Дали постои семоќност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nuke
  • Време на започнување Време на започнување
Наутибајнечр, види вака.. ако се дискутира на темата во нелогичен свет тогаш се е точно и се не е точно- тогаш нема за што да се дискутира! Па дури и во нелогичен свет не би постоело семоќност- бидејки логиката е онаа која носи заклучок - ако нема логика нема заклучоци, ако нема заклучок нема што да ја дефинира семоќноста, ако неможе да се дефинира тогаш не постои....... Што всушност е семоќност во нелогичен свет? :)

Исто така, никогаш не напоменав дека проблемот лежи во нелогичен свет...
п.с. знаеш и самиот дека ова не е одговор што го даде така да размисли посилно и кажи за логичниот свет ;)

Никаде не спомнав дека дискусијата ја водиме во нелогичен свет. Напротив, дискусијата подлежи на логика и ја водиме според логички закони. Но, било кој логички заклучок нема директно влијание, ниту значење за објективното постоење на семоќниот. Значи, ние можеме да дојдеме до парадокс, но и покрај тоа семоќниот да постои, затоа што тој е надвор од логиката, а со тоа и од заклучоците на истата. Naw mean?
Семоќниот ќе може да ја победи логиката, тоа значи дека ќе може и да го подигне каменот што не може да го подигне. Парадоксот се јавува само во логичен свет, во нелогичен, го нема.
Нема ништо нелогично во мојот одговор.

Пс. Мислам дека е глупаво на очигледен парадокс да очекуваш одговор кој ќе се движи во рамките на логичен свет, а ќе биде различен од "не постои". Во тој случај, околу што би се водела дискусија? :smir:
 
Решеније, тој е семоќен и во логичен свет, бидејки е до толку семоќен што самиот може да си ја одземе семоќноста :) но мислам дека напоменав истото не важи и за безмртноста хехе..
p.s. тргнувам на пат кон Скопје па се читаме покасно ^^
 
Единствен начин на кој би ја разбрал и оправдал семоќноста е ако станува збор за имобилизирана сила.
Сила која може да создаде , да промени и да уништи се , но неможе да го стори тоа кога сака и како што сака.
Нешто слично како што Џордано Бруно велеше за монадите и најсовршената монада ја нарече Бог , монада која знае се и умее се и може да создаде се и уништи се но е сепак зависна од влијанието на другите монади .
 
Решеније, тој е семоќен и во логичен свет, бидејки е до толку семоќен што самиот може да си ја одземе семоќноста :) но мислам дека напоменав истото не важи и за безмртноста хехе..
p.s. тргнувам на пат кон Скопје па се читаме покасно ^^
А сега кога прочитав што имам напишано сватив дека сум и со ова малку грешка... значи и после ова бог не е семоќен бидејки сепак тој немозе да создаде таков камен а да остане семоќен :P..
Ова нема шанси да помине

Крајно решеније- НЕ ПОСТОИ СЕМОЌНОСТ крај точка запирка...
 
Може да видам како мислиш дека теоретски е можно?
Грешно се изразив. Не мислев теоретски онака по дефиниција за теорема,пошто треба и да се докажи на крај :) Мислев некако на папир,напишано...е арно ама неостварливо во пракса.

E сега тука одма една излитена фраза има: Ако е некој семоќен,дали може да направи камен што не може да го крене !? :)
 
А сега кога прочитав што имам напишано сватив дека сум и со ова малку грешка... значи и после ова бог не е семоќен бидејки сепак тој немозе да создаде таков камен а да остане семоќен :P..
Ова нема шанси да помине

Крајно решеније- НЕ ПОСТОИ СЕМОЌНОСТ крај точка запирка...
Не во границите на логиката, ама надвор од неа... :)
 
Семоќност е глуп збор произлегува од егото затоа што го содржи зборот моќ.
Не е лошо да се користи место него семожност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom