Дали сакате конкуренција?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Прашањето ми е : Дали сакате кога имате конкуренција во одредено поле од животот? Не е битно дали се работи за факултет, љубов...

Дали ако имате конкуренција го гледате тоа како стимул да работите понапорно или кога имате конкуренција полесно се откажувате?

Дали најубаво би било кога никогаш би немале конкуренција и кога само ние би биле најдобри во тоа поле, кога не би имало никој за да ни парира или конкурира или сепак послатко е кога знаеш дека имаш конкуренција?
 
Конкуренцијата е многу добра работа..
Мотив за понапорно да се работи и да се вложи појше труд..
Пред се е потребна за да се успее.. Животот без конкуренција и тоа јака во сите полиња би бил СТРАШНО ДОСАДЕН и сите ние би биле тееешки слабаци!!!
 
Од економски аспект конкуренцијата е добра. Таа е потребна.
Мислам дека секој од нас би се согласил дека ако си постојано на врвот и нема никој да те предизвика тогаш со тек на време ја губиш смислата во тоа што го работиш,немаш со кога да се натпреваруваш.
Тоа е како да ме прашаш дали сакам да добијам натпревар службено? Одговорот би бил секако не.
Конкуренцијата е движечка сила која не тера постојано и постојано да одиме во нагорна линија,да се надградуваме и подобруваме. Таа мотивира.
Конкуренцијата е таа која го движи општеството.
 
Би сакала мала конкуренција за да ме мотивира за повеќе.
Но не на секое поле во животот да биди присутна и не постојано, зошто животот сам по себе е борба, а дополнителни борби за постојано докажување не се потребни.
Јас за некој работи си имам зацртано некоја цел, сум на пат да ја остварам, се борам за да стигнам до таму и не ми треба конкуренција за тоа, бидејќи едноставно доволно е тежок патот до целта.
Не сум тип кој лесно се откажува, би се докажувала постојано и би одела напред, но секогаш ситгнуваме до точка на животот кога секој би рекол „не можам повеќе“
Но сепак, животот би бил досаден ако нема конкуренција.. да можам да бирам, би одбрала на кое поле да имам конкуренција, а на кое не...
Не дека се плашам, туку поради тоа што набројав..
 
Сакам да имам конкуренција при шмекањето...Но немам барем сеа за сеа...Кога има конкуренција адреналинот и мотивот е поголем
:smir:
 
Обожавам конкуренција :pipi: Без конкуренција незнам дали некогаш ќе направам нешто најдобро што можам... Затоа што секогаш сакам да сум најдобра, во било што... Ако нема конкуренција, нема да бидам најдобра, затоа што нема со кој да се споредувам :) А и многу е поубаво чувството кога знаеш дека си најдобар со некоја јака конкуренција :)
 
Несакам, но треба и помага, се сложувам со BiG kIsS, да не пишувам исто... :smir::toe:
 
Не сакам конкуренција,преферирам да сум сама на врвот и да ги гледам од високо тие под мене:pipi:.Не ми претставува мотив за да работам понапорно,некогаш дури и ме уназадува,побрзо се откажувам и не ми е веќе интересно ако и некој друг успее да направи исто колку и јас и гледам да најдам ново поле во кое ќе сум прва.
 
Konkurencija da,megutoa lojalna.A ne nekoj od nigde nikade da go namestat ili da se namesti i da tvrdi deka e podobar od mene :smir:
 
Сакам предизвици, а нема поголем предизвик од натпревар. Тоа ми дава дополнителна мотивација за успех, а и дефинитивно чувството после тоа, секако при постигнат успех, е далеку поубаво отколку ако не постоела конкуренција. Всушност, животот е натпревар, постојано се наоѓаме во вакви ситуации, без разлика за која сфера станува збор. Дефинитивно конкуренцијата ми е стимул за подобро работење, а во никој случај не се откажувам, туку баш напротив.
Дали најубаво би било кога никогаш би немале конкуренција и кога само ние би биле најдобри во тоа поле, кога не би имало никој за да ни парира или конкурира или сепак послатко е кога знаеш дека имаш конкуренција?
Многу повеќе би се гордеела со својот успех и би го ценела повеќе ако знам дека е навистина заслужен и дека сум успеала да ја победам конкуренцијата, отколку ако знам дека тоа веќе е очекувано сам оод мене, односно ако не постои конкуренција. И да, многу е послатко чувството да знаеш дека си подобар од другите или најдобар, и истото го докажеш на ваков начин, отколку тој епитет да остане само на зборови!!!!!!!:smir:
 
Конкуренцијата те прави активен во животот. Во период кога имаш конкуренција во било која работа треба да се истакнеш со цел да докажеш дека си борец и можеш да успееш. Тоа и тебе ќе ти помогне затоа што ќе видеш дека си способен да успееш и ќе стекнеш добра самодоверба која е битна работа во животот.
 
Да дефинитивно мислам дека без конкуренција ништо не се прави.
 
Во принцип ја сакам конкуренцијата, затоа што доколу не би постоела никој од нас не би бил тоа што е денес (со почит кон одредени исклучоци), не би имале мотив можеби за да се бориме за да ги добиеме или постигнеме целите заради кои постоиме, нештата би ги гледале апатично без мотив за одење напред.
Затоа што кога сме на дното секогаш можеме да се искачиме нагоре, а кога сме на врвот каде треба да одиме?
Тешко некој може да се одржува долго да биде горе доколку не е опкружен со ,,пирани,, околу себе, затоа ништо не е за џабе, па и конкуренцијата е како она ,,добро во лошото,, што иако навидум можеби изгледа застрашувачки секогаш е она што ќе не направи посилни, поамбициозни и ќе ни го искристализира видокругот.

Не сме совршени , но ни конкуренцијата не ни е совршена, затоа има добра и лоша конкуренција, треба да се учиме од грешките на добрата и прогресите на лошата, не за да бидеме на врвот туку за да се одржиме во рамнотежата на овој свет каде што денес започнува и да се цени и она што е бесценето.
 
Мала конкуренција ми е стимул, мотив и потребна како предизвик да се борам и да се трудам повеќе.
Но, јака конкуренција има спротивен ефект на мене; обезхрабрувачки. Многу е веројатно дека ќе почнам песимистички да гледам на исходот и однапред да се откажам.
 
Нека има конкуренција, секогаш е поинтересно, а и те потикнува да дадеш се од себе за да ја исполниш задачата или обврската или било што:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom