Дали правдата е "око за око"?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Jas ne sum zlopamtilo i mnogu tesko moze nekoj da me iznervira taka da ne reagiram mnogu vo takvi situacii,se trudam da zaboram sto e mozno pobrzo...megutoa ako nekoj me povredi dlaboko mene ili moite najbliski togas sigurno vi se trudela da go ostvaram ona "oko za oko"
Vo sekoj slucaj neznam,nikomu do sea ne sum vratila za nesto ako me navredil ili (malku)povredil,a koa ke se najdam vo nekoj poozbilna situacija ke ve izvestam
 
epa naznam spored mene taka e.jas ne dozvoluvam nekoj koj stvarno me navedil da pomini onaka kako nisto da ne bilo.......nema sansi koga i da e ke mu vratam
 
Често се користи оваа поговорка во македонскиот јазик.
"Око за око, Заб за заб" во најпроста смисла би значело враќање.
"Ако ми згрешиш, ке ти згрешам" поточно кажано.

Лично јас не го користам тој принцип..ако некој ми згрешил кога тогаш тоа ке му се одбие од глава..без мој учинок.

Ме интересира што вие мислите?
Дали би требало "за секоја ачка да има врачка"?
 
ова е наголемата глупост на светот
само прости луѓе се држат кон овој принцип
мислам дека е од исламот односно од куранот.
 
ова е наголемата глупост на светот
само прости луѓе се држат кон овој принцип
мислам дека е од исламот односно од куранот.

Од многу, многу, многу поодамна е.

А сега општо...
Како и да е, одмаздата е признавање на пораз.
Со тоа што некому му коваш одмазда ти викаш "Ок,ме заеба ама јас не останувам на ова и морам да го имам последниот збор" а накратко се што правиш е мавтање со лузните пред лицето на тој што ти ги нанел.
Освен тоа, кога ти ќе ја добиеш својата одмазда, многу е логично и оној кој нападнал прв да бара своја лична одмазда, бидејќи во неговиот мозок, ти не си во право а тој е, и во име на правдата тој ќе врати на одмаздата со одмазда.
Но, што кога секој на одмазда ќе врати со одмазда, и кога ти на тоа во име на твојата правда ќе вратиш со одмазда, зарем тогаш не создаваме еден бескраен круг на одмазда?

Знам дека звучи нелогично, и дека самата фраза "минал неказнето" боли кога се работи за некој кој толку многу ве повредил, но дали навистина е подобро да влезете во кругот или е можеби подобро да баталиш и да оставиш раните да залечат, а изворот на болката тотално да го избришеш од твојот живот.
 
А нема да биде уште поболно ако се правиш на 3 ипол додека некој се обидува да те испровоцира? Секој што се обидува да те повреди сака да се почувствува супериорно, барем за момент. Што ако не му го дозволиш тоа чувство? Кој ќе треба да се одмаздува?

Онтопик: Сметам дека „око за око, паста за заби“ е еден од најглупавите и најзатапените одмаздољубиви принципи. И не знам зошто ама
ако некој ми згрешил кога тогаш тоа ке му се одбие од глава..без мој учинок.
ова ме потсетува на Карма.
Јас не се обидувам никогаш никому да се одмаздам ама баш за ништо. Сметам дека со одмазда не се постигнува ништо. Ако те повредиле и се одмаздиш, пак ќе си останеш повреден.
 
А нема да биде уште поболно ако се правиш на 3 ипол додека некој се обидува да те испровоцира? Секој што се обидува да те повреди сака да се почувствува супериорно, барем за момент. Што ако не му го дозволиш тоа чувство? Кој ќе треба да се одмаздува?

Брат, ако некој се обидува да те испровоцира, најверојатно сака да започне кавга.
Ако се обидува да започне кавга најверојатно сака да победи во неа.
Ако се обидува да победи, значи дека сака да докаже нешто.
Ако сака да докаже нешто, значи дека не е сигурен во нешто.
А работа во која повеќемина кавгаџии се несигурни е сексуалната ориентација, големината на половиот орган, интелектуалната надмоќ, потентноста, влијателноста и слично.
Накратко кажано не вреди времето кое можеш да го потрошиш со хот типка да го посветиш на потиштен исфрустриран токмак.
 
ова ме потсеќа на фројд :)
 
ова ме потсеќа на фројд :)

Не друже, у право си е Смекси:) Ако некој кој сака да ти наштети тотално го изигнорираш, ќе го заебеш до даска. Патем сите што сакаат да ти наштетат не се доволно сигурни во себе, па им треба нешто за да се почувствуваат над некого.
 
Незнам дали окото и забот како поим имаат некое значење негативно,не сум сигурен како ги сваќам само не сваќам зошто уште од "многу,многу одамна" луѓето овој израз го сваќаат во негативна смисла?дали еден ден кога луѓето сватиле дека некој ти направил лошо,и болката може да се ублажи со одмазда,едностано изразот го добил тоа толкување?целата приказна може еден ден да се сврти во позитивна смисла.Може јас да бидам тој што од денес светот ќе го носи кон подобро :) Овој ми направил добро,со добро да му вратам? е сега не сме можеле сите да бидеме хипици па некој ќе биде паметен и во зоната на самракот..ќе смисли поговорка за одмазда. Океј, ќе извлечеме поука од окото и забот за тоа како не треба да се постапи зошто сите сме доволно свесни дека ништо не постигнуваме со одмаздољубивоста.Тогаш зошто постои целата приказна за ако ми згрешиш ќе ти згрешам?
 
Нема јас што да му/и враќам,кој те заебал тебе ќе биде заебан од некој друг.
 
Јас моментално ако ми згрешиш ќе ми дој да ти ја манам една и ќе те удрам.Али по 1 саат кога ќе се смирам поинаку гледам на работите.
 
ОКО ЗА ОКО, ЗА ЗАБ ЦЕЛА ВИЛИЦА :)
...на млади години бев со ваков став....но како поминува животот полека сваќата и учите да ги избегнувате маѓепсаните кругови

.....едно старче од Индија има кажано...
An eye for an eye makes the whole world blind
...или по наше...око за око и целиот свет слеп

....понекогаш е потребно да се спротиставиме...но мора да внимаваме да не влеземе во маѓепсан круг од кој нема излез
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom