Дали сте среќни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Pretty bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Да не звучам како ѕмиздрач кој мрчи на позитивно напишани мисли,но малку претешка е човек постојано да се усреќува себеси...Ова ме потсети на писател беше мислам кој велел дека е тој господар на својот живот се до оној момент кога почнале да му се случуваат ужасни работи надвор од негова контрола,па решил да го повлече зборот.
Инаку за првиот дел од постот особено она колку и да сум немоќен би правел чуда камо да сме сите толку способни и мотивирани:smir:
Стихови од песна се. :wink:
 
Има ли причина зошто човек да не биде среќен?
Се радувам на животот, се радувам на моја среќа и на туѓа.
 
На некои луѓе не им е пишано да бидат среќни, без разлика колку и да се трудат да го сменат тој факт :toe:

Ако веруваш во судбина зошто само не си седиш ти мирно и да чекаш судбината да си го направи своето? Тоа е и кај оние луѓе на кои "не им е судено". Чекаат судбината да ги усреќи. Толку ли е тешко да си среќен? Излегуваш со некој што го сакаш, си поминуваш убаво и среќен си. Не е нуклеарна физика. Само многу американски филмови од типот "тажниот аутсајдер што никој не го сака никогаш не е среќен" ви влезе в гла па почнавте дури и да верувате во тоа -.-
 
на моменти сум ево сеа сум- шизам по собава ..екстремно сум понекогаш шо да прам а ко ке сум несрекна тогаш баш сум во депресија со сати се џарам во хоризонтот на мојот секогаш добар пријател во таквите моменти -езерото...Можеби некогаш многу барам од лугето не знам може не треба или бараме зошто знаеме дека од нив зависи нашата срека? во секој случај среката е менлива категорија но никогаш задоволството не може да се замени со внатрешна исполнетост, да не филозофирам ама лугето некогаш бараат срека а се лоши имаат злобни мисли или отценуваат нечиј карактер без причина човек треба да се чуствува слободен за да биде срекен :wink:
 
Ако веруваш во судбина зошто само не си седиш ти мирно и да чекаш судбината да си го направи своето? Тоа е и кај оние луѓе на кои "не им е судено". Чекаат судбината да ги усреќи. Толку ли е тешко да си среќен? Излегуваш со некој што го сакаш, си поминуваш убаво и среќен си. Не е нуклеарна физика. Само многу американски филмови од типот "тажниот аутсајдер што никој не го сака никогаш не е среќен" ви влезе в гла па почнавте дури и да верувате во тоа -.-

Не е битно во што веруваш, битно е што ќе те снајде, после само си вадиш заклучок од целата ситуација. Ама пошто гледам ти имаш план како да бидеш среќен/среќна цел живот, ондак немаш проблем, само продужи си.
 
Знаеш, тоа е мошне интересно. Обично луѓето кои се позитивни, полесно излегуваат на крај со животните проблеми. Здравиот оптимизам го продолжува животот. Сепак, лесно е да се зборува. Тешко е навистина да се биде оптимист и да се верува во подобро утре, посебно во денешниве околности. Ако човек може да живее така, што е реткост, тогаш тоа е голема работа и вистински предуслов за убав живот.
 
Mногу лошо си го протолкува ова. Луѓето кои се позитивни и воедно имаат проблеми, самите се кријат под маска и ги потиснуваат проблемите, но тие сепак се тука, тоа влијае на целокупното градење на личноста и карактерот, не излегуваат на крај со проблемите полесно туку едноставно несакаат да се соочат со нив и бегаат или ги игнорираат истите, па туга доаѓа до сузбивање на личноста и оставање вечни траги во потсвеста и умот на истиот што резултира со лабилност и неодлучност за остатокот од животот и патот. Пребродување на истите значи градење поцврста личност, но само ако се соочиш со нив, другот е само блага сенка на алтерегото.
 
Зависи за каква личност се работи. Сите ние се разликуваме и имаме поинакви гледишта кон проблемите. Некои се лицемерни, лабилни губитници кои бегаат од проблемите, но некои навистина размислуваат поинаку. За моја голема среќа сум запознал одреден (мошне мал) број на такви луѓе, кои и покрај сите животни непогоди, со дело и со збор, а и со мошне солидна психофизичка состојба ја демантираат твојата генерализација (само како пример двајца од нив имаат над 75 години). Не зборувам тука за вечно насмеани сурати, на кои се им е розово, туку за еден поинаков пристап кон проблемот, за една поинаква филозофија, кога соочувањето со проблемите е промислено, кога не се жали за истуреното млеко и кога се верува во себеси и во оној момент кога никој друг не верува.
 
Ако сакаш да бидеш среќен, ќе бидеш среќен..човекот сам може да одлучи што е она кое е најдобро за него и што го прави среќен, оној кој не сака да се потруди и чека среќата да го пронајди него, ќе остари чекајќи ја.
 
Здрав сум, прав сум. Имам кров над глава. Имам семејство. Имам супер внука од сестра која си ја сакам најмногу и ме прави многу среќен кога и да ја видам.
Имам добри другари и добро друштво! Тројца најдобри другари на кои секогаш можам да се потпрам.
Факултет коишто го сакам кадешто учам јазици коишто ги сакам.
Имам и девојка со која ми е најубаво кога сум со нејзе.
Така да...кога убаво ќе си го напишам ова и ќе размислам уште еднаш си викам...па среќен си бе Шмек! :)
Сум.
Некогаш и тагата е неминовна а некогаш и добредојдена! Свесен дека не е секогаш убаво и среќно! Но погоре споменатите личности и нешта ме прават да бидам еден среќен момак.
Среќен шмек :wink:
 
Mногу лошо си го протолкува ова. Луѓето кои се позитивни и воедно имаат проблеми, самите се кријат под маска и ги потиснуваат проблемите, но тие сепак се тука, тоа влијае на целокупното градење на личноста и карактерот, не излегуваат на крај со проблемите полесно туку едноставно несакаат да се соочат со нив и бегаат или ги игнорираат истите, па туга доаѓа до сузбивање на личноста и оставање вечни траги во потсвеста и умот на истиот што резултира со лабилност и неодлучност за остатокот од животот и патот. Пребродување на истите значи градење поцврста личност, но само ако се соочиш со нив, другот е само блага сенка на алтерегото.

Зошто толку претерано читате помеѓу редови? Одностно зошто ги комплицираш работите? Неможи да значи дека човек што се смее, што е позитивен и оптимист е едноставно среќен? Дека не крие ништо туку едноставно е среќен?
 
Будење од Антони де Мело каде може да се најде, колку чини?
 
Среќа, што е среќа? Многу широк поим.. премногу. Како дрвото, колку подлабоко толку поразгрането. Да беше така едноставно одма кога ќе се прашаш себеси да можеш да си дадеш одговор дали си или не си ќе беше добро, ама не е така. Комплициран е животот, не ти дава да си среќен без утредента да плачеш.. Затоа претпочитам на се рачунам за среќна затоа што утре ова што го нарекувам среќа ќе ме направи тажна, сум го забележала тоа многу пати.
Ако постои нешто најнесигурно во животот тоа е среќата, за миг исчезнува.. тешко доаѓа а брзо си оди. Ако речам дека сум среќна.. ќе излажам, па среќата е поим за перфекција јас така ја подразбирам.. а перфекција не постои. Лажна претстава на мозокот да верува во нешто кое го нема, а да речам дека не сум среќна веројатно пак би се излажала.. зошто пак е претстава на мозокот, како ќе му наредиш во тоа ќе верува.
Така да.. среќата не е „Денес решив, среќен сум“ то ти е некое чувство кое се бори над силите кои ти го попречуваат, не си свесен за него.. знаеш дека имаш многу причини кои те тераат да бидеш тажен ама пак тоа едно успева над нив.. Одвнатре те тера. Тоа е вањда.. јас сеуште го немам постигнато. Сеуште се лажам!
 
Mnogu sum srecen posto go gleam zivoto u metafizicka dimenzija, ne e bitno dali e vistina toa sto ja veruam , bitno e sto toa me motivira na implementacija na parolata bolje gro nego rob.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom