Amnaesiac
Paranoid Android
- Член од
- 9 декември 2008
- Мислења
- 1.818
- Поени од реакции
- 43
...
А и тоа фон многу ми се свиѓа.
Првата асоцијација ми е... МИНХАУЗЕН !!!
аа не ги мешај, тој беше носител на племенита титула, барон
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
...
А и тоа фон многу ми се свиѓа.
Првата асоцијација ми е... МИНХАУЗЕН !!!
Да де...аа не ги мешај, тој беше носител на племенита титула, барон
не ги поддржувам најголемиот дел од владините кампањи (не сите, има и дебилни и лоши и не толку лоши и прифатливи и дури и добри) ама не се сложувам дека ја нарушуваат приватноста
не гледам како би ја нарушиле, ама за тоа објаснија многу луѓе на темава пред мене
слушај пријателе, тие работат 20 часа дневно, и за празници и недели држат седници и толку се транспарентни што ги репризираат по десетина пати, па кога да прават деца
дали тебе кога по 20-часовен работен ден би дошол дома и би легнал со жена ти или девојка ти, би ти се дигнал (ако да, секоја чест)
а за остварување деца прво треба да ти се дигне нели
Секој има право да ти сугерира колку деца да имаш.Никој нема право да ти дојде дома со пиштол на глава и да ти нареди да имаш 3 деца,да не абортираш,да бидиш Македонија...ти дојдол некој од владава со пиштол дома и те терал да правиш нешто со сила????Никој нема право отворено да сугерира и да ти кажуе колку деца ти ќе имаш.
Ако сакаш,о.к.
Ако не...твој живот,твое решение,твој начин= твој проблем.
Тоа поглавје носи наслов загарантирана приватност.
ДПМНЕ стартуваше неколку проекти во рамки на кампањата ти си Македонија.
quote]
Откога ДПБНЕ за тебе стана ДПМНЕ, или дека отвораш тема па да напишиме по нешто.
ОВДЕ НЕМА НИШТО НАПИШАНО.
Оправдано....ќе те рокнат:helou:Да го напишеш ова во Кина ќе те стрелаат на плоштад.:pos2:
не разбирам со што ја нарушуваат приватноста?
не разбирам со што ја нарушуваат приватноста?
Zeko daj ne otvaraj vakvi temi, Go predizvikuvas gavolot :2.Следечо... абортусот бил убиство.
Памфлети со крв и некои ножици изналепени по цел град,онака...по бугарски.
Чешам глава ја,палам една цигара и контам дали е поголем грев некои дечко и девојка кои што `склепале` некое бебе по грешка на едно 17 год да ги осудиш да го чуваат и да се грижат за него или пак едноставно да го разрешат и да си признаат дека не се доволно убедени дека доволно се сакаат и познаваат,а не па уште одозгора на таа возраст да примат така сериозни обврски.
Владата прави терен за забрана на абортусот
Владата, по се' изгледа, подготвува терен за воведување ригорозни услови за абортус, со кои практично и ќе се забрани прекинувањето на несаканата бременост. За оваа новина се планира нов закон. Како што дознаваме неофицијално, законот ќе биде со толку радикални критериуми што жената практично и сама ќе се откаже од прекин на бременоста и ќе нема потреба од забранување на абортусот. Колку ќе биде радикален овој закон, според неофицијални извори, покажува и тоа што се размислува меѓу условите за абортирање да се стави и одредба каде што и мажот ќе се прашува дали жената ќе смее да ја прекине бременоста. На ваквите радикални промени за прекин на бременоста, како што велат добро упатени владини извори, инкогнито работи група пратеници, затоа и ништо конкретно не може да протече во јавноста.
Засега, никој од надлежните не сака да потврди дали се подготвува толку ригорозен закон за абортус. Од Министерството за здравство велат дека се' уште нема никаков пишан материјал или работна верзија за посебен закон за абортус. Но дека, сепак, се крчка закон за воведување ригорозна забрана на абортус се потврдува со тоа што на седница на Владата била изнесена информација како е решено прашањето со абортус во земјите на ЕУ.
Таа е насловена како „Осврт на правните практики во Европа и светот, релевантни за регулирање на абортусот“, што е во прилог на донесување современ закон за прекинување на бременоста во Македонија.
Министерот за здравство, Бујар Османи, ни потврди дека на владина седница била изнесена компаративна анализа за состојбата со абортусот во земјите на Европската унија. Но, Османи тврди дека се' уште нема никаков пишан материјал со кој се планира да се забрани абортусот. „Се' уште немаме поставено ни насоки за негово изготвување“, ни изјави Османи, кој призна дека се планира посебен закон за абортус со тоа што условите за прекин на бременоста ќе бидат дадени прво на стручна и јавна расправа.
Иако, министерот Османи вели дека засега нема ни насоки за новиот закон за абортус, компаративната анализа, сепак, содржи правни одредници и препораки за абортусот како од Советот на Европа, така и од СЗО. Во неа се вели дека Македонија е во категоријата на земји со најлиберални услови за абортус.
А, сомневањата дека Владата планира построги услови за абортус уште повеќе се разгоруваат со тоа што во Скопје повторно осамна анонимна кампања со плакати дека „абортусот е убиство“. За половина година ова е трета по ред анонимна кампања со која се осудува абортусот. Како и во првите два случаја, така и сега Владата и Министерството за здравство тврдат дека немаат никаква врска со оваа кампања. „Апсолутно не сме поврзани со кампањата“, категоричен е Османи.
Кој стои зад оваа кампања, никој не открива. Се шпекулира дека во прашање е невладина американска организација. Но, на ваквата кампања немаат реакции ни од Владата ни од Министерството за здравство, ниту пак дали ја осудуваат или одобруваат. Како и во првите две акции никој од надлежните не се потруди, ниту пак направи истрага кој и зошто ги лепи овие грозоморни плакати. Тоа што се толерира ваквата кампања, неофицијално се зборува дека иако зад неа не стои Владата, со пораките од плакатите се опипува пулсот на јавноста околу прашањето за забрана на абортусот, како спас за опасно намалениот наталитет во земјава. Посебно што податоците говорат дека бројот на раѓањата се' повеќе се доближува до бројот на абортусите.
Како и при првите две кампањи, така и за оваа жестоко реагираат невладините женски организации кои сметаат дека со забранувањето на абортус не само што се крши слободата на изборот на жената, туку тоа се коси со сите меѓународни стандарди и конвенции за човекови права