Дата центри

  • Креатор на темата Креатор на темата Lqwe
  • Време на започнување Време на започнување
А има нешто повеќе информации околу дата центарот што сакаат да го градат? Не пратам многу, па не сум налетал на детали (ако воопшто имаат споделено).

Ако се работи за традиционален дата центар - не гледам никаков проблем. Дали ни е потребен? Не знам, но може да биде од корист за cloud, storage, disaster recovery, банки, телекоми, приватни и државни системи, ... Потрошувачката на струја постои, како и потребата за ладење, но кај нив ладењето се решава со класични системи за ладење/HVAC, плус потрошувачката на струја е поумерена.

За AI дата центар - тука сум малце поскептичен. Супер ИТ инфраструктура ако го гледам само како такво, ама е многу сериозен товар за нас. Не правиме муабет за неколку сервери со GPU, туку за цели кластери што си бараат сериозна енергетска и мрежна инфраструктура. Тука веќе не станува збор само за „дата центар“, туку голем индустриски потрошувач. Еден AI дата центар може да троши струја колку цели градови кај нас. Со ограничен енергетски систем, зошто би си ставале дополнителен товар на потрошувачката, пред да обезбедиме доволно евтина и сигурна енергија за домаќинствата и индустријата што веќе ја имаме?

Исто така, тука е и ладењето. Не значи дека мора да троши огромни количини на вода, пошто има различни решенија и затворени системи за ладење, но ако се гради голем објект мора однапред да се знае колку вода ќе се користи, од каде ќе се обезбедува и слично...

На крај на денот сѐ се сведува на економските придобивки. Дали е планот државата да ги гради (чисто сумњам) или ќе му обезбеди инфраструктура и ресурси на некој странец? Колку работни места, даноци, знаење и реална додадена вредност би имале ние?
 
Да беше датацентарот од операторите немаше Мицко да трча и да го рекламира и оние на фејс да лаат дека народот е прост оти бил ПРОТИВ, си имаат операторите потпароли за јавност и слично.

Најверојатно станува збор за некоја странска нова фирма и најверојатно станува збор за голем дата центар.
нешто големо од овој калибар
Прегледај го приврзокот 485938
Значи од 2018 до сега Гугл и Фејсбук чекаат на ред за да изградат у Македонија дата центар. :)
 
Не е ова дата центар типичен него фабрика за АИ. Тоа што куцате на чат џипити што ви генерира.
 
Епа тоа, де. Баш тие дата центри се опасни по околина и природни ресурси и струја.
А башка што поради нив ги поскапеа РАМ мемориите глобално.

И ако е фабрика за АИ, тогаш не мора да значи дека некои од македонските компании ќе ги користи нивните услуги, они може комотно глобално да продаваат од тука remotely.

ЗНачи врти сучи, нема ќар за нашата држава и нашиот народ од овие АИ дата центри, има само за таму некој да си стаи у џеб.
 
Screenshot 2026-08-28 143618.png

Мене ме занима за кои од овие дата центри, онојпат воведоа дупла измислена ставка на сметката за струја под дифолт од 200 ден за пристап до електродистрибутивен систем, додека пак си има друга ставка за пренос на електрична енергија од електро системот, врти сучи, не по врат по шија.

Дали Владата навистина има странски инвеститор заинтересиран да гради приватно у нашата држава или пак станува збор за Националниот Дата Центар?

Имаше некој објавено на фејс за сите овие дата центри моментални дека спаѓаат во мали, нормални дата центри од коишто дел се во згради и се потребни на операторите како дел од инфраструктурата за испорачување на интернет и други услуги. И тоа се е океј. Не користат вода, имаат системи со вентилација/климатизација, генератори, UPS уреди за струја итн...

Еве конечно најдов: :)
Во Македонија во моментов постојат 7 (6 во Скопје и еден во Деве Баир) објавени комерцијални дата центри:
Interspace DC MK-SK-1 5 MW
со намена: Colocation, cloud, сервери, мрежна инфраструктура, критични деловни системи
neoDC – Neotel/Neocom - 2х112 KW напојување
со намена: Carrier-neutral colocation, сервери, cloud, hosting, телекомуникациска
Skopje Exchange Teleroom (SET)-необјавено MW
со намена: Colocation, PoP/vPoP, телекомуникациска опрема
DTS Datacenter - необјавено МW
со намена: Colocation, cloud/connectivity и деловни IT системи
Akton Skopje - необјавено MW
со намена: Телекомуникации, мрежни услуги и colocation
Net.Bit Datacenter - Необјавено МW
со намена: Hosting, сервери, colocation и интернет услуги
Interspace DC MK-DB-1 (Деве Баир)
необјавено MW
со намена: Business-critical systems, network/PoP, DR
Постојат и повеќе некомерцијални кои ги користат банките исклучиво за свои потреби,
Македонски Телеком — најмалку 3 физички DC локации, A1 Македонија — исто така има свои дата-центри, Царинска управа — DR DC Прилеп и Националниот државен дата-центар за кој, пред 1 месец министерот за дигитална трансформација изјави дека локацијата и финансискиот модел сè уште се обезбедуваат, а физичката изградба не треба да се смета како постоечки оперативен дата-центар.
Значи постојат...и треба да постојат
Никој не се побунил.
Зошто?
Затоа што никој од овие дата центри не побара нови 110 или 400 KV далеководи, трансформатори, не користи вода од река, најчесто се сместени во постојни градежни објекти, струја за функционирање си набавуваат на слободниот (либерализиран) пазар – за фирми и големи потрошувачи
...едноставно, се сочува природата.
Значи, никој не е против дата центрите!
Проблемот е уништувањето на природата.
Затоа!

Извор
 
Последно уредено:

Како ќе се уништи природата кога земаат техничка вода која не е за пиење и водата се обезбедува од вештачките езера кој во Македонија ги има многу. Струјата може да се обезбеди преку соларни централи (преку ден) и преку ХЕЦ (преку ноќ). Ладењето е во два системи од кој едниот користи техничка вода со други додатоци која ја врти во системот (нешто слично на топлотните пумпи дома). Сериозен си со 400kV трафостаници :pos:.
 
ако е така зошто сме увозно зависни за струја, претпоставувам занеш дека 1/4 до 1/3 од струјата ни е од увоз?

Знам дека 1/4 е од увоз, а тоа е затоа што немаме изградено ниту еден капитален енергетски проект 35 години. Под ова мислам завршување на проектот за максимално искористување на хидро-електро потенцијалот на Црна Река (изградба на 4 ХЕЦ+1 брана Орлов Камен и зајакнување на капацитетите за наводување) и почнување на проектот максимално искористување на хидро-електро потенцијалот на река Вардар, почнување на проектите Луково поле и Бошков мост. Дополително затворање на РЕК Битола и Осломеј и нивното место да го завземе некоја нуклеарна електрана. Со ФЕЦ мислам добро ни оди.
 
Како прво тоа што е напишано не е мое мислење, наведов извор најдоле. Не можам да уредам нека го стават Модераторите у цитат.

Како друго, растенијата мислиш дека пијат технички исправна вода? Таа вода што ќе ја троши тој дата центар е природна вода од подземни води и дождовници и како таква и е потребна на природата во таква природна форма, а не загреана па истурена у почвата. Просто кажано и е потребна за наводнување (природно). Каде што почвата е заситена со вода, сите знаеме дека има вегетација, ако е пуста, не расте ништо. Од кои извори точно зимаат вода у Пехчево јас не знам, можеби користат и некои потоци.

Зошто Владата бара "одобрение" од јавноста во врска со тој дата центар у Пехчево и идните 5-6?
Како оние горенаведени дата центри функционираат без одобрување од јавноста?

Жими стојче што ќе стават колектори кога тие нема да обезбедуваат толку струја колку што треба.
И доста ги споредувате со Америка, Индија, таму, ваму, кога тоа се држави што имаат нуклерни централи за струја, а ние, пак ќе кажам, увезуваме.

За да инвеститорот си купи (увезе струја) мора да има некоја електро мрежа што ќе ја достави таа струја до дата центарот. Кој ќе му го направи тоа?
Сам? Зарем не му е поевтино на некој да вложи милиони у друга држава којашто ќе му даде електро мрежа на тацна?

Кој е карот за нашата држава од дата центар? 10 вработени со се чистачка и чувар?

Која е загубата за нашата држава и народот од дата центар?
ПОВИСОКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА
ПОДИГАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА ОКОЛУ ДАТА ЦЕНТАРОТ И ВЛИЈАНИЕ ВРЗ КЛИМАТА И ПОЧВАТА У ОКОЛИНА
ГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА НА СТРУЈА
ГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА НА ВОДА

Абе, луѓе, Шиптарине, никој не плаќа сметки, ЕВН инкасатор не смее да стапне у Арачиново да ги исклучи од диво на бандера, па НИЕ плаќачите плаќаме поскапо поради долговите на МЕПСО, ЕСМ и ЕВН.

Ја еве сум од простиот народ и не разбирам. Може ли некој да ми објасни зошто го плаќаме ова подвлеченото?

Screenshot 2026-08-30 123452.png

П.С. Оваа сметка не е моја, ја најдов на нет.
 
Последно уредено:
Знам дека 1/4 е од увоз, а тоа е затоа што немаме изградено ниту еден капитален енергетски проект 35 години. Под ова мислам завршување на проектот за максимално искористување на хидро-електро потенцијалот на Црна Река (изградба на 4 ХЕЦ+1 брана Орлов Камен и зајакнување на капацитетите за наводување) и почнување на проектот максимално искористување на хидро-електро потенцијалот на река Вардар, почнување на проектите Луково поле и Бошков мост. Дополително затворање на РЕК Битола и Осломеј и нивното место да го завземе некоја нуклеарна електрана. Со ФЕЦ мислам добро ни оди.
утре да почнеме да ги градиме (а нема шанси за тоа) нема да ги завршиме наредни 35 год. до тогаш којзнае која технологија ќе биде во тренд и кои ќе бидат потребите,
а ова со нуклеарнава централа па да не даде господ такво нешто, можам само да замислам кога ќе се вработат на раководни функции партиски кадри од : дрпмне, сдсш, чесни кадри на дуи и влен... останатите вработени по: роднинско, пријателски и љубовни врски...
која трагедија би ја направиле за планетава во рок од неколку години
 
Кај нас ако отворат нуклеарна централа ќе праат серија за продолжение на Чернобил брзо после тоа.
 
Кога ќе биде под концесија 30 години нема да се случи ништо. Моменталната ситуација во државата те тера така да размислуваш.
 
Back
На врв Bottom