzavata bile zaednicki spoeni , plasejki gi so pekol ako ne se poslusni i nudejki im nagrada za svojata istrajnost i dobri na vo raj
toa e isto kako majkata koj go zalazuva deteto ako bide mirno poslusno ke dobie cokolado
go lazat covekot so raj , i taka toj go zanemaruva ovoj zivot nadevajki se na idniot, go unistuva ova vreme ,mislejki na idnoto, toa e delo na monstrumite koi go zarobile celo covestvo da veruva vo bog , vo vonzemjani , vo duhovi , zadgrobni zivot
ako si vraboten vo servis za koli, i ti ponudat podobra rabota vo kancelarija , no pod uslov da rabotis cesno i posteno do krajot na vremeto predvideno za taa rabota ti ke ja zanemaris rabotata mislejki na idnata rabota , pa taka e i so zivotot i rajot ,ti zborat deka ovoj zivot e senka cvet deka tvojata tatkovina e neboto ne ovoj svet
razdeli pa vladej
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Овој тип е тешка превара.
Некои од работите кои ги кажува се вистина, но мислам дека многу од модерниве "пророци" и сезнајковци намерно шират хистерија за целите на заинтересираните групи коишто наводно ги разобличуваат.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Шизофренија је опасна ствар.

Sent from my GT-P3110 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom