Дали сте среќни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Pretty bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Човек никогаш не е толку несреќен колку што мисли, ниту толку среќен како што се надевал дека ќе биде! :smir:
 
Мнн сум среќна!!! Задоволна сум со животот, во сите смерови! Љубов, Другарство, Школо, Семејство... Едноставно сум исполнета и животот од ден на ден ми е поубав!!! :baeh: Само коа ке ми текне лани ова време у кои депресии бев, сега сум презадоволна...:wink:
 
Оф.Животов е како еден долг тунел.Канализација поточно.Многу гомна и смрдежи.Понекогаш во таа канализација некој надвор од твојот живот-надвор о канализацијата твоја може да се помачи и да направи дупки на површината и низ нив да помине некоја светлина која колку толку ќе го наруши мракот кој постоел дотогаш.Но ти неможеш да седиш под таа светлина да те грее,мораш да продолжиш напред.Дури и ако некогаш останеш може да изччезне тој кој ја направил дупката и да дојде друг кој ќе ја покрие и ти пак ќе бидеш во мрак.И така ние се движиме низ таа каналзација сами(колку и да има луѓе околу тебе ти си секогаш сам,запоми го тоа)барајќи светлина.Понекогаш и забораваме што бараме и само се движиме бидејќи тоа сме го правеле одсекогаш.Јас сум сама на овој свет.Немам никого свој.Иникогаш неможам да имам.Некои луѓе прават дупки,на кои се радувам но на крај низ нив ми пуштаат големи количини на измет.Не ги разбирам луѓето.Не го разбирам животов.А со целата моја филозофија за канализацијата би требало да сватите каков ми е животот.
 
Никогаш посреќна и позадоволна:pipi:
Само вака и нека продолжи!
 
секогаш сум среќна со тоа што сум но има дел во мене кога се крши и чуствува болка која ми ја нанесува околината но покрај се сум среќна со работите што ги правам едноставно среќна со тоа што го имам
 
Јок....кога сум хај-СУМ ХАЈ..значи гледам од друг агол на работите-ајде визуелизирај-моментално гледаш да речеме 30степени(и толку-ограничен ти е видикот),е кога си ХАЈ одиш до 90степени и гледаш од птичја перспектива(ко стратегиите),а можеш и до 180степени да одиш,али како сакаш.

знам, прочитав што имаше напишано во такви моменти и каква тема имаше отворено :)
 
Не сум воопшто,одамна...се обидувам да ја најдам и среката во најмалите нешта но не можам.После се што ми се случи оваа година тешко дека ке бидам срекна.
 
Аман бре луѓе.

Што се случи ќерата???

Наму луѓе убиваат,колат,силуваат,крадат и мака немаат вие ќе изигравате ко бош косовското прашање го решавате и тоолку маки и одговорности имате.

 
јас општо како личност од себе сум многу задоволна.може сум предобра,не знам.само повеќето луѓе во моја околина не знаат да го ценат тоа.не дека сум нарцис,далеку од тоа.дури и можеби имам повеќе комплекси отколку што би требало,ама не се обвинувам себе за тоа.во глобала ко личност од себе сум задоволна,сум скоро се она што би сакала да бидам.
значи,целиот проблем тука е тоа што не знаат да ме ценат,и јас патам поради тоа.добивам работи што не ги заслужувам,или можеби само мислам дека не ги заслужувам,не знам.во секој случај и да сум му згрешила на некој нешто не било намерно.
значи во глобала ко личност сум задоволна од себе,ама не целосно од она што го имам.а би можела повеќе да постигнам,во двете работи.без сомнение.
 
Среќен сум како никогаш досега, срекен ме прават малите работи, не ми треба многу за да сум среќен.
 
Среќна - не..
Во некои моменти - задоволна..
Но има разлика од среќа до задоволство..
Сакам да сум среќна..
Сакам да знам како е..:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom