Дали поддржувате доење во јавност?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали поддржувате доење во јавност?

  • Вкупно гласачи
    185
Оу па ај у кафич на кеј на кафе на по една цигара... За бебе збориме кое е многу ровко и подложно на болести.
:oftopik: : Попрво со бебе би седнал него со дете што го разбира јазикот, баш за да набие имунитет. Не е нечуено во некои земји да го шетнат низ метрото на еднаш, двапати, ова баш мајка ми кажуваше докторка е. Јас незнам веќе колку време практикувам до последен момент да не зедам ни едно апче за глава, камоли антибиотик. Температурата ја потам во првиот саат, одма на тренинг одам. Како млад и треба да боледуваш и да го ебаваш телото, за да како постар да е поспремно. Утре ако имаш деца од негде треба да им бидат антителата. Цел свет се навикна на западњачка медицина па ќе умираат од стомачни вируси, ем они во балон живеат ем вирусот мутиран од прекумерно густото население и неприродното лечење. Се има граница, не сакаме да ја поминеме онаа каде неможе ни дете на свет да дојде без 300 вакцини во газот.

Топик : Нека дојат, само не кај им текне, ќебенце и убаво би дошол некој определен простор. Нечија згаденост не е причина за забрана.
 
А зошто мора да биде доењето во некој локал? Може да е на клупа во парк, нели?
Може да зошто да не циганите највеќе го практикуваат и не изгледа убаво.
Искрено жена ми да ја видам вака да го малтретира би и го набутал ќебенцето што го покрива.....
 
Оу па ај у кафич на кеј на кафе на по една цигара... За бебе збориме кое е многу ровко и подложно на болести.

Ти реков, делум се слагам. Ама да се држи дома бебето дур не порасне малце е погрешен чекор, медицински гледано. Прашај некој доктор, ќе видиш.

И да, цигарите. Искрено, да е до мене, би опнал закон да луѓево прво откажат зависност од алкохол и цигари пред да одлучат да растат дете. Тие отрови не се здрава средина за дете од било која возраст. Работата друже, е што мајката не пуши само кога е излезена на кафе во кафичите кај кеј. Ако пуши, 99% веројатноста е дека пуши и дома. Во затворен простор, што ја влошува ситуацијата уште повеќе.
 
Да, жените имаат право и слобода и не треба да се ограничуваат и забрануваат. Мене зјaпaњетo пo туѓи мaси/клупи, дoдекa сум вo кaфич, кафана или парк ми е некултурнo. Во цивилизирани општества секој си ја гледа својата работа и никој не те гледа како да е светско чудо.

На некои и е непријатно и недолично доењето во јавност. ОК ама погледните колку женски што не се мајки се облекуваат попровокативно и повеќе и се голи градите од мајките што дојат во јавност. :D

Е сега во кафич/кафана ако го носат бебето треба да си го планираат времето. Затоа што на бебето му треба мирно место.
Ние со малите сме шетале само кога биле наспани, преоблечени, најадени. Биравме локации кои и одговараат на нив, а не во преполн кафич. Ако се надвор повеќе од 3 часа и они почнуваат да се чувстуваат изморено.

Од 6200 испитаници, 75% одговориле негативно. Има и мажишта што коментираат
"Ајде и ти како циганките"
"Aко во кафана, жената може да ја извади, можам ли и јас да го извадам?"

Уште живеат во 20 век и немаат излезено подалеку од балканот.
 
Гласав со незнам, од проста причина што и го поддржувам и не го поддржувам доењето во јавност.

Еве да речеме зошто го поддржувам. Го поддржувам затоа што бебето не бира место и време кога да заплаче и кога да му се пријаде. Па ако бебето почне да и плаче на мајката додека го шета надвор/седи во кафич или кафана, нормално е да го надои. Нема да го дрма, да го бутка, да го заспива за да ја запре неговата потреба.

Е сега зошто не го поддржувам. Не го поддржувам затоа што и покрај тоа што е 21 век, сепак тоа е малку незгодно. Еве да речеме мајката го дои детето на некоја клупа во парк, па ај нема многу луѓе, па нека го дои. Но она седната во кафич или кафана и сега ја извади цицката/градата пред сите за да го дои детето, кај е непристојно, па е и непријатно за другите луѓе околу неа. Затоа кога со бебето излегува надвор во јавноста, треба да си носи нешто како чаршавче или ќебенце за да се покрие додека го дои детето.
 
Да, како што пишаа и предходно, тоа е потреба на бебето, а не е желба на мајката да си ја вади цицката во јавност... само мајките нека земат специјално ќебе за доење дека секакви манијаци постојат во државава ( и јас сум манијак :icon_mrgr: )

"Aко во кафана, жената може да ја извади, можам ли и јас да го извадам?"

Ова ти е класична сељачана, прост неизживеан народ, луѓе без грам мозок во тоа главата. Замисли на некоја мајка со дете така да и преречиш... :coffee:
 
:oftopik: : Попрво со бебе би седнал него со дете што го разбира јазикот, баш за да набие имунитет. Не е нечуено во некои земји да го шетнат низ метрото на еднаш, двапати, ова баш мајка ми кажуваше докторка е. Јас незнам веќе колку време практикувам до последен момент да не зедам ни едно апче за глава, камоли антибиотик. Температурата ја потам во првиот саат, одма на тренинг одам. Како млад и треба да боледуваш и да го ебаваш телото, за да како постар да е поспремно. Утре ако имаш деца од негде треба да им бидат антителата. Цел свет се навикна на западњачка медицина па ќе умираат од стомачни вируси, ем они во балон живеат ем вирусот мутиран од прекумерно густото население и неприродното лечење. Се има граница, не сакаме да ја поминеме онаа каде неможе ни дете на свет да дојде без 300 вакцини во газот.

Топик : Нека дојат, само не кај им текне, ќебенце и убаво би дошол некој определен простор. Нечија згаденост не е причина за забрана.
И јас ќе се надоврзам на оф топиков.
Познавам семејство со две деца, на отприлика 8-12 години. Немаат повеќе.
Нон стоп слушав како децава се разболуваат на секое. Секакви вируси фаќаат и стигнуваат до болницата. И двеве деца. Баш ми беше чудно што толку нив ги напаѓа сешто, човек и да не верува ќе помисли дека некој магија им направил. Толку чудно ми беше. Стално по болниците беа. Едново ќе се разболи, ќе оздраве другото ќе го фати, трчи пак по болниците.
Се додека еднаш не дојдоа кај мене на гости фамилијарно. Летно време, имав ладна Кока Кола во фрижидер и плус имав купено негазиран за секој случај ко некој не пие газирано. Дојдоа луѓево и ги прашувам кој што ќе пие, кога мајкава ми вика, имаш ли сок за нив да не е ладен и да не е газиран? Јас и викам имам негазиран ама и тој го ставив да се лади. Одма ми проработи сијаличката дека она уствари толку ги тимари што на таа возраст, не се веќе бебиња, не им дава среде лето ладно да се напијат.
Затоа и децата се толку болежливи и подложни на вируси.
 
Стварно не гледам причина зошто да не, правило е доколку се работи за новороденче да се нема срам. Ако му се цица, нека цица.[DOUBLEPOST=1444657521][/DOUBLEPOST]Е добро бе а овие што јадат хамбургер во јавност и им паѓа кромид од устата поарно да не е. :D
 
Гласав со "Не" али еве че кажам дека имам различен став во зависност од ситуацијата, т.е. во оправдани и неоправдани околности... вака по мое наречени.

Оправдани- При подолго патување, рецимо во воз или автобус, зато шо патувањето трае подолго време и неизбежно е јавото доење од страна на мајката, али сепак то да биди на посоодветен начин! Или па во некој сличен пример на овај.

Неоправдани (пример) - Се издотерала и го понела бебето на кафе со пријателките и го дое баш во тој пола саат/саат време. Крајно неприфатливо за мене. Зошто?
Зато шо секоја мајка можи горе-долу да си го предвиди доењето на своето бебе (велам горе-долу), апсолутно дека не можиш да ја очекуваш потребата за млеко од бебето во точни интервали, али отприлика...
И во тоа време по мене најдобро е да биди во домашни услови, ради непредвидливи и несакани ситуации во тек на доење, нели... се бива (плачки, засркнувања, поврајчања и сл.). а не ради моја конзервативност

Иначе вака не ми текнува дека сум бил сведок на јавно доење, али доколку се затечам... нормално дека нема да зјапам и покажувам со прст фала Богу, не сум ропак и се сметам за доволно цивилизиран и културен.
 
Гласав не пошто се осеќам неудобно коа ќе приметам дека тоа се дешава. Јебига.
 
Секоја ѝ чест на мадрето шо оди со бебето у кафана :pos:
 
Гласав не пошто се осеќам неудобно коа ќе приметам дека тоа се дешава. Јебига.
Хаха, а рики брату кога ќе ја видиш на девојкати циц... Тогаш неугодно тие? :D

Што знам според мене нема што да има тука незгодно сепак тоа е сосема природна работа...
 
Хаха, а рики брату кога ќе ја видиш на девојкати циц... Тогаш неугодно тие? :D

Што знам според мене нема што да има тука незгодно сепак тоа е сосема природна работа...
Брат види ја не викам дека е неприродно или гадно, ама едноставно се осеќам неудобно. Има многу работи што се природни и секој ги прави, ама коа се прават у јавност некако не идат. Можам да направам добра споредба сега со нешто друго што е природно и секој го прави во приватни услови (по дома) наместо надвор, ама ќе бидам погрешно сфатен, цитиран од повеќе луѓе, ќе ми ги извртат зборовите и ќе се напнам :D
 
Хаха, ај претпоставувам што е и верувам дека тоа е... :D ај боље не.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom