Дали сте среќни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Pretty bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Среќен сум, со оглед на тоа дека може да биде и полошо...
 
Па среќна сум воглавно..се случуваат некои безвезни случки ама сепак не се толку важни...Секогаш гледам позитивно на работите...:):):)
 
Па кога ќе размислам...не сум баш среќна....не знам што но чуствувам дека ми фали нешто за да бидам целосна и среќна:nesvest:
 
Како што ќе каже еден писател - Прашајте се дали сте среќни и ќе престанете да бидете среќни :toe:
 
Ми фали една работа да сум среќен која неможам да ја добијам... Така да, во главно не сум баш срекна личност...
 
Среќна сум! Се радувам и на малите и на големите работи! Знам да ценам, да почитувам, да давам и кореспондентно да земам. Фала му на Бога, имам покрив над главата, пријатели љубов и семејство. Уште сум и просветлена со домашно милениче:pipi:. Што повеќе можам да посакам? Го сакам животот, земам се` што ми дава. Рацете ми се широко отворени и го гушкам секој еден ден. Насмевни се, утре може ќе те нема...
 
па среќен сум... можеше да биде и полошо...
материјално сум среќен...
а духовно ке треба да поработам... сепак... неможеме да ја имаме перфекцијата и идеалноста! се надевам дека ке бидам посреќен!
ете ми ја дадоја песната на MTV сега и сум кефој... срекен сум беее :baeh:
 
па зависи како ке се земе
све кога ке се собере пак несрекни остануваме
иако сите викаат малце треба за срека али уште помалце треба за да си несрекен
 
Денес не...
Вчера не...
Неделава проклета НЕ!
А мислев лесно е! Ќе го зграпчам денот, ќе им се фрлам на предизвиците, ќе ги гушнам амбициите, ќе ги уловам соништата...е лесно мај ес!
Можеби јас сум лош ловец? Ја сјебав мрежата! Неспретна! Смотана!
И сега стојам ин д мидл оф ноувер со чај од камилица во рака, обидувајќи да се сфатам себе си!
И...?:icon_eek:
Being human is just fucking hard....
Ме збунува животов пак мајку му!
Неделава ми е несреќна...
 
Сум, и покрај моралните дилеми.
Да, сум.
 
Среќна сум и тоа многу,имам дом,семејство,не живеам во сиромаштија,школото ми е супер,а тоа е се што ми е потребно :smir:
 
Епа вака сеа...постоет појќе сфери во животов за кој можам да сум среќна...

Среќна сум шо до сеа запознав неколку прекрасни суштества и скоро сите се со мене.Ама проблемот е шо се скоро сите, а не сите.За кратко ќе сум со останатиот дел од тие „скоро сите“ ама тоаш ќе ги немат другите и така да ко ќе видиш секако е лошо.Ова опфаќаше до сеа секаква љубов, и пријателска, и од фамилијава, и така натака и така навака...Значи да сумираме сметам дек не сум ногу среќна во ова поле иако некој викет...е бар имаш некој воопшто шо те сакат, ама шо од то ко не можам да сум со нив?

За школово немат шо да сум среќна пошо колку си учам толку си добивам, не требит да си нешо посебно среќен, се од тебе зависит.

А пак за матерјално, со оглед на то дек имат и некој шо немет ни за леб, мене ова сеа ми е сосем доволно.

Закључок од сево ова не сум ногу среќен чоек, ама не сум ни несреќна, значи сум нешо неутрално, на моменти појќе накај среќна.Доста ми е толку.
 
Многу сум срекна. ептен, инако понекогаш постојат раоти кои не прават тажни, сепак сум срекна и со нив, бидејки без нив јас не би знаела да ценам нешто во мојот живот. Животот е многу убав и вреди да се живее , дури и во болест, во немаштија...
 
моментално ова е најтежок период во животов мој ама се ќе поминит и ќе дојдет подобрите деној.. ќе преживеам
 
Среќен сум. Секогаш кога ќе се почувствум несреќен, само ќе ми светне во глава колку гуѓе од светската популација се несреќни (немаат за јадење...). Многу сум изиритиран од луѓето кои плачат во школо за глупости (како дечкото направил нешто, како добила 1...) и прават драма. Сватете луѓе дека тоа вие што го имате многумина го немаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom