Мајката, секогаш го имам тоа чувство да верувам кога врската доаѓа до самиот крај. Но не е така. Луѓе сме, креација на природата, делуваме во дадени моменти сосема контрадикторно.
Кога си дел од една врска нормално е дека човекот ќе го сакаш инаку зошто воопшто би бил со него.Е сега, нормално врска по врска, љубовта не може да биде иста, или е поголема или е помала, зависи од времето поминато со тој човек и колкава приврзаност имало.
Затоа мислам дека можеш да љубиш само еден, а да ги сакаш останатите.
НЕ ! Нормално доколку си се разочарал следи еден таков период.. не можам веќе да сакам, неможам без него/неа и бла бла., се додека повторно не сретнеш некој и сфатиш дека не се љуби само еднаш
Тоа ви е многу релативно. Размислете и ќе видите дека за секоја поозбилна врска ние викаме " E сега како што љубев никогаш повеќе " и се така и така. Никогаш не се знае кога е тоа ЕДНАШ, ако ме разбирате. Не се согласувам со тоа дека само еднаш се љуби. Времето лечи се.
Да љубовта беше емоција врзана само за една личност, ќе траеше вечно и сите шифтирања и човекови подли намери и дејствија немаше да имаат простор за да созреат, или напротив, ќе беа нормални. Затоа што тоа е љубов, давање и предавање до мера на истоштување. Што ли ќе не полнеше тогаш, кога сме останале празни, ако само еднаш ни е дадено правото на љубов?
Јас не можам да верувам во вечност на емоцијата, затоа што сум свесна за тоа колку често чувствата можат да се менуваат, да се молдираат и имам емпириско искуство кое го докажува спротивното. Иако начинот и интензитетот биле различни, желбата и потребата секогаш ми биле исти.
zavisi koj kako ke svati, na sekogo razlicno nosi zivotot no jas mislam deka edno e da sakas a drugo da ljubis. mozes da sakas nekogo a toa se odnasuva i na decata, da sakas raboti koi ti bi gi sakala da gi imas no da ljubis e samo so toj koj ke go delis celiot svoj zivot i dobro i loso.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.