Дали Скопје треба да биде главен град на Р.Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да биде (и да остане) ГЛАВЕН и то ради 1) грчкине браќа не признаа како Скопја (и пази, НЕ Охрид, НЕ Битола, туку Скопје); 2) само у Скопје има скопјани...

ПОСБЕНО Ради тоа треба да се смени главниов град... Никој во Македонија не сака некој дане вика Скопја или Скопјани и слично... Доколку се менува компетентен за Скопје е само Битола за главен град другиве не се толку развиени...
 
Многу се филмате .. смешно е да се размислува а не па да се дискутира на оваа тема:pos2::pos2: .. освен Скопје ..другите тешко да се под категорија ГРАД ..повеќе "градчиња" им одговара :tapp:
 
Сите добри коментари се на првата страна.
Расподелба на моќ(парична/политичка), Индустрија, Образование ... треба и мора да има.

Како алтернативен главен град на Македонија може да се земе Битола. Ова го кажувам бидејки Крсте Петков Мисирков рекол така.

Ако пак не, најарно кога ќе имаме повеќе пари ќе си напраиме еден убав живописен град со убав парламент и ред други институции и ќе си го прогласиме за главен. :)

Сега за сега (и за етничката структура на МК) мислам дека најдобро е да биде Скопје, друга алтернатива нема, иаку треба малку да се децентрализира моќта.

п.с.
ТРЕБА СКОПЈЕ ДА СЕ ДОТЕРА!!! ВАКА МНОГУ НЕ СРАМИ.
 
п.с.
ТРЕБА СКОПЈЕ ДА СЕ ДОТЕРА!!! ВАКА МНОГУ НЕ СРАМИ.
А, си го дотеруваме ние Скопје...во зима пред новогодишните празници. Уште кога ќе падне снег да ги покрие прљавштините...петka :)
 
А, си го дотеруваме ние Скопје...во зима пред новогодишните празници. Уште кога ќе падне снег да ги покрие прљавштините...петka :)

Е во Гевгелија работите се обратно пропорцјонални. :)
Летото од тревата и од лисјата не се гледа ѓубрето а зиме сите пластични ќесиња на дрвјата се пременуваат во „новогодишен декор“. :)
ЛоЛ
 
Е во Гевгелија работите се обратно пропорцјонални. :)
Летото од тревата и од лисјата не се гледа ѓубрето а зиме сите пластични ќесиња на дрвјата се пременуваат во „новогодишен декор“. :)
ЛоЛ
Гевгелија за главен град, оу јеах :ojea: у ствари комбинација Скопје зиме, Гевгелија лете-постојано главниот град ќе ни е чист, башка со грците ќе сме ептен близу :pos2:
 
Јас мислам дека главен град на МК треба да е Пехчево и нема тука дилема :)..абе не е важен главниот град толку колку што им е важна на лугето толку споменуваната децентрализација....ама од неа ништо колку и од пвеводбата:pos2:
 
Јас мислам дека главен град на МК треба да е Пехчево и нема тука дилема :)..абе не е важен главниот град толку колку што им е важна на лугето толку споменуваната децентрализација....ама од неа ништо колку и од пвеводбата:pos2:

Си измешила поими. :smir:
 
Јас сум од Битола и мислам дека ни Ботола ни Скопје треба да бидат главни градови.
Давам предлог да се направи Административен центар нешто како тврдина, значи ќе живеат само претседател, премиер, министри... значи луѓе кои воглавно управууваат со државата, а можеби најдобро е и никој да не живее но сепак на тоа масто да бидат сместени институциите кои владеат со државата,
И секако да нема главен град бидејќи другите градови воопшто немаат добри услови за работа, инвестициите и се што носи пари е во скопје, а зошто не дојдат скопјани да поживеат во другите градови и да видат колку сме запоставени како да не сме дел од државата.Ова го чуствувам во Битола а другите градови каде се
Битола мислам дека е втор по големина град а нема доволно работа, а со тоа и убави услови за живот, т.е. можат да преживеат нормално само оние кој работат 24 сати. Ај да не претерувам, ама воопшто не ми се бендисва каква е состојбата.:kesa::toe:
 
Си измешила поими. :smir:
Не бе ти имаш измешано па цела власт е во скопје од неа зависат другите градови што како каде ке се гради пр за охрид од инфраструктура плажа театар култура за секоја ебена работа треба да чекаат дозвола од скопје . Пр театаров кај нас е под надлежност на министерство за култура и зато е пропаднат и да најдат охридскиве актери спонзори и средства се немокни бидејки театарот просто не е под нивно раководство.. ова е еден секојдневен пример но се разбира во сферата на бизнисот и профитот охридските и скопските бизнисменчиња ке си најдат заеднички начин како повторно да направат монопол единствено што го жалам е сиромашниот народ кој последно време некако ми е и те како отупен.
 
Зошто да не е Скопје?

-Најголем е
-Најубав
-Најмодернистички

Едноставно град со кој може да се представи Македонија во странство. :pipi:

Охрид ми е мене лично поубав, ама не сметам дека треба да е главен, некако повеќе ми е туристички :smir:
 
Зошто да не е Скопје?

-Најголем е
-Најубав
-Најмодернистички

Едноставно град со кој може да се представи Македонија во странство. :pipi:

Охрид ми е мене лично поубав, ама не сметам дека треба да е главен, некако повеќе ми е туристички :smir:

За најголем - Е
За најубав - ако се бира според убавина кој да биде главен град тогаш битола
Ако се бира според модернистички тогаш струмица

А За охрид немам коментар...охрид ја има убавината дадена од бог ( езеро,планина,шуми..) а кога станува збор за тоа народот што направил ..секоја година ги гледам истите с*рања на плажите, секоја година на охридско лето трава до коленици и уште многу работи кои не сакам да ги помислам.
 
Охрид ми е мене лично поубав, ама не сметам дека треба да е главен, некако повеќе ми е туристички :smir:
Охрид или било кој друг град, само ќе се натрупа и упропасти. Било кој од оние чисти и средени градови споменати погоре ќе се загадат, ќе се досели народ од цела Македонија, ќе се направи гужва...ќе се упропасти. Вака како што стои, Скопје е доста прљаво, пренатрупано, сообраќајот му е изгужван како кошула после перење...но со оглед на бројот на жители и дневни минувачи кои може да стигнат до 1/3 од Македонија а и повеќе...ќе истраеме :)
Инаку кога би била Битола, не би била повеќе Битола во оваа состојба, Струмица, Охрид...ликот набрзо ќе им се изгуби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom