Дали сте конформисти?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте конформисти?


  • Вкупно гласачи
    39

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Дали сте конформисти по природа? Дали се задоволувате со она што ќе ви се даде, дали го следите текот на животот и се раководите по принципот на линија на помал отпор или едноставно не се задоволувате со ништо, не дозволувате да се претопите туку се борите постојано за промени и постојано сте жедни за промени и нешто повеќе од она што го имате?

Колку се луѓето конформисти по природа?
Дали мислите дека најчесто се помируваат со улогата која ја добиваат и имаат и не се ни трудат да реагираат да сменат нешто? Него едноставно се сместуваат удобно во нивното “животно столче“ и страв им е да променат нешто?

Или сепак луѓето се повеќе од тоа?

Знам дека е генерализација, затоа и прво прашав за вас лично, а потоа како вие гледате процентуално на луѓето.:smir:
 
Не сум.
Зошто?
Не отидов на факултет и покрај тоа што цела фамилија кај мене се доктори 7 колена уназад.
 
Не сум конформиста и задоволен сум поради тоа што сум способен да се оттргнам од некоја однапред определена линија. Животот не го живеам за да следам нешто однапред определено. Го живеам за да одам по оној пат кој јас сакам да го изодам. Често се борам за промени, но само оној пат кога имам основа за тоа. Со еден збор, не одам со глава во ѕид доколку знам дека нема да можам да го срушам ѕидот.
Повеќето луѓе во последно време стануваат се’ поотпорни и поотпорни на конформизмот. Секој наоѓа начин да го избере она кое тој го сака и секој ги наоѓа правилните време и место да го направи тој избор. Сепак има и онакви кои не се поместуваат од тоа “столче“ на кое се сместени плашејќи се дека она што е ново може да биде многу опасно.
Crazy, луѓето не се ништо повеќе од луѓе, а како такви остануваат подлежни на конформизмот:)
 
Jas sum ti eden vrlo vrlo cuden i nekonstanten tip vo odnos na ova ...

Nekogas ti sum flegma nevidena, vo smisla da samo od cigari ke ziveam.

Nekogas pa ni kavijar ne mi e dovolen.:toe:

Konstantnosta e samo vo toa sto sekogas vo bilo koja od dadenive dve situacii mudruvam deka jas sum toj koj sto e u pravo. :)
 
На некој начин сум, на некој и не. На пример, ме фаќа алергија од клишеа, иступени фрази и слични работи кои масовно се користат во околината.
Но исто така од никогаш не сум бил насилно неконформистички настроен поради лечење на комплекси или "пулете се чудете се" синдромот. Си правам промени и неконформистички работи до степен колку толку да се задоволам самиот себеси, но крупните чекори и промени пришто се кршат моралните норми во општеството, едноставно не се за мене.
 
гласав не....и сметам дека лугето генерално не се конформисти..односно дека има навистина процент кои СЕ но има и некои кои трудејки се да направат подобро,значи да сменат кон подобро се разбрани грешно односно сметани за конформисти.
 
На полуматура во дискотеката додека сите играа и пееја во ритамот на тогаш позната "It 's my live" јас играв снејк на нокиа 3310.
А од страна коа те гледале те оговарале и викале...Види го чудаак...игра снејк на полуматура! :) :)...
 
На полуматура во дискотеката додека сите играа и пееја во ритамот на тогаш позната "It 's my live" јас играв снејк на нокиа 3310.
E тогаш си више стварно авангардa слаш андерграунд слаш анархист слеш...
 
Одговорив не.
Со тоа реагирав на анкетата на начин на кои реагирале пред мене уште тројца(а сигурно ќе ги има и повеќе).
Малцинството,во било која сфера на живеење,се конформира на своите подвидови на животен стил,па и нашето делување во многу наврати може да биде несвесно "да" или "добро" на работи кои се промотори на глобализацијата.
Степскиот Волк останува литературно дело,неговото постоење како реален концепт е научна фантастика.
Неконформисти биле буржоазијата во Франција своевремено,за потоа како неконформисти да бидат гледани благородниците.Или пак,омилена мозочна гимнастика ми е тоа дека најголемиот систем на конформизам(социјализмот)стигнал на власт преку оружје и борба против тогашниот систем и начин на управување со Руската монархија.
Реченицата "да,јас не сум конформист" ми е најдобар репрезент на ваквиот парадокс и самозамајување на луѓето во однос на нивниот социјален живот.
 
Бев, сум, не ми се допаѓа, ама немам храброст нити моќ (се надевам, за сега) да бидам нешто повеќе од обичен конформист. Меѓутоа, како и секоја релативна категорија моменти, ситуации, околности и контексти се во прашање. Така да глупиот одговор ќе ми биде дека некогаш сум, а некогаш не сум. Генерално земено да, еден тажен конформист сум.
 
Не сум конформист, истражувач сум сакам да учам нови работи и мистериозни нешта. Ако има нешто непознато за мене мистеријата негова ме влечи како магнет.
 
Па сметано дека моето мислење е секогаш пред се друго . А често се дешава да сватам дека грешам откако повеке луге споделиле дека го сметат истото тоа нешто за правилно .
Ке речам дека сум циник ( во морма да оспорам се што сметам за правилно ) пред се а никад конформист .

Освен то Конформисам ис фор пусис :)
 
ДА СУМ...
фак...

Него едноставно се сместуваат удобно во нивното “животно столче“ и страв им е да променат нешто?
неее...не ми е страв...едноставно...незнам како да го објаснам тоа...се задоволувам со тоа што го имам и што ми е дадено...јас сум како камелеон...дури и казните кои ми ги даваат моите не успеваат бидејки се соочувам со сегашноста и си наоѓам други начини за разонода...секако дека тоа не е позитивно, но едноставно таков сум...статус кво...
 
Back
На врв Bottom