Дали сте патувале со авион?

  • Креатор на темата Креатор на темата marija aleksova
  • Време на започнување Време на започнување
Лет со авионче, ебаго.

Односно, летот Буфало-Њујорк, со мало авионче е околу 50 долари, а тоа е 2250 денари некаде, нели?

Аналогно......!
 
Garfield напиша:
Лет со авионче, ебаго.

Односно, летот Буфало-Њујорк, со мало авионче е околу 50 долари, а тоа е 2250 денари некаде, нели?

Аналогно......!

И горивото таму е џабе секако . . . инаку тоа е цена екстра поволна . . . инаку е друга цена за панорамски летови . . .
 
Да да 2000 денари за лет околу Скопје е супер цена! Јас имам летано и чувството е незаборавно.. Едноставно не може да се опише! Верувајте дека 2000 денари е ефтино за таква атракција. На крај на краиштата не летате секој ден па две илјади не се така многу!
 
Елем, нејсе, имате право, сепак е незаброавно чувство, а ќеифот нема цена.

него, да се вратиме на темата, која, чинам, е дали сме патувале со авион, а не дали сака некој лет околу Скопје.
За тоа има ПП или нова тема. Бива?!
 
Океј, малце забегавме ама пак е во темава. ПП на Дафи ако му се лета на некој :)
 
pearl напиша:
Интересно e еднаш, два пати, три пати, ама ако треба постојано да патуваш, сигурно мака ќе ти падне. Особено на долги летови, по 9-10 саати или подолго, ќе полудиш додека да помине времето.

Во тој момент се појавува прашањето во главата: Зошто не постои телепортација, па за неколку мили секунди да сум на лице место наместо да се мрцварам по авиони и аеродроми менувајќи авиони.
 
Сум летал со авион као мал, од Загреб за Сплит. :)
 
Имам летано со авион 4 пати.Вториот пат кога идев накај Турција летав со Тупољев....строго препорачувам да не сте се качиле во тој авион,али мислам дека сега го тргнаа од употреба.Не сте свесни што авион е тоа,мислам дека боље ке беше да летам со првиот авион на браќата Рајт.
 
Најмногу го сакам полетувањето, ако е со голем авион и ако имам слушалки со музика. Ммммм.... Да. Сум летала бајаги. Од цесничка до џамбовец.
Не сакам да дремам по аеродроми. Толку време имам поминато по аеродромишта, можам Терминал 2 да снимам. И така страшно ја имаат затупено со безбедносната контрола, да ти се збљува ако треба да леташ. Од смокерс френдли аеродромите, ги препорачувам Виена и Цирих. Никако Италија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom