Не сум одмаздољубива , немам намера тајно да ковам планови за и јас да вратам со иста мера. Не премолчувам, отворено си кажувам, па нека им служи на совест
Бев, многу, онака по принцип, онака на прв поглед бев како Кристина од Анатомија :pos2: ама сега ги жалам луѓето по малку, по многу малку хихи... Понекогаш ми доаѓаат такви мисли, не дека ќе повредам некого намерно туку тие мисли ми се филтер на негативни чувства... :nesum:
Јас сум злопамтило, не е нешто на по сум горд ама таков сум како шо сум.
За мали работи не е проблем, ама ако е дојдено до некоја работа шо навистина ме навредила, тогаш очекувај и моја одмазда.
Кога некој ќе направи нешто против мене само му кажувам се убаво во лице, правам да се почувствува виновен. Со глупости како ковење планови како да вратам не се замарам.
Сакам да бидам ... односно, едно време сакав, но со текот на времето се помирив со фактот дека понекогаш е подобро да се смири топката, да се остави противникот да ја потроши енергијата.
Се додека е моја болката, можам да ја истрпам и да не се обидувам да повредам назад, но кога е болка на моите блиски, одмазда е мал збор за тоа што можам на некој да му го направам.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.