Дали живееш Сајбер-живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално дека живееш некој сајбер живот, на самиот ник што го избираш при чат на форуми едноставно му градиш имиџ. Секој ден сум на компјутер бар по 3-4 саати (а може и повеќе) се допишувам со многу луѓе постирам на форумов едноставно го живеам тој сајбер живот. Каков што сум у реалност такв сум и на нет не практикувам да глумам.
 
живеам сајбер живот,постојано сум на ирц,мсн,форумов,можам да кажам дека сум зависна од нетот!Доаѓам во конфликти со други за нетот само поради тоа што ги имам запоставено,на пример губиме час и сите на кафенце а ја во интернет кафе:je: или кога се собираат негде 1 саат ме молат за да станам од пс,луда работа е во интернетов без заебанции:je:
 
RealGirL напиша:

Ти си болна чоече, под хитно да се лекуваш! :)
 
Да разјасниме, ако некојси кој не го познавам ме пцуе на форум или чат, ама ич не ми чуе. Јас интернетот го користам да запознаам луѓе кои во обичен живот не би можел, луѓе кои живеат далеку, луѓе кои не би ги сретнал на слични места како моите итн. Иако доста различни од мене, сепак сум приметил дека имаме многу заеднички работи за секојдневно да се дружиме. Не очекуваш дека некој пријател може да те опцуе или слично на интернет, бидејќи тоа е подлогата за разговор, нели?

Имам прекрасни пријателства со луѓе кои сум ги запознал на интернет. Прекрасни луѓе со прекрасни умови кои обично не би можел да ги запознаам. За мене и за нив тоа е искрено пријателство, стекнато на интернет и е потполно исто доколку би било стекнато во кафуле, на пазар или кафеана. Зошто и интернетот е за тоа, оставете глупаците шо го злоупотребуваат. Инаку, гореспоменатата група на луѓе состои само 0,01% од луѓето кои секојдневно ги среќавате низ виртуелниов живот. Што значи, премногу е тешко да најдете сериозен, добар, искрен пријател.
 
Па скоро пола од моето секојдневие сум пред комјутер и на интернет така да го живеам и Сајбер животот...и многу сум срекна поради фактот што го имам....да не беше тој не ке можев толку лесно да комуницирам и да одржувам другарство и пријателство со многу луге кои ми значат нешто во животот,а не се тука во мојот град...едноставно си пиеме кафе преку нет, знаеме се што се случило денес кај мене кај нив...да не беше нетот не ке го можевме тоа...плус нови пријателства познанства...кај можеш толку луге да запознаеш и толку бргу информации да добиеш ако не преку нет...ми се допага тој живот и уживам што го имам ...:je:
 
Princ напиша:
Муабетот ми е: на пример ако напишам нешто за вас на форумов на некоја тема, ако ве навредам... дали воопшто ќе ве замара тоа? дали ќе ми одговарате? дали ќе влезете у војна со мене?
Апсолутно НЕ! Па зошто јас да се замарам и да си ги трошам нервите на некој кој тоа не го заслужува? Ќе те игнорирам и готово.
 
Au porano bev fanatik,ama sea sum onaka.Si steknav prijatelcinja od irc so u zivo gi upoznav(duri i decko mi :)) taka da se od tamu mi e realnost,a i vistinski mi e identitetot,taka da net mi e sretstvo za komunikacija nisto drugo.
 
Има луѓе кои немаат граница меѓу виртуелен и реален живот, што резултира со немање нормален живот и единствено што знаат е само комјутер и живеат за тој виртуелен живот.
Сум запознала прекрасни луѓе на интернет од цела Македонија и ден денес одржувам контакти, значи не останале само виртуелни пријатели. Никој до сега не ме навредил од нив, сите со кои комуницирам имаат добар однос и јас се однесувам со нив така.
Работата ми е поврзана со интернет и сакала-не сакала живеам во тој сајбер свет, но не ми е единствен свет. И кога живеев подалеку од дома имав потреба да комуницирам со луѓето кои ми даваа поддршка секој ден преку мсн.
 
FortunE напиша:

Е за болдираниот дел се согласувам со тебе (ќе ја потврдам мојата согласност со тоа што ќе ти дадам зелено откако ќе го објавам мислењево).
Исто така, тие луѓе ако ги наљутиш нешто у сајбер-животот, ќе ти вратат (или ќе се обидат да ти вратат) во иста мерка ама во сајбер-животот. За нив ова е еден цел свет а ти си само надимак.
 
Не можам за себе да кажам дека сум иста тука и во живо, но не можам да кажам дека сум и сосема различна. Држам до своите принципи без разлика дали се работи за муабет преку мсн, на форум или во живо. Некогаш пример на форумов ми фали да стресам глупост или да се зафркавам како што тоа го правам во живо и на мсн, тука се изразувам литературно, а во живо со дијалект.
 
Живеам сајбер живот,но во рамките на нормалата.Не сум од оние типови у стил да не излегувам со друштво за да правам муабет со некој на мсн.Веројатно не сум многу поразлична,тоа треба да го кажат оние кои ме знаат во двата "света".Не се лутам ако некој ме навреди,ни на нет нити вака во живо,туку само враќам со иста мера колку да си попукам малку сеир.:bip:
 
Дел од животот го поминувам СО мрежата.
 
Princ напиша:
Муабетот ми е: на пример ако напишам нешто за вас на форумов на некоја тема, ако ве навредам... дали воопшто ќе ве замара тоа? дали ќе ми одговарате? дали ќе влезете у војна со мене?
Јас стојам зад секој збор овде напишан и подготвена сум да го кажам истото - на маса и во очи. Меѓутоа, никого (бар не намерно) не би повредила или навредила на жолотово. Не пред илјадници очи и не без шанса за аргументирана дискусија и секако не - без добар разлог. Тоа е мојот избор. Некои избираат да останат анонимни, и да содаваат лик кој реално не може да се сретне, а виртуелно знае да касне.
Како одговор на твоето прашање - не би влегувала во конфликт со некој што се погрижил да не постои.
И затоа Принс, би те замолила да ми/ни објасниш, зошто ти воопшто би се замарал да навредуваш некого тука и да влегуваш во војна? Навистина би ми помогнало да си протолкувам некои, за мене уште нејасни ликови.
 
Aceva напиша:

Ќе ти реплицирам само за делот кој се однесуваше директно на мене: Јас лично не би навредил некого на форумов или би влегол во војна со некого на форумов. Кажав во првиот пост на оваа тема дека се работи за еден другар. Епа со него ние све фино-лепо си стоиме у живот. Ама на форумов ако му контрирам малку, ќе се изнервира (ја на ПЦ број девет седам во интернет кафево, он на осмица), ќе ми каже дека ќе ми даде црвено за тој пост, ќе ми даде црвено, после тоа одиме на кафе и уште е лут. Мислам, не може да ја држи линијата помеѓу сајберот и вистинскиот живот.
 
Тупни му една васпитна. И од мене. Па нек ми стаи црвено. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom