Дали знаевте дека постојат Дарвинови награди? Честа да бидат добитници на Дарвинова награда ја имаат само оние луѓе кои помогнале да се подобри човековиот род, со тоа што на крајно идиотски начин, се отстраниле самите себеси од неговите редови.
Деби Милс од Њубротин, 99 години, била убиена додека поминувала улица. Требало да наполни 100 следниот ден. Поминувајќи ја улицата заедно со нејзината ќерка, одејќи на сопствената роденденска прослава, нејазината инвалидска количка била удрена од камионот кој ја испорачувал роденденската торта.
Елдон Грил изгорел во пожар кој го зафатил неговиот автомобил, кога тој се обидел да ја запали куќата на комшијата. Тој со автомобилот отишол до куќата и фрлил молотов коктел, при што шишето се одбило и паднало врз неговиот автомобил и го запалило.
После брачните расправии во Буенос Аирес во Аргентина,25 годишен маж ја турнал својата 5 години помлада сопруга низ прозорецот, а починал обидувајќи се да ја докрајчи. Жената се закачила на една од жиците со струја. Кога тоа го видел сопругот, скокнал за да ја турне од жицата, но ја промашил и загинал како резултат од падот од 8-ми кат. Жената преживеала.
Лери Слесер бил убиен откако успеал да го убеди својот најдобар другар да гаѓа конзерва која ја ставил на својата глава. За жал неговиот другар ја промашил конзервата и го погодил во главата.
Џорџ Шварц, сопственик на фабрика во САД, неверојатно среќно ја избегнал смртта, кога неговата фабрика експлодирала. Целата фабрика била срамнета со земја, освен еден ѕид. Откако ги излечил повредите, Шварц се вратил до рушевината, каде барал остатоци од некои документи. Додека ги барал, единствениот останат ѕид се срушил и паднал точно врз неговата глава. Починал на лице место.
Ромало Рибола од Италија, бил во тешка депресија бидејќи не можел да најде работа. Зел пиштол седнал во кујната и сакал да се убие. Неговата жена долго разговарала со него, и го молела да не се убива. После 2 часа убедување, Рибол го фрлил пиштолот и ја прегрнал жена си. Пиштолот паднал на подот, пукнал и ја убил жената на Рибол.
Кенет Бергер (47) случајно извршил самоубиство кога доцна во ноќта го пробудил телефонот. Тој полузаспан посегнал по телефонот, но наместо него го зел пиштолот кој стоел до него и се застрелал во главата.
Во јужниот дел на Египет шест лица се удавиле обидувајќи се да спасат кокошка која паднала во 60 метри длабок бунар. Прв слегол18 годишниот фармер, потоа слегле неговите двајца браќа и сестра им. Тие еден по еден слегувале и се давеле бидејќи никој не знаел да плива. Кога го виделе ова двајца стари фармери се обиделе да им помогнат но и тие се удавиле. Телата на шесте лица подоцна биле извадени, а кокошката преживеала.
Ловокрадецот Марино Малерба пукал во елен кој стоел на карпа и загинал кога погоденото животно од карпата паднало право врз него.
Дејвид Данил, 17 години, бил убиен од неговата девојка одкога пробал да го добие тоа што го сакал. Неговото непожелно напредување било дочекано со двоцевка. Такткото на Чарла (девојката) и ја дал пушката еден час пред состанокот, за секој случај.
Меган Фрај, 44 години, била убиена од 14 полицајци одкако залутала во полициска симулација - вистинско пукање во лажен град. Кога ги видела полицајците како полека се движат по улуцата Меган Фрај скокнала пред нив и викнала "Буууу!" Полицајците, мислејќи дека е мета, испукале 67 куршуми, од кои 40 ја погодиле метата. "Таа изгледаше како многу реална мета", изјавил еден од полицајците во својот извештај.
Хелена Симс, сопруга на познатиот американски нуклеарен физичар Харолд Симс била убиена од својот сопруг одкако извршила прељубила со соседот. Во период од 3 месеци Харолд и ја заменил сенката за очи на Хелена со високо радиоактивно ураниумско соединение, додека не умрела од труење со радијација. Иако имала многу симптоми, вклучувајќи тотално губење на косата, ослепување, екстремно повраќање, а дури и една ушна школка и испаднала, жртвата никогаш не посетила доктор или болница за проверка.
Конард Мидлтон, 26 години, бил убиен од неговиот брат Брајан после недоразбирањето за тоа кој треба да ја земе семејната куќа одкога нивните родители ќе починат. Конард имал пролблеми со носот и воопшто не можел да чуствува мирис. После караницата Брајан гневно излетал од куќата, се вратил назад и ги отворил 3-те плински вентили во куќата, полнејќи ја со плин. Тогаш оставил кутија цигари, запалка и порака во која пишувало: "Извини за мешаницата, испуши една од мене, Брајан". Конард запалил цигара и се уништил себе си, но и куќата.
не е убаво да се смееш на вакви работи сепак треба сочуство.. али ја прснав од смеење