Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
е шо да прајме шо сме се родиле тука... не може да се стекне тешка пара, а да не крадиш...
зашто не знам дали гледаш наоколу, ама реално, дека парата го прај човекот човек денес, и јас не го сакам тоа, но таква е реалноста... и јас порано одев со мотото “парите се отепувачка“..А зашто си запнал со тоа да заработиш тешка пара?
Живеј си го животот и биди задоволен со тоа што го имаш и ќе видиш дека всушност имаш непроценливо богатство околу себе...
Грешка парите не го прават човекот човек, туку неговите човечки вредности. Оние на кои парите им служат за да се истакнат само покажуваат дека немаат никаква вредност во нив.зашто не знам дали гледаш наоколу, ама реално, дека парата го прај човекот човек денес, и јас не го сакам тоа, но таква е реалноста... и јас порано одев со мотото “парите се отепувачка“..
Да не беше можно да се „купи“ здравје, немаше да се отвараат теми „Помогнете му на Борче“ за да се присоберат донации за операција, луѓе немаше да умираат од ТБЦ во 21ви век, лековите ќе беа бесплатни и немаше да бидеме една од најуназадените земји во однос на медицина и здравство.Грешка си,верувај ми.Парите се потребни само за обезбедиш нормална егзистениција за себе и за своето семејство.
Но,не се клуч на среќата,верувај ми.Здравје не можеш да купиш..не можеш да купиш нормален и убав живот...
Нема што да ми е криво, баш напротив алал нека им е што успеале во животот. Секој со својата среќа. Си гледам само за мене:helou:
Јас никогаш не сум се прашувала зошто некои имаат повеќе или мнооооогу повеќе од мене, но сум се прашувала и ми е криво во врска со се` останато околу мене, значи другите сиромашни и богати.Што знам, кога созревав, кога го “сознавав“ пореално светот, многу често се прашував, како може да им толку богати, што се тие повеќе на пример од мене(знаејќи си ги своите способностите,дека би можел да постигнам нешто со интелигенцијата што ја поседувам), и многу ми беше криво...зошто светов има толку многу есктремности, има толку многу сиромашни а воедно огромни богаташи...
Како размислувате вие на таа тема?
Дали ви е криво што сигурно некој идиот некаде има милиони, а вие знаете дека имате голем потенцијал, а живеете скромно...
Клуч на среќата не се никако! Се сложувам со Псај ... без пари не се може и неможе да си среќен кога немаш да јадеш или да се облечеш, но тоа не се тие пари на кои мислиш ти. Тие основни пари се клуч, но богатствата за кои ти пишуваш - не.ама тоа шо не може да се купи со пари, може да се купи со многу пари... пак доаѓаме дека парите се клуч на среќата...
Парата го прави човекот среќен ... не би рекла. Барем во моја околина познавам доста луѓе кои имаат пари да ме купат и кусур да остане, па не се ништо посреќни од мене, дури некои се и крајно тажни и несреќни. Замисли ете еден посекојдневен пример ... да имаш некој проблем со сопругата и крајно решение е развод, а имате две-три дечиња кои јасно, беспрекорно ги сакаш, но ете мораш да се разделиш и од нив и од неа која е добра мајка т.е. нели да мораш да ги гледаш преку викенд и сл. Кои пари би те направиле тука среќен и задоволен човек?зашто не знам дали гледаш наоколу, ама реално, дека парата го прај човекот човек денес, и јас не го сакам тоа, но таква е реалноста... и јас порано одев со мотото “парите се отепувачка“..
ех токму за тоа да ти е најмногу криво... ама сепак добро е да си си задоволен од себе си...Не ми е криво за никој и за ништо. Животот е таков,непредвидлив.
На кој како му е среќата,кој како се снашол, а примери такви имаме во секојдневниот живот.
Повеќе ми е криво кога гледам дека некој ем со потенцијал,ем со успех,не можи да си ја постигни одредената цел поради која толку се трудел и борел да биде успешен. На пример,студирал,се мачел,магистрирал,на какви факултети,универзитети,колеџи и не може асолна работа да си најде и да се чувствува задоволен од себеси.И ред други примери.