Дали сте тврдоглави?

Да, сум тврдоглава но само кога имам право.Кога ќе погрешам за нешто,а сум била тврдоглава се извинувам.Иако такво нешто ретко ми се случува, но имало ситуации.Но исто така имало ситуации каде и покрај тоа што знам дека сум во право, после долго убедување, ако имам работа со особа која е глупава да разбере дека греши едноставно се повлекувам со мојот став но не се трудам да докажувам затоа што тука веќе нема поента да се објаснуваме.:tapp:
 
Премнооогу!!!Ама понекогаш и знам да попуштам ама во екстремни случаи кога приметувам дека не сум во право.Дури и тогаш тешко попуштам:kesa:
 
Многу сум тврдоглава поголема мана од тоа мислам дека нема имам некои си магарешки инает.Колку и да се трудам да се спасам од тоа небива али за во иднина си поставив цел да се трудам што помалку да сум тврдоглава:toe:
 
многу сум тврдоглав као магаре на мост:nesvest:
 
Инат сум за некои работи , тврдоглав и инат ? дали е исто тоа незнам
 
Ако сум во право нормално дека сум инаечија или тврдоглав
 
инает сум и кога не сум во право...и да ми го докажат спротивното, јас се држам до своето...
 
Кога сум 100% сигурен во нешто, нема потврдоглаво суштество од мене. Ако видам дека грешам, се извинувам за тоа.
 
За некои работи да, за некои не. Средно :).
 
Ако сум во право,а некој да не ми признава сум многу тврдоглав.Но,за некои работи не.Така да средно :pipi:
 
Се зависи од ситуацијата.А инает сум и си терам до карај.
 
ако запнам господ не може да им помогне да не терам инат :nenene:
 
Понекогаш се инаетам, но не сум тврдоглава.
 
Tврдоглавоста ја гледам како одење до крај водејќи се од своите принципи без разлика дали сме или не сме во право, неможност за побивање на нашите реални/нереални ставови и постапки.
Лично се сметам за полутврдоглава, од аспект на тоа дека секогаш кога сум во право со сите расположливи ресурси и аргументи се обидувам да го докажам тоа , а кога за нешто не сум сигурна или воопшто не сум упатена во одреден предмет на делување, тогаш не покажувам никакви знаци на тврдоглавост , но не сум ни подложна на сугестија за неосновани или според мене неправилни работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom