Дали сте биле бељаџија како помали ?

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Ич. Освен што обожавав да се тепам со сестра ми, поголема е од мене ама секогаш беше тепаната. Пошто беше ептен намќор и све и сметаше и ме нервираше многу. :D Обожавав да се тепаме кога сме сами дома, пошо секогаш моите беа на нејзина страна. :tapp: Не за друго, туку кога се тепавме она прво ќе ме 'рчне, па ќе почне да вика, да плаче пред моите, издаица беше и нормално ја кривата. Татко ми ни забрануваше да седиме во иста соба или пак да јадеме на иста маса, ама џабе. Многу се тепавме. :X3: Башка што знаев кој и' е симпатија, ја уценував, па ја брукав пред него. :icon_mrgr: Мало, мало, ама техничарче. :ROFLMAO:

А иначе мирно дете бев, стварно. :ROFLMAO: Дури во основно на секоја родителска класната ја прашувала мајка ми шо не било у ред со мене, зошто сум била толку мирна и сум ќутела. :cautious: Ко за беља тие од основно сите беа бељаџии и секогаш кога ми доаѓаа на роденден лом правеа, скокаа по кревети. Еднаш ми истурија сок на прекривачот и јас се затворив во вц и плачев. :sramezliv:Посебно што бев жива педантерија и кога видов што хаос направиле, шлог ме мавна. Наместо да уживам и јас со нив да славам роденден, јас ко некоја ненормална одев по нив и собирав.

Тргната бев во школо, а уште имав навика да ја прашувам мајка ми дали може да одам во вц. На мајка ми и' беше здосадено веќе толкава магарица десетпати дневно да ја прашува дали може во веце да оди, ама ја не, ако бев сама дома, не ни одев во вц пошо сакав прво да ја прашам мајка ми. Смотана бе. Не знам ни шо логика ми било тоа воопшто. :facepalm:
 
4NHK0, ја отсекогаш знаев дека има нешто психопатски-болно во тебе. Туку, ме интересира, сега вака како поискусен, снимаш ли snuff филмчиња? Или строго си фокусиран на јадење црви, скакулци и бубашваби?
Не сум до толку ма, последно време само тапи предмети користам ;), ама и НЕ снимам. За тоа Ѓ.Л. од Кавадарци прашај го, тој со бонсек сечел уши на некое маче кој претходно го напушил и му ставал пенкала во газот, сето тоа го снимал и го ставал неколку пати на јутјуб бидејќи му го бришеле.
 
Последно уредено:
Еднаш имам скршено ѕвонче од влезна врата со боксирач кој другар ми ми го даде и го скршив јако што ѕвонеше цело време. Бев со уште едно дете, јас избегав бидејќи истрчав како Усеин Болт ( не знам од кај ми дојде тогаш таква сила за трчање) а другото дете го фатија.

А една најсмешна ситуација кој ја имав е што од продавница украдов чепкалки за уши па ме фати продавачот ме тераше да извадам што сум украј. Јас нормално не го послушав му се протнав некако избегав. Другар ми ми се смееше кога виде чепкалки за уши.
 
Ма какви бељи, во средно кога отидов немав ни 1,5м и кој стасаше ме тепаше, ама после кога си пораснав:zloo:
уствари ситни бељи сме правеле кој не правел, одеме 10 души кај комшијата и кајсијата, црешата, јаболкницата... метла ја правеме, не дека ние немавме ама тие беа послатки
зимно време тие што поминуваа по патот, коли, луѓе сеедно, ги мававме со снег, а летно полневме кеси со вода и ги освежувавме, то е:)
 
Јебем ли га, некоја средина сум бил, знам дека не се вртев по дома посебно преко лето, флипери фудбал, жмурка, бам бам, а за бељи и сум правел и не зависи какво ми било расположението, се тепав, малтретирав школски кој беше мирен, крадев пари на дедоми, сестрами ја малтретирав нешто ако неми беше по кеф еднаш ја згазив со точак кутрата неможеше ваздух да земе таткоми ме искриви од ќотек, друг пат ја погодив со ониее пиштоли на дијаболи во око целото око и се затвори неможеше да гледа исто мее снајде од таткоми како со точакот случката, со дедоми живеевме во ист двор и неможешее да ме поднаса мене и моето друштво не бркаше му бегавме, но кога пораснав 13-14 години имавме неколку фајтови, наравно кога дознаеше таткоми за тоа иста ситуација како со сестрами, друго кога излеегоа мобилни за првпат му звонев на дедоми од прозор и таманд а се јави му исклучував човекот пошизуваше бог душа да му прости, друго од прозор му мењав програми со даљинско, му светев со ласер, му фрлавме со другари петарди во ходник го мрднувавме од памет и секогаш кога дознаеше таткоми дневна доза ќотек јадев памтам еден бел каиш кога ке го видам знам што ме чека, но мушки издржував, друго што ми текнува имам еден другар кој беше за беља роден во школото на служителот му украл клучеви и навечер влегувавме украдовме школска бомба и ја отворив ме и ја пуштивме и ставамее раце на уши демек чекаме да пукне и украдовме ваздушна пушка, друго се тепавме со цигани, имаме неколку обивања по неколку објекти но само од забава а не крадевме ништо, туку само скршиме катанец, квака... влеземе излеземе и тоа е тоа, друго пораснавме почнаа хормоните да ни работат малтретиравме во школа девојчиња ги драпавме као манијаци бегаа од нас :sramezliv:брука, потоа еден другар набави плеј стејшн 1 кога искочи и се смиривме 24/7 игравме виниг елеван уште ја памтам играта, кутриот плејстејшн одмараше само кога го транспортивме од една куќа во друга го искидавме од играње и што е чудно само една игра нее ја мењавме :)
 
Јас кога бев мал, не се сеќавам на ништо. Значи појма немам каков сум бил. Дури и си размислувам дали и воопшто сум бил мал.
Шала на страна, сум скршил нога 3 пати. Еднаш само едната при пад од дрво, а втор пат двете при пад од тераса од четврти спрат. Потоа скршени раце 4 пати. Најизменично и лева и десна. Паднав во депресија бидејќи нема да можам да бидам пилот...демек за пилот не смеело да имаш скршеници.
Потоа си бев мирен и паметен, закрепнувајќи од повредите.
Детсвото го паметам по повредите, гипсот, завојот и конецот за шиење рани, лутиот алкохол и црниот јод.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom