Дали знаете дека вокалистката Љиљана на екс ЈУ група „Магазин“ имала потекло од Македонија по татко од с.Битуше?
нејзини најголемите хитови со групата Магазин се : „Тамара“, „Коколо“, „Пиши ми“, „Ти жеља мог живота“, „Три сам ти зиме шаптала име“ и многу други,
Еве накратко што изјавил нејзиниот татко Боро од реканското село Битуше:
„
-Дојдовме во Македонија, во посета на мојот брат, кој беше на умирање, а кога се вративме во Сплит, не ни беше дозволено да влеземе во нашиот стан, бидејќи во него веќе беше вселен друг човек. Со години нашиот живот е како песната на Љиљана, ,,Пут путујем”, бидејќи живееме без постојана адреса.
Првин живеевме во Скопје, па потоа во Белград кај роднини на Вера, па во Америка, од таму пак во Македонија на село, во старата куќа на мајка ми, која ја делеа тројца браќа. Тоа не е живот! -раскажуваше таткото на Љиљана Николовска (61) за хрватските медиуми, во време кога траеше нивната голгота.
Со само 19 години во 1983 година Љиљана стана вокалистка на групата Магазин, и токму со неа групата ја стекна најголемата популарност ширум Југославија. Со Магазин сними седум албуми, и ја напушти групата во 1990 година, селејќи се во Америка.
Нејзиниот татко Боро е од реканското село Битуше. Тој како воено лице заедно со мајката на Љиљана, Вера, се преселиле во Хрватска, а беа актуелни во јавноста поради 20-годишната правна битка за нивниот стан во Сплит, кој им беше одземен, и годините кои следуваа ги поминаа селејќи се во Скопје, во Битуше, во Белград.
Државата им го врати станот во 2012 година.
Љиљана денес живеела со сопругот Пит Мазич и со синот Тони во Сан Педро. Таа во 1996 година го сними својот соло албум „Лет“, но не се врати на сцената. Неретко објавува фотографии од секојдневието во Америка, на кои се гледа дека е посветена на својата градина и на домашните миленици, а пред неколку години изјави дека не жали што заминала од групата во екот на популарноста. “