Дали сте атеисти?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте атеист?

  • Да

    Гласови: 77 36,7%
  • Не

    Гласови: 133 63,3%

  • Вкупно гласачи
    210
Статус
Затворена за нови мислења.
Одам во црква, ама не верувам дека Господ постои..
 
Не сум атеист, сум верник иако не посетувам црква баш, ако е некоја мерка тоа. Жалам поради тоа дека премногу убаво чувство ми е кога одам, но ете, многу ретко:(
 
Верник сум и верувам дека Господ постои. Детаљите околу тоа кого како и зошто го створил ги гледам како разлика во преведување и ништо повеќе. Фактот останува тој дека ако ништо повеќе барем е позитивен стимул од душевен и ментален аспект.
Мое мото: Верувај, што имаш да изгубиш? Можеш само да си трошка посталожен знаејќи дека Господ ќе ти се најде барем еднаш во животот. :wink:
 
Acid напиша:
И која е поентата на твоето одење во црква?

Тоа што не верувам дека Господ постои, не значи дека не треба да одам во црква нели? Самото одење таму ме смирува.. душевно. Си ја почитувам мојата религија и традицијата ( пред се ) на мојот народ.
Сите имаме свое мислење за тоа што всушност е Господ.
 
Eko1 напиша:
Мое мото: Верувај, што имаш да изгубиш? Можеш само да си трошка посталожен знаејќи дека Господ ќе ти се најде барем еднаш во животот. :wink:

Во мојов живот имал мноооогу шанси да ми помогни, па не го сторил тоа.
+ ако бев верник, ќе требаше да живеам според библијата, а таа како книга е многу глупа и ќе треба да живеев според нејзините правила, а докажано е дека не сум некој што се придржува многу до правила.
и уште нешто, религијата е одлика на слабите луѓе,оние кој многу малку можат да постигнат, па му треба “супериорна моќ“:lud:
 
VirtualA напиша:
и уште нешто, религијата е одлика на слабите луѓе,оние кој многу малку можат да постигнат, па му треба “супериорна моќ“:lud:

:oftopic:
Мисла на векот!:pop: :pop: :pop:
 
VirtualA напиша:
Во мојов живот имал мноооогу шанси да ми помогни, па не го сторил тоа.
+ ако бев верник, ќе требаше да живеам според библијата, а таа како книга е многу глупа и ќе треба да живеев според нејзините правила, а докажано е дека не сум некој што се придржува многу до правила.
и уште нешто, религијата е одлика на слабите луѓе,оние кој многу малку можат да постигнат, па му треба ”супериорна моќ”:lud:

Ке ти реплицирам само на тие две болдирани работи.

Како прво, библијата да ја нарече човек глупа книга не знам до кој степен на психичка нарушеност треба да дојде за да даде таков коментар.... искрено ми е жал што такви свајќања имаш.... јас не можам да ти помогнам но Господ сигурно ќе ти помогне.... јас сум верник на Исламот.... но сепак страшно ме изиритира овој твој коментар за библијата.... во иднина би те замолил вакви коментари во јавност да не даваш....:icon_mad:

Како второ, извини но морам да кажам дека не се сложувам со тебе.... верување во нешто што никогаш не си го видел, осетил или допрел е особина на личност со јак, стабилен и пред се широкоумен карактер....:lud:
 
The`bItCh напиша:
Одам во црква, ама не верувам дека Господ постои..
Црквата е божји храм-би требало тоа да го знаеш ако веќе одиш во црква...ти викаш дека секој си има своја замисла за господ нели?па значи ако ти имаш своја замисла за тоа што е господ значи пак веруваш. Библијата не е книга што е напишана за да се чита онака како што е напишано. Тоа е книга слободна за толкување,полна со симболика и остава луѓето самите да дојдат до својот пат ,преку својата сопствена верба во господ-па тој нека биде енергија,бог или било што...
Кога одиш во црква влегуваш во божјиот храм-ако ти не веруваш дека господ на било кој начин постои тогаш не влегувај во црква како верник и не пали свеќа или не се моли.Влези како обичен набљудувач разгледај ги иконите и излези.

Виртуала-дури и за еден атеист постот ти е безобразен.Јас сум верник па не те навредувам тебе што не си нели?Не викам дека ти си исплашен човек на кого му е страф од она што не го гледа и се концентрира на она што го гледа и што му е сигурно.
Само човек со голема самодоверба,човеќ што е полн со љубов може да верува и тоа е безрезервна верба-тоа е религијата.Што и да ти се случи ти пак да веруваш и да знаеш дека негде ја даваш целосно својата љубов и верба без да очекуваш ништо за возврат.Тука се разликуваме јас и ти -ти како атеист особено со вакво мислење очигледно е дека неможеш да сакаш и веруваш без да добиеш нешто за возврат-јас пак можам..
 
Eko1 напиша:
Ке ти реплицирам само на тие две болдирани работи.

Како прво, библијата да ја нарече човек глупа книга не знам до кој степен на психичка нарушеност треба да дојде за да даде таков коментар.... искрено ми е жал што такви свајќања имаш.... јас не можам да ти помогнам но Господ сигурно ќе ти помогне....

А ја имаш прочитано, оти јас ја имам,па ме интересира дали треба да изнесувам работи кои според мене се доста нелогични и глупи

јас сум верник на Исламот.... но сепак страшно ме изиритира овој твој коментар за библијата.... во иднина би те замолил вакви коментари во јавност да не даваш....:icon_mad:

Твојј проблем, иначе немам ништо ни против исламот, немој да ме сватиш погрешно, али пак....ај ќе се воздржам ;)


Како второ, извини но морам да кажам дека не се сложувам со тебе.... верување во нешто што никогаш не си го видел, осетил или допрел е особина на личност со јак, стабилен и пред се широкоумен карактер....:lud:

не е така
и
Јас сум бог на самиот себе
 
Ne sum ateist, golem vernik sum i cesto odam vo crkva, i ja pocituvam religijata. Veruvam vo gospod.
 
Вака сега ,за мене многу е важна вербата во опстанокот на сопствената култура а за тој опстанок најмногу придонесла македонската православна црква па така да верувам и идам во црква иако како што викаат порелигиозните грев било пошто не сум крстен.
Верувањето во господ според мене значи верување во себе ( да се разбереме самиот на се рачунам за господ. Башка од вербата во постоење на господ нема ништо лошо бидејќи нигде нема доказ дека господ навистина постои или не постои. За библијата и коранот можам де кажам дека кореспондираат со времето , сфаќањата и нивото на познавање и разбирање на природните појави во времето кога биле напишани, ама суштинската порака и на двете им е горе-долу иста и ден денес важи.
 
The`bItCh напиша:
Тоа што не верувам дека Господ постои, не значи дека не треба да одам во црква нели? Самото одење таму ме смирува.. душевно. Си ја почитувам мојата религија и традицијата ( пред се ) на мојот народ.
Сите имаме свое мислење за тоа што всушност е Господ.
Многу си конфузна...

Не веруваш дека Господ постои, а имаш мислење за тоа „што е Господ“?
Добро, што е Господ?

И, како може божјиот храм да те смирува душевно, ако воопшто не веруваш во Господ? Чудна си ми... Изгледа дека сепак веруваш во Господ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom