Дали знаете да се шегувате на сопствена сметка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Многу често знам да се пошегувам на своја сметка и не ми пречи доколку некој од друштво се шегува на моја сметка.Се во знак на добро и позитивно расположение :)
А за оние кои се лутат и не прифаќаат шала на нивна сметка.......го прифаќам тоа и не се шегувам на нивна сметка.
 
И се шегувам на сопствена сметка и трпам да се шегуваат на истата. Ама онака, „здрави“ шеги, да те насмеет убо, не ко да ги кажале Нина или Тошо.
 
До одредена граница.:smir:
 
Па најслатко е коа ке се насмееш на сопствена сметка :)
 
Сепак..дали пред женска..шмек..да ја ќариш..па нормално е да напрајш шега на своја сметка..интересот за тебе тогаш мислам дека скока..да имаш смисла за хумор..но и на твоја сметка..
Шмекер се согласуваш барем малце..?„
 
Да. Се шегувам на своја сметка. Кога некој ќе спомне нешто, знам да довршам, знам и да започнам шега на смоја сметка од едноставна причина што јас правам шега на туѓа сметка, и би било лошо да не дозволувам шега на моја сметка.
 
нормално...повеке ми е смешно јас на моја сметка ко ке се шегувам него на друга...а и доста интересно ми е некој друг кога ке ми го "летни" :)
 
Па да, обично не се лутам на зезанции на моја сметка, почнувам и јас да се смеам. Али се што е во границите на нормалата... Кога ќе се премине таа граница веќе не е шала него повеќе навреда :nenene:
 
Зависи од моментот, воглавном се шегувам на моја сметка но во последно време не знам што ми е и им се развикувам на тие што ќе се пошегуваат на моја сметка дури и се каам заради тоа, пошто знам дека не било со лоша намера кажано ама сепак :nesum:
 
Порано се лутев кога ќе се насмееја на моја сметка, дури и не им зборував одредено време на пријателите/другарите. Сега тоа го прифаќам сосема спонтатно и одвреме навреме се шегувам на своја сметка (во зависност од "исплатливоста" на шегата и нејзиниот ефект), секако не во преголема мера бидејќи се што е претерано е штетно. Ако нонстоп се шегуваме на сопствена сметка може да станеме предмет на исмевање или да не сфатат како крајно несериозни личности дури и во најсериозните моменти. Како приказната со овчарчето кое лажело дека волкот му ги изел овците, а потоа кога навистина се случило тоа и кога викал помош, никој не му верувал.
 
Знам да се шегувам на своја сметка, во граници на нормалата, а не некои екстремни, и навредувачки шеги :)
 
Не се лутам нешо, али би ми пречело цело време тоа да ми го праат.
Имам едно другарче абе цело време на негова сметка се смеат...дај више претераа! Не е смешно веќе...
Све си има граница...знам да се насмеам на моја сметка, ама одма после тоа враќам..исто на шала :)
 
Прифаќам, додека е во границите на нормалата...
Ако истресам некој бисер или да направам некоја глупост па и јас ќе си правам мајтап самиот :)
 
Нормално.
Се шегувам на своја сметка,како секој нормален човек.
Но офкорс се си има граници =).
 
Добро е понекогаш да направиш шега на своја сметка, но во граници да не испаднеш смешен, шегата е добар лек во денешни услови на живеење кога се срекаваме со стресни ситуации
ПС користете вицеви и досетки наместо таблети против стрес.........
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom