Дали верувате на goal.com и на сите слични страни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување

Дали верувате во goal.com

  • Да

    Гласови: 26 22,6%
  • Не

    Гласови: 41 35,7%
  • Ретко се случува

    Гласови: 48 41,7%

  • Вкупно гласачи
    115
НЕ верувам,пишуваат све и свешто ама ги свачам дека тоа им е работа и од тоа живеат...:toe:
 
Toa sakav i jas da kazam....Takvi spekulacii se pisuvaat so cel da ima poveke posetiteli na sajtot:)ne e bitno dali se tocni ili ne!Bitno e deka denes ako napisale Gaynaldo ide vo besiktas da igra ke ima dosta luge sto ke go procitaat toa:)
 
Значи темата е малце промашена што насловот само те тера да мислиш дека станува збор САМО за goal.com. Набројте повеќе такви "срања", како што ги нарекувате, па да видиме кој на кого му верува. Од друга страна, доколку не им верувате нив, на кого им верувате ? :)
 
Мој предлог, нека ја сменат модераторите анкетата и во следниве две недели да гласаме дали да се пренесуваат информации на форумов од дотичниот медиум или не. Секој пост со содржина од гол да биде бришен без образложување.

По можност да се користат и пренесуваат информации/стории од македонски спортски сајтови, да ги подржиме, да им помогнеме, ионака со тоа што ние сме дел од најголемата македонска интернет машинерија, ги поставуваме стандардите за другите. :)
 
Не верувам во ништо, додека не видам дресот да го дигне играчот тогаш ке верувам, никаков гоал.ком и други срање најточно си е од ОФИЦИЈАЛНАТА страна на клубот. Таму нема шпекулации.
 
Дискусијава ја префрлам од Фан Клуб Интер.... Да не навлегуваме многу офтопик таму, затоа се решив да отворам нова тема...И мислам дека би имале многу за дискутирање...


Сваќам, да има малце помпезност во напишаното на медиумот..Ама гол.ком, ја претерваат, искрено...Визуелно му е страната средена супер, не викам не, има некој точни работи, ама искрено не верувам многу во него...

Ајде, сваќам да постои шпекулација од типот, Хунтелар и Јуве се блиску до договор, разговараат, а да го направиш официјално играч на Јувентус тоа мене не ми личи на сериозен медиум, нималку..Истото се случи и со Ван Дер Ваарт, истото се случи минатово лето со Чаби Алонсо...

Сериозен медиум е, некој младинец потпишал за Интер, коинциденција се погодило, исто презиме со легендата на Јуве Дел Пиеро, па напишале на главна страна, Ексклузивно: Дел Пиеро во Интер??? Ајде тоа може да се свари, за да кликниш, за да бидат читани, но ставиле внатре и слика од Дел Пиеро, и ќе се најде некој што не разбира Англиски, и ете ти дезинформации милион...

Иначе ако тогаш си видел малку повеќе, ќе си видел дека пишуваше дека не се работи за ЛЕГЕНДАТА на јувентус туку сосема друг Дел Пјеро ама ајде да не навлегуваме до толку во работите

Еве ти дел од тоа што ти го пишав

01/09/2008 20:01
Official: Inter Sign Del Piero!
Horrified Juventus fans, this is no prank, Inter Milan really have officially signed Del Piero - however not the Bianconero legend and club symbol Alessandro - but Treviso youngster Jago Del Piero.


Ова е за другпат малце поубаво да видиш пред да пишеш било што
 
Мој предлог, нека ја сменат модераторите анкетата и во следниве две недели да гласаме дали да се пренесуваат информации на форумов од дотичниот медиум или не. Секој пост со содржина од гол да биде бришен без образложување.

По можност да се користат и пренесуваат информации/стории од македонски спортски сајтови, да ги подржиме, да им помогнеме, ионака со тоа што ние сме дел од најголемата македонска интернет машинерија, ги поставуваме стандардите за другите. :)

Молам? Ти ова сериозно?

Значи ако хипотетички поставиме тоа да се изгласа ќе биде ускратено основното право на форумов-дискусија.
Да се забранело дискусија на шпекулации ?? Значи да се дискутира само за сигурно трансфери?

Јас баш сакам да видам мислење на фановите и за некои играчи, како со нивните перфрманси би се вклопиле во системот на некој тренер. Макар да тој трансфер не би бил можен никогаш.

Сите трансфери што се случиле започнале од шпекулации.

И јас сум за да се пренесуваат информации од мак сајтови, ама не се сите информации по нашите сајтови, или ако ја сретнам некоја информација на друг сајт, значи не ќе можам да продискутирам околу таа.
 
Ја зпочнавме дискусијава вчера ама немав време да пишам. Кико те разбирам за тоа дека на некои форуми се забранети постови од гоал. но прашањето ми беше дали тогаш на тие форуми се разговара за шпекулации за нови имиња што треба да пристигнат или да заминат. Овие теме се особено популарни кога се трансфер периодите и сите се фанови многу се палат на тоа тоа.

Има и уште една работа која понекогаш фановите ја забораваат. Медиумите се сретство за наметнување мислење а голем дел од весниците се блиски до некој клуб и му служат на клубот за остварување на целите.

Еве најтазе пример е Дрогба. Газете објави дека тој бил на состанок со претставници на Интер и после тоа ама баш сите до еден медиум го пренесе истото. Ај Дрогба нека негира дека било така, нема шанси никој нема да му поверува. И сега можат да му направат проблеми во Челзи па да добие казна па да се скара и на крај да дојде во Интер за помала сум од прдвидената. Да не збориме за медиумската кампања на Ас и Марка за трансферот на Роналдо. Што не се пишуваше. Значи дека секој фан како читател треба сам да си процени што е можно а што не
 
Да не збориме за медиумската кампања на Ас и Марка за трансферот на Роналдо. Што не се пишуваше. Значи дека секој фан како читател треба сам да си процени што е можно а што не
Бојан, знам дека е така... Ама прашањето е ДАЛИ ВЕРУВАТЕ....А тоа се знае за медиумското перење на мозок..Ама овие од гол.ком, што ја прават отповеќе ја прават, дури мене ми стануваат патетични со нивното извртување на реалноста..Но секој по свои принципи...
 
Молам? Ти ова сериозно?

Значи ако хипотетички поставиме тоа да се изгласа ќе биде ускратено основното право на форумов-дискусија.
Да се забранело дискусија на шпекулации ?? Значи да се дискутира само за сигурно трансфери?

Јас баш сакам да видам мислење на фановите и за некои играчи, како со нивните перфрманси би се вклопиле во системот на некој тренер. Макар да тој трансфер не би бил можен никогаш.

Сите трансфери што се случиле започнале од шпекулации.

И јас сум за да се пренесуваат информации од мак сајтови, ама не се сите информации по нашите сајтови, или ако ја сретнам некоја информација на друг сајт, значи не ќе можам да продискутирам околу таа.

Не постои само гол.ком како сајт за информирање за тоа што се случува во светот на фудбалот.

Не се веродостојни.
Нормално дека тие пренесуваат вести од другите весници, како еве ќе зборам јас за Италијанско :) Газета, Тутоспорт или Кориере дело Спорт... или Марка и Ас од Шпанија, или Сан... НО, како што сите забележавме, во последно време се повеќе и повеќе нелогичности пишуваат(ни продаваат), се само за да им се зголеми посетеноста.
И својата мајка би ја продале во Манчестер Сити само ради парите од шеиците. :)

Значи не сум против шпекулациите, сум против погледите и насоката во која оди Гол.ком а со тоа и сите што постираат статии од таму. Значи да си ги промениме изворите, зборувам во множина, но јас веќе го сторив тоа. :)
 
Иначе ако тогаш си видел малку повеќе, ќе си видел дека пишуваше дека не се работи за ЛЕГЕНДАТА на јувентус туку сосема друг Дел Пјеро ама ајде да не навлегуваме до толку во работите
ва е за другпат малце поубаво да видиш пред да пишеш било што
-Бате ти ако не гледаш има очно.. Или не си писмен ти... Затоа се бунат пофесорите и наставниците, затоа што треба да описменат деца како тебе... А тоа не е мала работа... Види што напиша КикоМц и обрни внимание на болдот со бројка на фонт 5...

Сериозен медиум е, некој младинец потпишал за Интер, коинциденција се погодило, исто презиме со легендата на Јуве Дел Пиеро, па напишале на главна страна, Ексклузивно: Дел Пиеро во Интер??? Ајде тоа може да се свари, за да кликниш, за да бидат читани, но ставиле внатре и слика од Дел Пиеро, и ќе се најде некој што не разбира Англиски, и ете ти дезинформации милион...
Е сега сам расудиси кој би требало да чита пред да напиши.. Сега задоволен???
 
Не верувам во гоал.ком и компанија и не ни отварам да читам.:nenene:
 
Како пример ќе дадам една случка од форумов, каде извесен член неколку дена ме убедуваше како Рикелме играл за Атлетико Мадрид. Неколку пати се обидов да му објаснам, дека ако пишува на гол.ком дека е официјално продаден во Атл, не значи дека тоа е така. Освен на гол, во тој момент никаде на друго место го немаше објавено тоа... немаше доказ, аргентинецот сеуште стоеше во тимот на Виљареал на нивниот официјален сајт. И на крајот сите знаеме како заврши таа приказна.

Значи поентата ми е, луѓето толку се заслепени и толку му веруваат на goal.com што работава беше дојдена до степен каде на човек му објаснуваш со факти, му даваш официјални сајтови на клубовите а тој упорно... на goal.com не пиши така. :)
 
Oколу шпекулациите, во повеќето наврати пренесуваат булшит од други медиуми, како што се Марка, Газета, Тутоспорт... е сеа проблемот со гоал е тоа што, како што кажаа предходно, преувеличуваат некои работи (поточно изјави на играчи или тренери), а луѓето веруваат во тоа, ијако на официјалната страна стои друго... Пример, Раниери изјавува дека Тиаго бил под притисок изминатата сезона, дека му требало време да се адаптира енд став... На гоал насловот на овој артикл беше: ,,Раниери: Тиаго из а флоп“, а шо е најлошо, не го кажуваат тој дел што го вика Раниери, туку го менуваат со свои зборови, а уште потрагичното е што луѓето веруваат на тој артикл... Али, јбг, тоа е тоа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom