Дали сакате конкуренција?

Сакам конкуренција и убаво е да има конкуренција, бидејќи ме турка да одам напред и да правам нешто повеќе од тоа што го правам.

Ако е подобра од тебе тогаш те поттикнува да се бориш и да ја престигнеш.
Ако е полоша од тебе тогаш имаш на кого да се огледаш каков би бил кога не би се трудел и баш поради тоа не би застанувал со тоа што го правиш.
Ако немаш никаква конкуренција тогаш немаш никаков компас и ориентација бидејќи си сам и не можеш да го извлечеш максимумот од себе.
 
Не ми делува мотивационо конкуренцијата. Дали нешто ќе направам или нема да направам, зависи од моменталниот ментален склоп, не од некој кој е условно подобар или полош од мене. :smir:
 
Без конкуренција немам стимул за работа,ми дава неопислива енергија да си ја извршам мојата задача најпрофесионално и најефикасно.Сакам да победувам,сакам да ги прегазам со моите резултати и често го правам тоа,но пак си ги сакам:)
Е во љубовта несакам конкуренција бидејќи си правам црни сценарија во кој ја давам конкурентката,плус мојата љубомора и опсесивност сами ќе ми ја уништат врската.
Конкуренција во сите полиња,освен љубовта,сам фудбал не се игра:wink:
 
Конкуренцијата ја сметам како дополнителен мотив и стимул за моите амбиции. Сакам во нешто да бидам најдобра, да се осеќам како победник. Кога ќе успеам во нешто многу би ми било подобро ако сум победила некој, отколку да сум немала конкуренција во тоа во кое сум успеала.
Конкуренција во сите полиња,освен љубовта,сам фудбал не се игра:wink:
И јас не сакам конкуренција во љубовта. До сега не сум имала, ама не сакам да се најдам во таква ситуација:nesum:. Баш конкуренцијата во љубовта ќе има обратен ефект на мене, нема воопшто да ми биде мотивација.
 
Сакам конкуренција и таа да биди посилна од мене(достоен противник),затоа што колку потешко ја совладам толку е поголемо задоволството од добро завршената работа.
 
Да здрава конкуренција е одлична работа...одлично е за стимул и те тера да станеш подобар во тоа што го правиш нели
 
Конкуренција? Што беше тоа???

Зе шегувам... Од секогаш сум сакал да бидам во средина каде има луѓе што се добри во тоа што го прават, од единствена причина што можеме многу да научиме едни од други. Но никогаш не сум гледал некој како конкуренција. Се што правам, правам за да бидам подобар од мене самиот, не од другите.
 
без конкуренција не е интересно... секогаш те тера да се надминуваш себе си...
ако немаше конкуренција ке беше исто и досадно...:toe:
ама некогаш можи да те заеби конкуренцијата:pos2:
 
Ја обожавам јака конкуренција, предизвик, личност еднаква на мене, штета што никогаш немам :pipi:
 
Зависи може конкуренција во сите полиња од животот ама само не сакам конкуренција во љубовта.
 
конкуренцијата е еден предизвик кој ти дава мотив да работиш понапорно за да бидеш пред него/неа, ако тој/таа те престигнат работиш уште понапорно за да си пак пред нив, имаш повеќе концентрација, подобро ги согледуваш работите....
 
Мене одлично ми делува конкуренција на професионално поле. Секогаш сум имал конкуренција. И во основно и во средно и секогаш ме терала на повеќе и повеќе. Сега на факс, некако слабо ми делува, незнам што и стана. Ама порано човече имав како потреба да бидам најдобар.
 
Normalno deka konkurencijata e stimul i predizvik za bilo koj...sakam koga imam konkurencija vo bilo koe pole...rabota,fakultet,ljubov...ne treba da ne plasi nikogas,naprotiv samo treba motiv da ni e, da bideme podobri vo toa sto go praivime ili za koe sto se "borime":toe:
 
Конкуренцијата секогаш е добредојдена, така можеме да видиме дали напредуваме на определено поле, или пак има и поумешни од нас. Всушност, демократијата стигна пред 19 години, со неа ни дојде и конкуренцијата. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom