Дали верниците треба да ги ограничуваат слободите на атеистите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Некои верници кажуваат дека нивно право е тоа што тие ќе прават, и дека можат да веруваат во што сакаат. Т.е. да прават што сакаат. Ако некој одбрал да верува, нека си верува. Од друга страна, тие влијаат врз слободите на атеистите. Не им дозволуваат да прават што сакаат. Како? Преку многу работи, од кои за пример ќе ги земам забраните за некои експерименти од областа на генетиката..
Нели некои вистини во кои што веруваат верниците се вистини само за нив, не се објективни вистини. И сега, со нивните вистини го бранат ставот за забранување на тие експерименти.. Малце изгледа како да нема логика ова...
Што мислите вие за ова?

бтв, тоа за експериментите го зедов само како пример, постојат многу такви примери.
 
Па дај пример за што им бранат ме интересира наведи пример.
 
Еве де..еден пример само....загушување на слободната уметничка воља и творештво...
....зошто ли само црквите дигнаа толкава прашина и го анатемисаа книжевното дело и филмот "Кодот на ДаВинчи" кои се само плод на фантазијата на авторот и не претендираат да докажуваат ништо?
И Мадона со еден нејзин спот беше на црна листа....
За мешање во посериозни работи и да не спомнувам.
 
Во потполност се согласувам со тебе, Ag0rA. Никој нема право никого да ограничува во поглед на верувањата. Но тука не гледам каде е проблемот. Како што никој нема право никого да ограничува во верувањата така никој нема право да суди за постапките во една „организација“ па тоа било и конфесија.

Значи примерот кој го даваш во #1 и примерите во #3 се од различен профил. Забраната за експерименталната генетика не се конфесионални туку се државни и дури во некои земји се дозволени. Проблемите кои ги загрижуваат државите се од морален (етички) карактер не од конфесионален. Примерите од #3 за слободата на уметничкото изразување се забрани од конфесионален карактер а не од државен. Книгите на Ден Браун не се забранети во ниту една демократска држава иако католиците ги ставија на „црна листа“. Значи секоја конфесионална заедница може да изрекува забрани за своите следбеници и соодветно да делува доколку некој не ги почитува, но конфесионалните забрани не може да станат државни забрани во секуларните држави значи, карикирам, доколку МПЦ забрани користење на контрацептивни средства тогаш Собранието на РМ несмее да донесе таква забрана само затоа што таа е донесена од МПЦ; дополнително МПЦ може да одлучи секој од верниците кои го прекршиле ова правило да се исповеда и една година да води испоснички живот, е оваа одлука е легитимна и секој припадник на МПЦ може да ја почитува и државата несмее да го спречи во „одлежувањето на казната“.

Сметам дека во цивилизираниот секуларен свет работите се поставени на тој начин и дека тука нема ништо спорно. Што се однесува до влијанијата - верниците не тераат да веруваме дека Земјата е стара 5000 години, а атеистите дека е повеќе од 5 билиони години; да немаше влијание немаше да има ни forum.kajgana.com!
 
Значи примерот кој го даваш во #1 и примерите во #3 се од различен профил. Забраната за експерименталната генетика не се конфесионални туку се државни и дури во некои земји се дозволени. Проблемите кои ги загрижуваат државите се од морален (етички) карактер не од конфесионален. Примерите од #3 за слободата на уметничкото изразување се забрани од конфесионален карактер а не од државен.
види за експериментите црквата има ставено забрана за вештачко производство на органи и користење на ембриони а некои држави кои имаат влади кои потекнуваат од демохристијански партии сериозно го сваќаат ова и ставаат некои закони кои го попречуваат напредокот на медицината и науката и евентуално да се спасат животи а нас научниците не погодува најмногу како ние да извршуваме експерименти кога имаме цел куп закони и регулативи над главата и тоа најтрагично не се наметнати од етичари туку од папи и демохристијански политичари кои сакаат да придобија гласови
 
Во потполност се согласувам со тебе, Ag0rA. Никој нема право никого да ограничува во поглед на верувањата. Но тука не гледам каде е проблемот. Како што никој нема право никого да ограничува во верувањата така никој нема право да суди за постапките во една „организација“ па тоа било и конфесија.

Значи примерот кој го даваш во #1 и примерите во #3 се од различен профил. Забраната за експерименталната генетика не се конфесионални туку се државни и дури во некои земји се дозволени. Проблемите кои ги загрижуваат државите се од морален (етички) карактер не од конфесионален. Примерите од #3 за слободата на уметничкото изразување се забрани од конфесионален карактер а не од државен. Книгите на Ден Браун не се забранети во ниту една демократска држава иако католиците ги ставија на „црна листа“. Значи секоја конфесионална заедница може да изрекува забрани за своите следбеници и соодветно да делува доколку некој не ги почитува, но конфесионалните забрани не може да станат државни забрани во секуларните држави значи, карикирам, доколку МПЦ забрани користење на контрацептивни средства тогаш Собранието на РМ несмее да донесе таква забрана само затоа што таа е донесена од МПЦ; дополнително МПЦ може да одлучи секој од верниците кои го прекршиле ова правило да се исповеда и една година да води испоснички живот, е оваа одлука е легитимна и секој припадник на МПЦ може да ја почитува и државата несмее да го спречи во „одлежувањето на казната“.

Сметам дека во цивилизираниот секуларен свет работите се поставени на тој начин и дека тука нема ништо спорно. Што се однесува до влијанијата - верниците не тераат да веруваме дека Земјата е стара 5000 години, а атеистите дека е повеќе од 5 билиони години; да немаше влијание немаше да има ни forum.kajgana.com!
Што е најважно за темава, забрани се, влијаење врз слободата и нејзино огранучување ( со твојот пост сакаше да кажеш дека воопшто не постои ограничување на слободата на атеистите од страната на верниците или што? која ти беше поентата? ). Значи тие ограничувања постојат. Какви и да се. А според логиката на верниците ( дека никој нема право да им ограничува во што ќе веруваат ), не треба да постојат.

Атеистите никого не тераат да веруваат колку е стара земјата. Тие само следат докази и донесуваат теории врз база на тие докази. Тоа во никој случај не се верувања! Науката досега на никој човек не му била надметната, но, дали истото може да се каже и за верата?
 
А законите се ограничување на слободата или не?
 
Да снимиш филм за она што сакаш, да напишеш книга за што сакаш, да кажеш што мислиш, дека земјата не е плоча, да направиш експерименти со кои што ќе спасиш милијарди животи, со кои што ќе го олесниш животот на човекот.
 
И што од тоа неможеш да направиш?

п.с. За експериментот со кој ќе спасуваш милијарда луѓе, најверојатно ќе те самоубијат фармацефтските компании.
 
Toa беа само примери, многу ги има.
Порано, си можел да кажеш дека земјата не е плоча, но, ќе те запалеле на клада.
Сега, неможеш да правиш некои експерименти со кои ќе спасуваш луѓе.

Втф.. ќе те самоубијат фармацефтските компании?!
 
Kритикава ти е малку lame. Ај терај си го филмов.
 
Sekoj ima pravo da veruva vo sto saka i da ja ispoveda taa vera slobodno. Moze i da ja smeni verata i da primi druga vera, slobodata na veruvanjeto, mislenjeto i zboruvanjeto e civilizaciska pridobivka. No fakt e deka reeligiite ne se tolerantni.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom