Дали верувате дека се љуби само еднаш?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Се љуби зашто да не се љуби, секако ќе има некој/а љубен/а што ќе остави траги длабоки и исеченици ама дека не можеш да се закрпиш и закрепнеш нема врска. Многу депресивно е тоа бе. „Не можам да љубам после неа ааа“. Ај немоеш?
 
Moже постои само една личност која би можела да ни претставува сродна душа, но дека еднаш се љуби, не баш.
 
Мојата другарка убаво кажува. Вели кога бев средна школа, кога ќе ми се скараа плачев по година дена од земја се мавав. Од 18 до 22 кога ми се скаруваа жалев со месеци, кога наполнив 25 жалев со денови, а сега кога ќе заврши врска се натажувам за момент ја кревам главата и си велам утре сум на работа ќе биде напорно не размислувај за глупости.
Така да муабетите еднаш се љуби и никогаш повеќе, важат до наредниот понеделник.
 
Некако сум поделена по ова прашање.
Мислам дека само еднаш се љуби, ама не сакам да верувам во тоа. Секогаш сум си го поставувала прашањето: Како ќе знаеш дека си го искористила тој еден пат? И дека нема веќе пак...
Но, најверојатно ако сум го поставила тоа прашање, не сум почувствувала вистинска љубов.
Мислам дека сакаме различно и во различни периоди. Мислам дека на секој човек во нашиот живот сме му поделиле емоции.
Сум сакала, некогаш повеќе, некогаш помалку... некогаш и повеќе отколку што заслужувала другата страна.
Сепак сметам дека вистинската љубов и вистинската шанса доаѓа еднаш, на нас останува дали ќе ја искористиме. Ако ја изгубиме, секогаш ќе има дел од нас кој ќе биде празен иако ќе се трудиме да го надополниме. После тоа можеби ќе сакаме пак, но никогаш исто.
Ако еднаш се љуби и се изгуби, мислам дека може да се сака пак, само што еден дел од личноста секогаш ќе биде некомплетен.

Можеби животот ќе ме исправи, можеби и некогаш ќе сменам мислење. Никогаш не се знае што ќе ми се случи во животот и какви пресвртници ќе имам. Но, засега, останувам на мислењето дека еднаш се љуби иако некогаш се плашам од тој став.
 
Ќе сакам некогаш, ќе сакам некого, но никогаш никого, како некогаш некого. :)

Мислам дека само еднаш во животот се љуби. А се сака повеќе пати. Јас ја доживеав мојата голема љубов. Љубев со сето мое битие. Но таа љубов заврши неславно. Сите големи љубови завршуваат така, зарем не? :)
А сега сакам. И сум посреќна од било кога!
Мислам дека ако некогаш си сакал некого, тоа не поминува. Ќе го сакаш засекогаш, но со на малку поинаков начин. А наредниот/та на кого/која ќе му/и подариш срцето ќе добие поинаква љубов. Некогаш, можеби, дури и поголема :)

Значи се заљубува човек и после голема љубов :love:
 
Едно е да сакаш, друго е да љубиш со сето срце и душа, со целото свое битие да си предаден на една личност. Сум сакала многу, но љубам само еден! И ако еден ден тој што сега го љубам не биде покрај мене, јас повторно ќе сакам, но нема да љубам...
 
Е ова е дискутабилно малку, неможам да верувам дека само еднаш се сака вистински, и нормално се зависи од периодот, возраста.. мислам дека ако се сака само еднаш, ќе имаме многу разочарани луѓе низ светов и несреќни бај д веј, така да мислам дека сепак постои уште некое фри спотче у срцето на сего, и да можеш да сакаш повеќепати, но таа љубов секогаш ќе биде различна, ништо што ќе се повтори неможе да биде исто, така и со љубовта или ќе налеташ на следната по возбудлива и поцврста или ќе треба да се бориш секојдневно да му ја вадиш некому од душата оти не секој така лесно е опуштен и си ги искажува емоциите, е сега на секому како му е среќата.
 
Едно е да сакаш, друго е да љубиш со сето срце и душа, со целото свое битие да си предаден на една личност. Сум сакала многу, но љубам само еден! И ако еден ден тој што сега го љубам не биде покрај мене, јас повторно ќе сакам, но нема да љубам...

Знаеш како тажно ова звучи и среќа што не е точно ;) .

Кај мене па е обратно, можам да си ја пејам во позадина, Over and over and over :D.

.
 
Секој може да се заљуби онолку пати колку што мисли дека треба. Ако на 16 сум се заљубила до уши, кој ме спречува 10 години подоцна пак да се заљубам во друг? Секој се сака на различен начин, од различни причини.
Друга е ситуацијата ако уште има чувства кон претходниот/та, па не можеш да го сакаш следниот.
Не може срцето да се наполни и засити од љубов, па да не можеш да сакаш друг.
 
Мојата другарка убаво кажува. Вели кога бев средна школа, кога ќе ми се скараа плачев по година дена од земја се мавав. Од 18 до 22 кога ми се скаруваа жалев со месеци, кога наполнив 25 жалев со денови, а сега кога ќе заврши врска се натажувам за момент ја кревам главата и си велам утре сум на работа ќе биде напорно не размислувај за глупости.
Така да муабетите еднаш се љуби и никогаш повеќе, важат до наредниот понеделник.

Тоа е затоа што жените имаат некоја трага од метафизика до кај 25 година. Потоа се што ги интересира е сигурноста...

;)
 
Тамам работа еднаш само да се љуби .... ќе немаше мување и такви стварчици ако се заљубвевме еднаш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom