Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кога би имала прилика би ја напуштила без око да ми трепне. Не сум патриот. Воопшто. Нема ни зошто да бидам. Мене оваа држава ми нема пружено ништо. На татко ми му пружи, бркање од работа, без никој ништо да не превземе и сега на 46 години `рмба ко црнец за да преживееме и да врземе крај со крај. Не ми е срам да признаам, од просечно семејство сум, но чесно. Никогаш за неговите 20 години работа во фабриката не земал ништо за да донесе дома, а можеше. Секогаш викаше дека не вреди за ништо да си ја изгуби работата. И ова е многу мудро од негова страна,многу често знае да го каже..."Никогаш не сум крадел, никаде не сум должник, земам просечна плата, но мирно спијам.Знам дека никој нема да ми тропне на врата во било кое време од денот".
Сериозно размислувам да фатам патот од тука. Смачено ми е од се! Смачено ми е да го гледам татко ми како се мачи за да опстанеме. А немоќна сум. Ако се вработам тука (зборувам за Велес) ќе земам најмногу 5000 денари плата. Како би му помогнала со тие пари јас него, малку да го ослободам и да се одмори. Таков ни е градот. Никаде нема за повеќе. Студенти има со лопата да ринеш а работа никаде. Жална ни е ситуацијава во државава.
Прва можност бегам од тука. Подобро ќе одам некаде настрана било каде, нема да ги гледам моите, но барем ќе знам дека им помагам и барем ќе знам дека се гордеат со мене. Малку и нив ќе им се симне товарот од грб што еве веќе 4-5 години го носат.
Најпосле татко ти завршил факултет има обични луге кои работат обични работи ...Јас мислам дека младинава е во лош филм.
Едно 70% од сите кои се имаат изјаснето за напуштање на земјата поради економски причини потекнуваат од добро ситуирани семејства.
Имаат за нормален живот.
Најпосле татко ти завршил факултет има обични луге кои работат обични работи ...
Вреди. Само средново да го завршам и одма бегам од тука![]()
Абе срцОчигледно е дека многумина ја немаат прочитано Печалбари од Антон Панов...
Не е исплатливо да се напушти државата за обични работи да работиш (предпоставувам мислиш на келнер, чистач, домар, во супермаркет итн), бидејќи ти се фаќа исто како и да работиш овде ако пресметаш колку заработуваш таму и тошоците кои ќе ги имаш таму.
Да заштедиш нешто за овде е тешко, освен ако не подигнеш кредит кој после треба да го враќаш цела година (ако ти е да се курчиш со BMW и да трошиш франкови по кафичите)
Во предност си ако останеш тука бидејќи имаш пуштено корени веќе, какви такви. (куќа од родителите, имаш пријатели и роднини кои ќе се до тебе ако ти се потребни, си ја знеш околината а и имаш исти менталитет)
Е веќе ако зборуваме за професионален работник (значи со звање, дипломиран) тоа е веќе друга работа, но се зависи до пазарот на труд во посакуваната дестинација.
На пример јас со мојата диплома по класична археологија неможам да одам да работам во Америка, него во држави на медитеранот каде има потреба од такви како мене, а и истите создаваат такви кадри така да тешка работа.
Освен во Јапонија како стриптизета да одам, немам друго чаре.
Абе срцјас ја имам прочитано Печалбари ама да цитирам нешто а да не испаднит ко реклама Нема леб без мотика... така да некој мора да работи нормално дека за професор нема да те побараат одма но ако си способен ништо чудно и тој статус да го добиеш..
У преднос сум сега ми даде инспирација ке одам да собирам полжави..:smir:
За тебе ке ургирам кај Паско комшијана ..
Кој рече дека сакам многу пари а и дека лугето бараат многу пари ?Абе вие правете си филмови дека со средно ќе најдете убава работа во странство и ќе имате пари многу, принцот на белиот коњ со швицарски табли дека ќе ве најде and that you'll live happy ever after...
Кој рече дека сакам многу пари а и дека лугето бараат многу пари ?
најпосле во поглед на начинот на живот се многу подобри од нас опуштени, свои, не препотентни, Принц на бел којнхм...а ако имаш роднини тогаш уште поубо, сам е тешко да појдиш ама ако имаш некој да те пречека тогаш можеш да го јавниш којнот
на белиот принц и врати се од ко ке спечалиш и направи нешто добро за Македонија
![]()
Кога би имала прилика би ја напуштила без око да ми трепне. Не сум патриот. Воопшто. Нема ни зошто да бидам. Мене оваа држава ми нема пружено ништо. На татко ми му пружи, бркање од работа, без никој ништо да не превземе и сега на 46 години `рмба ко црнец за да преживееме и да врземе крај со крај. Не ми е срам да признаам, од просечно семејство сум, но чесно. Никогаш за неговите 20 години работа во фабриката не земал ништо за да донесе дома, а можеше. Секогаш викаше дека не вреди за ништо да си ја изгуби работата. И ова е многу мудро од негова страна,многу често знае да го каже..."Никогаш не сум крадел, никаде не сум должник, земам просечна плата, но мирно спијам.Знам дека никој нема да ми тропне на врата во било кое време од денот".
Сериозно размислувам да фатам патот од тука. Смачено ми е од се! Смачено ми е да го гледам татко ми како се мачи за да опстанеме. А немоќна сум. Ако се вработам тука (зборувам за Велес) ќе земам најмногу 5000 денари плата. Како би му помогнала со тие пари јас него, малку да го ослободам и да се одмори. Таков ни е градот. Никаде нема за повеќе. Студенти има со лопата да ринеш а работа никаде. Жална ни е ситуацијава во државава.
Прва можност бегам од тука. Подобро ќе одам некаде настрана било каде, нема да ги гледам моите, но барем ќе знам дека им помагам и барем ќе знам дека се гордеат со мене. Малку и нив ќе им се симне товарот од грб што еве веќе 4-5 години го носат.
Абе вие правете си филмови дека со средно ќе најдете убава работа во странство и ќе имате пари многу, принцот на белиот коњ со швицарски табли дека ќе ве најде and that you'll live happy ever after...